Ти пиеш млеко? Кравјо обично, во кафе, така, било како, ако пиеш престани да видиш дали ќе се среди. И микроклизми не практикувај често, ќе се навикне и ќе има мрзливи црева, тек тоа да видиш која мака е. Не прашувај од кај знам. Ако јаде цврста храна нормално е да е смрдлива. Од брокула, од карфиол, од месо, смрди.
Јас обратно искуство имам, тоа што бевме на одмор убаво и дојде, се радуваше на плажа, се радува на шеталиште гледа луѓе, деца, продавници, светло, музика а она сите да ги поздрави им мафта со рачињата се смее на глас, а на апликацијата гледам громчето не дрма. Ама затоа сега дома маста ми ја извади, вчера едвај до продавница отидов со нејзе, вриштење пиштење цело време. Долги ми се деновите ама ќе издржиме.
Има и полошо.. од одмор да тргнеш во 12 навечер пошо бебе одеднаш ларингитично кашла и не може воздух да земе и иако трето мајкава у паники на брзинка во кола и викам правец козле.. ама бебе дали од ладниот воздух се смири во кола си спиеше убаво исто и дома.. и сега го чекам да стане на доктор да го носам па да фаќаме патот за назад.. ни инхалатор ни ништо со мене, среќа дувкаше по ладно ветре па така се смируваше и заспиваше со ќебе покриен на тераса
Ајде малку може глупаво прашање. Кој број на чевлички носат вашите бебиња на 7-8 месеци? Цело утро се убедувам со продавачки дека 19 број се големи за бебе. Всушност 17ка и се таман, 18ка малку долги и лабави. Демек премало е така стапалцето, уште по доктори што не ме испрати една од нив, да видам што е со детето. Инаку и јас и сопругот не носиме нешто големи обувки.
Големиот на година носеше 18ка, малово па на 8 носи 20ка . Така да нема правила се зависи и од детето.
Што се убедуваш, стави ја чевличката до стапалцето и од прилика ќе знаеш. И онака не одат со обувки на таа возраст, претпоставувам за дотерување ти е. Моево па година ќе направи, уште на нозе ништо му немам ставено, арно ме потсетивте да извадам патики од бато.
Моево уште со чорапите е скарано. Јас стави, тој вади Пола прошетка со чорапите се занимаваме. Тек па со патиките што ќе правиме
Тоа исто, чорапи да не види. Среќа па женско ако ептен дува и е поладно надвор хулахопки тенки ставам и фустанче. Ова најчесто навечер ако мора да излезиме. @Skyler , за дотерување, за еден ден буквално. Инаку не носи ни чевли, ни патики, ништо. Чорапи е дискутабилно кога носи.
Измери директно на стапалцето, нема правило кој број е. Разчични фирми, различни бројчиња, различни деца. На мојава сите патичиња што и ги донесоа, 19ки и се голем, а во Енци менци бевме, и пробав сандалчиња на Chicco, 19 и земав, кнап.
Дали има некој вирус? Мали од вчера ми крена тт 38.5 имаше дадов парацетамол.. Значи кенкав само плаче во спиење едвај сврзува дремки по 30 мин. Го однесов кај матичната на гради чист грлото малце црвено а цела вечер ми изгоре од темп,сега брзо беше болен на 22 август имаше воспаление на дишникот Панцеф ни препишаа во Козле.. Сакам да му направам брзи тестови за : InfluenzaA&B+RSV+Adenovirus (и во овој пакет е вклучен Covid 19) .. Незнам веќе што да правам озбилно. Иначе од време на време се закашлува по малце не е нонстоп ама знае по малце да се закашла..
Има вирус со гребење на грло, па течење на нос, па последователна кашлица плус гратис пролив и повраќање Ко воз да се прегазил се чувствуваш Бар така кажуваат, фсла богу ме сме закачиле да е скраја
Ептен ми е жален само плаче дури и во спиење едвај вчера у 2 саат заспа и у 6 сабајле се разбуди со тт 38.7 .. Чувајте се мајка останете во добро здравје ова е страшно
Бебе скроз се затна. Цел ден му течеше носето, прскав со спреј и влечев со носко. Ама сега на спиење скроз се затна.Го држам исправен да спие Дали може кромид да исечам и да ставам до перницата да му се олесни малку дишењето или нешто друго? Утре ќе пишам на матичната..Нема тт засега и не кашла..Благодарам мајки
Со истите симптоми е бебе а и ние. Во неделата утрото почна со темп 38.5. За среќа се намали темп. Околу 37 се вртка цело време, грлото црвено на плуќа чиста. Алмацин пие мојава. Поткашлува исто ама подобра е сега.
Ние сме без антибиотик ама ќе видам до утре како ќе биде во Авицена ќе го однесам брзи тестови да направиме.. Греота се изнамачи само плаче у спиење а се трие целиот му се спие башка и со тт е не му даде ништо заради тоа што крвната слика била во прилог на вироза.
Исти бевме и ние. Можеш кромитче да ставиш и јас ставав. 2 ноќи не спиеше од носето после се среди. Иначе заборавив, "пораснавме" и ние за да ви се придружиме во темава Се читаме тука мамс..
Може касно ти е веќе ама кромид секогаш ставај негде доле кај нозичките, ако е блиску до лицето ќе го пече на очи. И можеш слободно, ние до 5ти месец спиевме ко во кафана, секоја вечер со кромид бевме, помага многу. И поткрени го душечето