Таму побарај некое спрејче на база на солена вода и пумпица за влечење. Мајка за друг пат, на одмор со бебе се иде со цела аптека со тебе
Пошто си у ЕУ, најди го овој спреј, нема боље ствар. За влечење можеш да го земеш NoseFrida Snotsucker аспираторот. Ако почнал нос да тече, процесот е најверојатно почнат и нема што многу да направиш за да го прекинеш. Прати температура дали ќе качува и ако качи висока давај парацетамол.
Го има тонимер кај нас во Зегин, за возрасни земав еднаш. А тој баш бебешкиот дали го има не знам, ама би требало.
Дали може помош, во упатството на дефендилот пишува дека се дава на празен стомак сабајле или навечер, јас овде војни водам од што не сака да го пие, дали може да се стави во вода или чај ? Тоа не го пишува во упатството да не изгуби од својството?
Здраво мислење за резултативе? Бевме на имунолог правевме испитувања ама докторката не беше во амбуланта и нема кој да ги види,ќе ги носам кај матичната покасно втора смена е.Има некои пореметени вредности па затоа сакав доколку некоја се разбира да ми каже,фала ви однапред
Хелоу женски. Уште не сме за во темава официјално. За некој ден полни 6, ама имам прашање што мислам дека е повеќе за тука. На 6 месеци како сте со храна и млекце. Во смисол колку и како јадат цврста храна и пијат млекце. Колку пати во денот и количински бар тие што сте на ад. Бебка ми е на комбинирано ад и цицање а почнавме од 5 и со вкусови. Млекце ми одбива, се молиме за да пие. Ќе поцица малку и бргу се трга не мислам дека е најадена, а кога ќе и дадам ад не ми го пие или ќе испие многу малку. Сменивме ад од хипп1 на холе 2ка. На кутијата пишува ориентационо 2,3 шишиња во денот од 170мл. Не е тоа малку за деца на ад што се исклучиво? Она цица од сабајле накај 7ко што треба па накај 8-8ипол има доручек и убаво јаде, 11 пак цица ама тука веќе е со молење, накај 2 и нудам шише многу малку знае да испие, околу 5 пак цица исто со молење и само пред заспивање убаво цица и плус шише пие околу 135мл. Да напоменам дека е во 5ти скок и навечер е обесена на цицка на секои 2 саати. Не дека нешто ефективно цица ама е многу плачлива, кенкава, се жали ко нешто да ја боли и само на цице се смирува. Заби нема уште. На последна контрола за 1 месец ми качила само 200грама, затоа имавме и совет од педијатар да воведам житарка и оброк веќе, што и направив и си го јаде тоа без некој посебен проблем. Млекцето ме загрижува само.
Не се води по тоа што пишува на кутијата АД. За 6м бебе што има еден, макс 2 оброка, 2-3 млека во текот на денот е малку. На таа возраст обично се 4-5 млека. За тие што се на комбинирано, не знам, ваљда зависи колку често цица бебето.
Јас се тешам со тоа дека е период, ќе помине, ќе се снајдеме. Не знам ни сама дали си верувам во ова, ама ете си повторувам така. Ние не тргнавме дека имаше позитивен брис на стафилокока. Ме фаќа паника а времето ме гази.
Мајка ми ми вика ти ни за пораѓај не беше волку испаничена.. ако чита некој со поголемо дете нека даде утеха малку
Утеха: за второто е потешко Шала на страна, многу е тешко, јас се убивав од плачење првите денови, плачев и на повторната адаптација кога сменивме градинка иако имавме искуство. Поплачете си, ќе ви помине и после со душа ќе чекате понеделник
Пред воведувањето на оброк пиеше 6 шишиња млеко по околу 135-150мл. На 5,5 месеци отприлика 1 оброк плус 5 млеко, натаму на 6,5 месеци, 2 пати оброк плус 4 шишиња млеко. Количина тогаш на млеко не зголемивме на повеќе бидејќи напредуваше и повеќе од доволно. Сега на 8 месеци имаме Ноќе/рано наутро млеко Појадок Млеко повторно Ручек Малку млеко 60-90мл, бидејќи никако не јаде вечера цел оброк. Вечера. Колку што ќе касне Пред спиење млеко. Пробав ручек, па вечера не сака никако така да вкупната количина на млеко ја делам на повеќе пати деновиве. На кутија препораката е за 8 месеци 2*180мл. Некако ми е премалку или бар моево бара повеќе.
@Miss_S Мојот годинка ќе направи за брзо, му правам 3 пати по 180мл ама не ги допива, значи пие 450-500мл во 24 саати. Му давам и ужинки ама пак бара млеко. Сега ќе почне со градинка, па ќе видам како ќе биде, најверојатно ќе биде на 300мл. Стварно не знам колку е доволно. Еве една роднина го одби на 7м и од тогаш ни цица, ни ад пие, никакво млеко не му дава
Сега и се собираат некаде околу 500-550мл млеко. Малку или многу не знам. Во другите оброци не вклучувам секојдневно млечни производи други. И да вклучувам не е во големи количини. Најчесто може во вечерата да се случи к.млеко. Или во ручекот малку јогурт/павлака/грчки јогурт. Тоа нека е по една лажичка.
Од кога можам да давам павлака, кисело млеко? И по колку во денот. 7++ сме. Што можам друго да давам? Не ми јаде веќе овошни и зеленчукови каши. Си викам да не сака друго нешто да јаде. Овие денови само цица и по неколку лажички јаде. Немаше ни нешто многу качено месецов во килажа. Се нервирам зошто не јаде. Колку оброци треба да има во денот? Денес три пати и давав, јадеше по 7 8 лажички.
Здраво мамички,да сподели некој искуство со скок во 8ми месец...Како друго дете да имам,плаче постојано,се буди навечер со врескање,пренервозно е,постојано ме турка со рачињата дури и ме мава ако сакам да го бакнам...дури да си помислам дека детево не ме сака.Очајна сум
Мојот е скоро 8 млечно ништо ме сум вовела. Кашите знае да не ми ги јаде ако се погусти и не до смелени убаво. Пробај поретка дај може ќе сака.
Цело време давам од купените каши од Хип. Не верувам да се многу густи. Еднаш правев сама дома од тиквица, таа беше погуста па затоа тогаш не ми ја јадеше. А овие ги сакаше до пред да ја фати вирус. Ама еве веќе 1 недела не јаде како што треба. Инаку ние почнавме со кашички од 4+ бидејќи малку и беше моето млеко а шише не фаќа за да додадам АД. Затоа си викам да не не ги сака веќе. Само овошје и зеленчук да не и се здосади.