Шише со цуцла не фаќа за жива глава… а вода јас имам филтер и е таа од чешма само прочистена.. топла ладна исто му е него, со клунче, со чашка за ракоја, со шише купечко ко цуце… ќе се голтне еднаш 5пати ќе плукне.. борби за вода уште со цевка ми останува да пробам
Веќе пишав погоре. Земи ја таа со цевка на авент. Има и помали со рачки и поголеми 12+. Мојот се шекна по неа, кога лази нон стоп со себе си ја носи и сам си пие
Ех да можам видео да ви убацам да го видите мојов Џони Вокер на 8ипол месеци како тргна сам... Нормално дека падна, ама од кај му е оваа бестрашнотија не знам, од ништо нема страв. Со овој ќе киснеме на ургентен осеќам. Креветчето го владее, од еден до друг крај шибаме, гајле немаме, а вака на гарнитура прв пат се пушти скроз, раце тргна. Ни па се плаши ако се задави од храна, одма враќа, џвака и голта. Јас душа немам во мене, он гајле нема.
Мојот 10++, еве уште мака мачам да пропие дете вода.Што се не пробав.Кога беше најтопло давав со лажица,морав, од страв да не дехидрира.Инаку моментално користам од Роса има едни мали шишенца со вода и од нив пие кога сака.Едвај по 100мл.пие а некогаш и помалку. Јас нудам постојано со надеж дека ќе почне да пие.
Ако немаш тт на 6-8 саати, а за главоболка парацетамол, бруфен или кетонал (ако е голема болка пошо јакичкот е кетоналот)
Мајки, давајте листа што се дава во 7ми за 8ми месец Еве што најдов на нет https://babyshop.mk/ishrana-za-bebe-sedum-meseci/ Да почнам со месо?
Мајки ве молам за искуство ако има некоја. Имам близначиња 10 месеци, почнаа да лазат да седнуваат и да се исправаат. Е сега на едното бебе на коленце, на лакт му се појавуваат мали ептен модринки. Прво имаше на коленцето си реков ај се удрил некаде и ништо, после некое време му се појави на рачето на лактот. Го носев на педијатар, го виде, нема оток нема ништо, рече дека сега во оваа фаза се удараат ваму таму и од тоа дека е. Проверивме крв, испадна супер се. Онака добар е, супер напредува, си игра, си јаде убаво, си пие млеко. Некоја со слично искуство, од што може да се модринките, не се големи, ама ете како да се нервирам и да ми е во мисла..
Мајки дајте совет како да успиеме бебе 10+++ во скок, што вреска на секое заспивање. Со нишкање заспива, обично ќе не гушне, песничка и за брзо заспиваше, ама сега никако не сака ни така ни на кревет заедно ни ништо. Се тегне скока бега, а преморена е, стварно не знам како да и помогнеме.
Сакав истото да го прашам, бебе 10++, заспивањето ми е кошмар, ми се плаче веќе незнам што да правам.Плус едно нервозно што стана па тоа цркање, пискање..Денес бевме излезени и за 15 мин се вративме. Јас незнам што се случува дали е скок, дали се заби, 5 извади одеднаш, или дете почна веќе да си го покажува карактерот.
Доаѓа нели сезона на вируси,што чувате дома од страна на лекови? Скоро 8 месеци бебе, веќе поминавме вирус, само со краткотрајно Парацетамол за температурата, немаше потреба од друго. Меѓутоа, освен Парацетамол, и нели витамините што редовно ги пие Д3 и Babythol, друго ништо немам по дома.
Исти сме, да се надеваме дека ке им помине и ова... а со јадењето како сте? Моево и слабо јаде овие денови. Забче не гледам на повидок а ми личи како и тоа да ја мачи горе кецовите уште ги нема, ама штом и ноќе со плачки се буди може ќе излезе некое, не знам веќе.
Слабо многу, се нервирам веќе..дури и тоа што си ручкаше со сласт почна да го одбива. Во кисело млеко и јогурт се давеше, секој ден да можеше ќе јаде, сега и тоа несака.По 5, 6 лажици и толку. Шмукалките исто ви сакаше, срга една шмукалка на 3, 4 пати ја пие . Очајна сум, и само се тешам дека е период.
Период е, и уште мн такви периоди ќе си имаат мајка. Ќе си се врати на старо не му се секирај, ќе се подсмири за некој ден, гледај да си ја тераш рутината иако плаче бебето, штом приметиш знаци на поспаност одма почнувај рутина на спиење, без разлика колку ќе нагодува или плаче, ќе помине и тоа, се ќе помине да не му се секираш.
Плачење во сон ноќе/дење, посебно ноќе пишти дете по 3-4 пати се буди со вриштење, тешко се смирува, неќе ни млеко, го шетам, џабе е се, додека не се премори па да заспие, дали се заби во прашање? Веќе трет дем е вака Лиги и се во уста имаме одамна... Нема температура, не е во скок.. Немам идеја што може да е друго, големава ми извади прво запче на годинка, ич немавме мака.. Едит: и ушите си ги тегне, а вака на допир не реагира да го боли
Забче е мислам. Кај нас имаше неколку такви денови со врескање се додека не пробија првото забче. Сега е многу смирен. Мачкај гел, давај гранули. Некогаш јас давав и блокмакс навечер кога многу плачеше, помагаше тоа.