Е ова е врв Другарка ми го кажа тоа. Син и цело време чешал очи додека неа да е текне дека може до кромидот да е
На што укажуваат покачени моноцити? Болен е правевме и брзи тестови за InfluenzaA&B+Adenovirus+RSV+Covid (ова како пакет им е во авицена) па чекаме резултати,другите параметри се релативно добри и леукоцитите 9.1 му се.
Не, ми беше страв на своја рака за да не му се раскашави па слее надоле. Денес веќе и подобар е фала богу.
Не функционира баш така спуштањето на гради, ако се слева од носот секако во спиење може да се слева и надоле, со или без инхалации. Јас секогаш инхалирам со солен раствор кога има потреба, така ми рече докторката дека слободно можам без да ја прашувам, исто како на море да сум го однела.
Мајки како поставувате граници на возраст 10-11 месеци? Цело време му објаснувам зошто не треба да фаќа некаде или нешто да прави ама тој ми се смее и пак го прави истото. Мислам мали се за овој начин или? Ги удирате по рака кога прават нешто што не смеат?
Пробувам да го тргнам од местото.. но ова е без успех, за некое време пак го наоѓам таму каде што не смее да е Кажете шише, млеко, начин како да го научам на АД? Пиеше АД првиот месец, добро напредуваше и прекинавме. Сега никако да фати пак шише пробавме:авент, твистшејк, томи типи, калма на медела Од млеко Аптамил без лактоза, за друго се плашам бидејќи испадна интолерантен на лактоза, АМА ако знаете некое кое би било попивко би пробала..
ако најдеш некоја финта пиши, ние му дававме од шишенце кога не сум тука ама сега не сака веќе 3 месеци. За граници јас му кажувам на пример 'не таму' така со поозбилен тон и на почеток плачеше, преосетлив е, ама сега за некои работи се научи.. деновиве за телевизорот се учиме да не го лупа и малку само ќе се побуни и престанува
Не сум ги удирала, секогаш со отсечен тон Не! и не тргам поглед додека прв не сврти глава. Бебето ми е поразбрано и слуша, големиот на пример на таа возраст не ме сфаќаше сериозно и душа ми вадеше до 2 год, тек тогаш почна да ме разбира посериозно и имаше милион прашања ‘ама зошто’, со многу муабет сега имаме разбирачка и слуша. До детето е најмногу ама да, на таа возраст и јас прв пат осетив дека морам да почнам да поставувам граници.
Кај нас бебе ексклузивно доено успеа само со шишенце на Babylove од dm, 135 денари А АД после неколку пробани хип органик комбиотик го прифати.
Дали помалку ви јадат бебињата кога се болни? Т.е мојава воопшто не јаде. Во 4 дена само неколку лажички има јадено. Само со цицка е овие денови. Сега е подобра ама мислам од сирупите се гади и кога и нудам јадење мисли дека е сируп. Ми е страв дека ќе ми падне во тежина. Како да ја натерам да јаде не знам. Дали ќе почне пак да јаде?
Леле со шишево смешки сме. Се изнадававме пари за нук дизни едишн (дека на мама и се свиѓаа, скоро 800 денари шише, а близнаци имам), медела вакви такви, кико, авент, дека на ад, сто шишиња имаме, и на крај мм на заебанција им купил од овие по 150ден, абе кога ги грабнаа, капка да не им падне, најубаво пијат од нив. Малку пластиката почудно ми мириса, ама за тие пари предобри се, можеш да ги менуваш кога ќе ти текне.
Многу ме иритира кога на мое сто пати кажано не тој дури со потсмев повторува тоа што не смее. Го тргам и му објаснувам зошто и само што ќе се потргнам тој пак оди таму. Не знам дали стварно не разбира дека не смее или веќе почна работи намерно да прави. 90% од нештата го оставам да истражува со мое надгледување, ама нешто стварно не смее, пример да копа во земјата на цвеќињата дома
Мајки дали ви спијат бебињата веќе кога се поголемки 7/8 месеци на перниче и ако да на какво? Или до годината на рамно треба да спијат?!