Фала ви мајчиња мили. Анџел, не да сум шашма, мислам дека сиве мајки комплет сме такви. Ајде ќе има побистри денови.
Мајки, алмацин сируп дали имате давано? Беба настина грло црвено Др ми препиша антибиотиков ама прв пат ќе давам. Ептен ми е страв од алергиска реакција.
Како да познаам скршен нос кај бебе недај боже? Се удри од маса на носот точно во делот помеѓу очите. Малку му е модро и има како линиичка гребнатинка. Што друго може да биде освен скршеница? На што да внимавам? Да носам на педијатар?
Мајки синко (10 месеци) е црвен во образите цел ден. Му мерев и температура има 37 и е плачлив,нерасположен. Што може да е? Ќе почекам до утре па ако треба и ќе го носам на доктор.
Кога го притискам на местото само ми ја трга раката не плаче. Претпоставувам нема напукано нешто. Оф ми почнаа маките
Може го заболува, сепак удар е ама ако не плаче јас мислам дека е добро. Нека каже некој поискусен со ваков удар, сепак ќерка ми доста често се треска со глава ама ништо посериозно нема испаднато до сега, за среќа.
Не плаче, само одбива да спие и јаде. Едвај го успав и спиеше само пола саат. Друго ништо нема поразлично, на базент е се бања се смее, не е кенкав. Фала ти многу се молам да е без последици и ова паѓање
Скок ли е, последица од заби вадење, веќе не знам што. Ама ако е скок и ако потрае, кај се зема упат за Бардовци? Ако седи, оти седи. Ако е во раце оти во раце. Заспивањето трае и трае, уште на глава што не стоиме за да се успие. Брзинско е само ако се шетаме и заспие во кола или количка. Плачење, незадоволство,ноќно спиење на рати. Толку многу ни како новороденче не се будеше како сега. Е апетит има за машала. И каши јаде, и млеко пие. Со вечерата е малку скарана ама не е страшно. Со друго надокнадува.
Ај и тука мајки ќе ве прашам. Колку ви траеше првата менструација после пораѓај? Добив на втори септември и уште ми трае нема абер да запре, не е обилно. Прв пат после 7 месеци добивам.
Ова лајкував за поддршка. Исти сме, иако моиве се помали малку од вас мислам. Најверојатно се заби, ама ако вака ги вадат сите, ни во Бардовци нема да ме примат мене. Едното извади два, таман мислев готово, ете ги и двете двојки ѕирнаа, буквално полудува, ништо не и се погодува, а апетитот шо викаш лудница, кога ќе го грабне шишето, ко 2 месеци да сум ја изгладнувала личи. Не сака да седи, ни да лежи, ни да си игра, само кубе коса и ми липта во раце. Другово сега изгледа пробиваат, сам не седи ни минута, се успиваме со саати, па спие 15 минути и пак јово наново. Ако има напади на плачење, онака наеднаш и силно, неутешно, заби се сигурно.
Немојте, повторувам НЕМОЈТЕ да сте помислиле да идете на одмор со бебе во 6ти скок! Ниеден не беше страшен како овој. Само чекам да не избркаат од сместување. Рикање, урлање, ни раце, ни кенгур, ни количка. 6 часа беше буден за да се премори и да заспие со рикање на дремка. Не знам ноќва што не чека ама може и на плажа ќе ја поминеме. Ау!!!! Ќе го памтам одморов!
Пред 2-3 дена дојдени гости и и давам јас шише со млеко, зголемена доза од претходно. Го пие цело и уште трга на цуцлата како да нема видено јадење. Ми викаат гостите зошто детето на рестрикции го држите, прегладно е?! Моево е за машала, ни гладно, ни слабо.
Каде сте? Среќно! Ние бевме само 3 дена на одмор, со дете 3 години и бебе 7 месеци. Фала на Бога добро поминавме, нит вирус нит пролив нит повраќање. Фала ти Господи! Е инаку, бебе припискуваше, ама му пуштав на телефон песнички кога нѝ требаше да е мирен. Мајка немајка, не се трпеше на моменти, мораше некој адут да искористам. Леле дечкии, ваков момент со какање не сум видела никогаш. Кутро мое бебе се премачи. Имаше тврда кака, кога му дојде момент да го искака, почна да стега силно, да плаче се вцрви, мајка ми го зеде да го свитка малку нанапред а јас му го раширив газето и полека почна да излегува. Претешко. Пребледе од напон. Пред тоа со мала пумпа му прснав масло и тоа го предизвика. Но, многу мачно за него, и болно. Другпат не чекам многу дена, а сега и пауза од храна. Ете заборавив денес пробиотик да му давам. Може нели?
Здраво има ли носено некој бебе на имунолог? Ако може да ми препорачате добар имунолог искрено незнам кај да го носам матичната ни даде упат за детска клиника ама ми рече знак прашалник е дали ќе завршите таму нема термини приоритетен ми даде.. Без разлика дали е приватно само да е добар имунолог,фала ви однапред.
Тие што имате преосетливи бебиња, како се навикнаа во градинка? Под осетливи мислам плачење за јадење, прњсоблњкување, ако му кажеш не за нешто, ако го оставиш во креветчето за да одиш до тоалет итн.. исто многу се вознемирува кога плаче друго бебе
Мојот вака кака секој ден. Смачено ми е веќе да го гледам таков, душа ми се кине. Уште што не пробав од исхрана, со ништо не омекнува столица. Педијатарот ме убедува да не давам прашоци и чепчиња само ќе се средило, е половина година се средува веќе. Жалче е, душа, од страв се стиска и полошо правиме. Сега зедов аптамил комфорт, последна надеж ми е дека со него ќе се среди. Ако најдеш некој лек кажувам, од овес суви сливи палента спанаќ ленено семе маслиново масло амарант тоа се давам секојдневно, вртам во круг со храната. Смачено ми е мене, не пак на бебе
Овие денови, мислам два дена има како запек кака ама по помалце од обично Ќе и дадам слива утре, но од што може да е толку смрдливо (извинете) ? Дали што не е убаво искакана или некојс бактерија или не знам што!?