Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    13.114
    Пол:
    Женски
    Сигурно не те разбира ама знае дека не смее. Нема што да правиш освен да повторуваш, да го пазиш, очи и на газот. И ако имаш отровни цвеќиња дома, извади ги некаде.
    Стај си во глава дека си има карактер и не се нервирај. Така моја роднина ми беше на гости кога поголемиот проодуваше и го гледа дека фаќа секаде, се пентери, не можам раат кафе да испијам, сите вазни, рамки, украси ми беа тргнати, кафето го оставав на трпезариска маса и никогаш нема да и го заборавам коментарот ‘ауу ова кај мене нема шанси, да видиш кога ќе му свикам нема да помисли уште еднаш’. И така сега со вторите деца јас раат пијам кафе, а она кармата ја стигна :D

    @Angi266 Мојот почна на негова перница на некои 2 ипол години, претходно му ја ставав од година ипол ама ја тргаше. Почекај да посака.
     
    На jelo, LiquidLuna, Leanne и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    И кај мене се е тргнато. Се на се една саксија со дрво остана и бебе се е таму, а нема кај да го тргнам дека големо. Мислев можам некој друг начин да применам на оваа возраст ама изгледа ќе продолжам да го тргам се додека не заборави :^)
     
    На jelo и Skyler им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    13.114
    Пол:
    Женски
    Ќе му здосади, па штекерите ќе станат интересни, па цела кујна ќе ти ја преуреди…маки :D
     
    На LiquidLuna, Tiny Love и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    Штекерите се сите затворени, кујната исто, само една фиока со пластични канчиња му оставив слободна. Жалче, нема како бељи да прави, ќе му истекне нешто ново сигурно :rofl:
     
    На Tiny Love и Skyler им се допаѓа ова.
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    5.003
    Пол:
    Женски
    Какви играчки користите за бебе 6+, идеи за играње, стимулација?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.163
    Допаѓања:
    111.202
    Пол:
    Женски
    До 2ипол години на рамно, после на ниско Дормео анатомско. И малото исто ќе биде. Најубаво е на рамно.

    За граници, првото отвараше профи и затвараше, ќе отвори фиока и со цела рака затвараше, да не фати прсти, до 3г ни немаше паднато од кревет еј, мирно бајче, малово цело е џумки и модрици, во глава редовно има понекоја лузна или црвенко од паѓање. Лази до под маса и наоѓа некое влакненце и директ во уста оди тоа, нема шанси да го промаши. Со големиот усисував 3 пати неделно макс, со овој 3 пати дневно да усисувам пак ќе најде нешто. Затворивме штекери, сега е фората да се исправи на ѕид и да лупа, ама сака со двете раце наеднаш а за тоа треба да стои сам и паѓа нормално. Наличив и игрална во сред дневна, ма јок бре, тоа не е интересно ич. А со играчки многу си игра, што ептен ми се свиѓа. И двајцата си играат многу со играчки.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Јас па викам рамото си го исчаши кога ќе легне настрана на рамно
     
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.522
    Пол:
    Женски
    Мојот до 5 години спиеше без перница, едноставно не сакаше перница. Дури сега спие на многу ниско анатомско, ама сеуште знае да го тргне сред ноќ. Бебиња секако не е препорачливо да спијат на перница.
     
    На Angi266 и Skyler им се допаѓа ова.
  9. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Дали треба да паничам ако бебе 7++ не се јавува на име? Едното близначе од каде да го викнеш по име ќе се сврти, другово не, ретко некогаш, дури мислам и случајно е, не намерно. Реагира убаво на звуци, има омилени песнички, се закача, игра пикабу, си игра со се што ќе му дојде при рака, воспоставува убаво контакт со очи, се смее на глас често, покажува задоволство кога му е вкусен оброкот, ама никако не се врти кога го викам и многу се нервирам и мислам на лошо.
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Мало е уште. Ке почне да се врти на име не му се секирај.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Мојот исто не се врти на име ама се врти на буци зошто татко му го вика така :) мора да намали со тоа инаку ќе треба да му го менувам името :)
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    995
    Мајки минатата недела бевме со вирус (тт, повраќање, пролив), па после откривме бактерии во носе и грло и сега сме со антибиотик. Работава е што малиот овие 2,3 дена ми кака после секое јадење/цицање, има шанси да е уште од вирусот или нешто од антибиотикот? Пишав на матична чекам одговор, секое искуство ми значи.

    Исто, уште една мака имам, дајте некој совет, бебе ми е многу мал на килажа, сега па со вирусов и ми ослабе 300 грама, жива се јадам. Се роди 3050, не испишаа со 2920. До пред 2,3 месеци убаво си напредуваше, последните 2,3 само по 300 грама за на 8 месеци да е 7 кила. Со мм нонстоп караници по дома зашо е толку мал, ич не е јадач значи секое јадење е со лажење шо се вика со сила и по цел ден само тоа праам дома со каши. Пробав и парчиња ама иста приказна. Како да го збуцкам малку, му давам пиковит за имунитет демек и апетит отварале ама не и кај моето... Сите докторки ми викаат дека такво си е детето поситно ама јас сум ептен загрижена...
     
