Нормално ли е да се исправува цврсто бебе од седум и пол месеци Уште па стоои потпрана н креветот мака нема Да земеш да ја паткаш трча се смее
Исто ќе прашував. За лазење абер нема ама за стоење може по цел ден. Не е стабилна во секој случај ама премала ми личи мене за така. Неполни 8 месеци е.
Јас земав на ФризиДерм гелче, ама многу се гади и знае и да поврати.. Некоја препорака за друго гелче од кое сте задоволни или гранули? И дали ги има гранулите кај нас веќе?
На познаничка не и лазеше бебчето, директно вака на нозе ко што кажувате, стоеше, се исправаше, на 9 месеци прооде, моментално неполни 10 има, лета бебе, преслатка е, дека многу малечка а оди гајле нема Зачудена бев инаку ко ја видов, немав видено толку малецко да оди
Од дентинокс сум задоволна, моментален ефект бар кај нас има, го смирува некое време. А од фриздерм воопшто, како со ништо да не го мачкам. Дентинокс е појак, фрезидерм е скроз на природна база, не содржи ни алкохол.
Не би знаела да ти кажам, во странство сум јас. Оса гел и осанит гранули давам. Ако имаш некој да ти прати
Мислам од 7 беше млечното.. поправете ме ако грешам оти се сум заборавила Јас давав урда и к млеко, јогурт, сирење домашно несолено што ми прави баба ми од 7 месеци а накај 8ми месец дадов и моцарела и онакво меко сиренце, на Salakis да речам, понесолени ми делуваа
На другарка исто прооде на 9 месеци. Ама многу беше нестабилно докај година ипол, се маеше целиот и постојано на глава пагаше. Иако се пуштаат не се баш спремни тогаш, затоа најдобро е да ги помине сите фази по ред
Мајки од запчиња малите по колку денови ви качуваат температура? Можно ли е 4 ден од запчињата да е? До 38 најмногу качува ама сепак..
еве сме... од 7м стои исправено, 8ипол има шета по кревети, крева нозе на наслонот од креветот се качува, ниска ми е гарнитурата од Фејдом... некни се пушти сам да стои, не се држи, стои. Го чекам кај и да е да прооди, веќе и цврсто стои, не е нестабилен. Лази шиба, на меко потскокнува ко некоја бубачка лета, многу е смешен, на кревет, на земја супер лази ама а види шанса станува на нозе. и не бара да не види како ќе изреагираме да ни се насмее од уво до уво. Жени мајки, како ќе го оставам ова дома со мајка ми... 2 саата отидов да исперам теписи, 2 саата се дереше. Кога дојдов ме гушна и не ме пушта, ме гушка и ме гледа како мислиш не ме видел цела година. Заспивање строго со дерење, на цицка, јадење со полиција. Што ќе се прави вака де кажете...
Круша пресреќна(нормално дека мислев презрела, али мозокот шашма ми е па се разбираме), слива мека, праска мека, банана мека, авокадо и маслиново во јадењето. Избегавај цврсти овошја и храна.