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    13.114
    Пол:
    Женски
    И глеј сега што се наброи ама се фати за тоа дека не се врти на името :D ние сме за ќотек, само си измислуваме нешто да се нервираме.
     
    На le.soleil, Tiny Love, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    13.114
    Пол:
    Женски
    Можно е од вирусот, можно антибиотикот, додека е нормална столицата ок е.

    Слушнав скоро гоџи бери помагале за имунитет и отварање на апетит, кај пријатели наши детето е 11кг на 3ипол години сега се разјаде.

    Знам дека се си пробала ама за секој случај ќе напишам кај нас што помагаше. Зелени зачини, па дури и кари со павлака му ставав во пилешкото, павлака и путер исто можеш да додаваш во зеленчуковите да бидат покремасти. Маџун во овошните, ги заблажува, беби бисквит.
    Парчиња на пример како проба? Ако си пробала сварен зеленчук може не му се допаѓа, пробај ќофтиња од месо, тиквички. Пробај ориз и пире како за вас да му спремиш. Јас така приметив кај мојот еден период кога одбиваше храна дека веќе беше спремен да јаде со нас и почнав исто да готвам, само неговото прилагодено за возраста. Има теми за храна овде, побарај рецепти има мајки што прекрасно готват и стварно посветуваат време на исхраната.
    И не се секирај, има такви деца што едноставно не јадат, битно да е енергичен, здрав.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Ако е здраво бебето и докторите викаат дека е добро тогаш нема што да му се секираш, а уште помалку па да се карате со маж ти. Никој не е крив што не сака да јаде, едноставно такво си е бебето.
    Не секое бебе сака да јаде и не секое бебе е крупно. Секако ке пробуваш да му угодиш да јаде повеќе, ама и тоа што е седум кила на осум месеци не е страшно се додека е здраво.
    Знам многу ситни и послаби бебиња и фала богу сите се здрави со нормален развој.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.163
    Допаѓања:
    111.202
    Пол:
    Женски
    Мене не ми дозволија да давам ништо за имунитет и апетит, премало е вика. Цица доста му е. А еден нејадач што е, се му е на сила и со лажење. Исто има 8ипол месеци и едвај 7ипол кила, по 200гр качува месечно едвај. Каши не сака никако, сака згмечена евентуално, но јаде парчиња храна, е сега со мајка ми се чува па блв не знам колку му држи ама се трудиме. Кога сум дома давам јас по блв. Денес ќе руча парче месо, компирче, морковче и тиквица.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    И моето не е нешто мн напредно во килажа. Иста родилна имаме па на 10 месеци имаше 9 кг. Ама јас не се оптеретувам многу. Тек после 8ми почна да јаде убаво и задоволна сум со него. И јас и мм не сме многу високи и дебели така да не очекувам ни бебе да е. Се додека е весело, здраво, полни пелени, нема потреба за грижи и расправии со мт. И никако споредување со други деца
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Хаххаа, ова како мм да го пишал:wasntme: Неговата теорија е дека не сме му го погодиле името и затоа протестира со нејавување :D
     
    На Skyler, LiquidLuna и Ano им се допаѓа ова.
  19. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Ни една крајност, ама ни друга не е добра. Мене па ми се погоди страшен јадач, а сега ни потврдија атопичен дерматит и ни кажаа еден куп рестрикции со храна. Досега дека многу напредуваше, ме советуваа да пазам колку ад му давам и се беше со броени милиграми и недојадено. Сега пак ќе треба да се мачиме со 5 намирници врти преврти, а он сака да си јаде и се и количински, срце ми се кине кога морам да му тргнам лажичка дека е доста. Затоа остави го бебуш, си знае колку му е доста, штом се друго е во ред не го форсирајте, не мора да е крупно за да е здраво. И јас сум била исплашена од бебиња нејадачи, ама еве ги здрави, прави пораснаа. Верувај дека и да е јадач, пак ќе имаш проблеми. Тоа ни е, секирации за се потребно и непотребно.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.480
    Допаѓања:
    32.739
    Пол:
    Женски
    И ти си за ќотек.
    Сите докторки ти викаат ок е, тебе мт ти кажал дека не е и одма караници? Јас требаше маж ми да го разведам 17 пати до сега. 2 години за 2 месеци ќе прави и има 10кг манекенката :D

    Најбитно е да е здраво бебето! Јас тоа го научив со плачење и рикање ( од моја страна ) затоа сега сите ќе ве карам :D Пробувај различни текстури, нуди различен вид на храна. На крај краеви, дај му само да јаде. Може тоа ќе му биде поинтересно :)

    Кажав јас некаде по темиве, да се вратам со овој мозок лани, ќе ја оставев на хранилка и нека се шлака нека јаде ако сака, ако не сака ич нека не јаде. Битно е да се запознае со храната, малку по малку :)

    Иста родилна килажа инаку како ќерка ми, 2950 не пуштија, 8кг имаше до 13мес. За 8 месеци има качено кило и пол-две, така нешто :clap:
     
    На see.emily.play и strelec231992 им се допаѓа ова.