Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.111
    Пол:
    Женски
    Можеш веќе, јас од 7ми и телешко и млечно воведував. Можеш да мешаш палента и кисело млеко на пример. Оброци зависи од кога си почнала ама јас од прилика секој месец воведував еден оброк, до 8-9м да има 3 оброци, па ужините постепено до година.
     
    На oblace1 и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Женски
    Јас околу 7+ месо воведов, па млечни негде после 8
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.144
    Допаѓања:
    111.140
    Пол:
    Женски
    Што год правеле, што год давале, ете и почна да јаде, почна и млеко да пие на пладне по минимум 120мл и повеќе од 200гр не качува и не качува. А и како би, жив, бесен, не застанува една минута. Само у бељите е. Да отвара,да затвара, да чепка, да става во уста и што е и што не е за ставање...

    Туку ни настина, носот му е труба, едвај дише, полн мрсули. Нека се опраи ќе дадам риба и мислам дека се освен јатки и семки ќе имам воведено и нормално мед и јагоди. Семки и јатки после 10м а мед и јагоди после 1г, таман од тазе ќе дадам јагоди а мед ќе видиме.
     
  4. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Генгигел за забчиња помага?
    Или да не си ги плескам џабе парите и така е скапо а премало пакување
     
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    Може ќе помогне ако дава да масираш, со кратко мачкање мислам нема ефект. Јас ставам оса гел од тука, ама мојот е бог да чува, се врти ме турка писка едвај успевам барем во уста да му го ставам гелот. И не, не помага вака воопшто
     
    На Angi266 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Ја мислам заб ќе вади многу е кенкава, загризуе а со замрзнати глодалки ќути трае
    Па викам да пробам со генгигел
     
  7. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Како да го решам ова немирново спиење? Премачно е, де заби, де скок, де ништо, децава не знаат да спијат во кревет. Успивај успивај по пола саат, таман ќе ги спуштам, не се будат, туку како пропелери се вртат низ креветчиња. Ако ги земам да спијат со мене, маваат, кршат вилица како шо се вртат. Во креветчиња, на секое морам да станувам за да ги наместам на нивна омилена страна или да ги презаспијам, неиздржливо е. Очигледно некаде грешам, штом вака немирно спијат, ама не знам каде. Се пробавме, различни креветчиња, различни соби, темно, светло, пригушено, со звуци, без звуци, ништо не се менува, и само полоши стануваат. А штом ги земам в раце, спијат многу цврсто, само што не се додржуваат, веќе се 7 и пол месеци, тешки, башка две.
     
  8. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Сигурно правиш се..ама еве искуство да поделам.. Ги ставам во креветчиња, гасам светло и излегувам..Ако кенкаат не ги зимам, седнувам до креветче и ги галам, им пуштам музика...два три пати до сега сум ги нишкала..Млеко скоро секогаш им давам во спална. Со мене никогаш не спијат..мирни две три минути..после што викаш..мавање на сите страни:)..И пред време за спиење, ги ставаме на под, ќе се изморат побрзо.
     
    Последна измена: 20 септември 2023
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.197
    Прашај на заболекар може имаат тестери.
     
  10. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Па навечер најчесто имаме иста рутина, од 6 до 7, 7:30, сме надвор, на воздух, да се извикаат, после тоа бањање, додека едно бањаме другото е доле во игрална, па ги менуваме, млекце и на спиење. Кога дозволуваат ги успивам со чешкање, ама тоа е многу ретко, едново 90% мора в раце да ми заспие, па ја спуштам, другово има проблем мора да гушка нешто за спиење, а поради егземата на лице, ни кажаа никако оние ќебенцата или плишани играчки, и сега е уште помачно, инаку со нив побезбеден се чувствуваше, не знам. И ок, ќе заспијат пола саат и после почнуваат да се вртат и не презаспиваат додека не ги земам. Може и тоа ми е грешката, што на секое плачење в раце, ама многу зајдуваат двајцава и од страв од тоа зајдување, така ги научив.
    Супер си ги воспитала да спијат така, јас ако им изгасам светло или ги оставам сами во соба, куќава во воздух ја креваат. Дури и кога ги пресоблакам, двете ги носам со мене, едно пресоблекувам, другото до нас во креветче да не гледа.
    Оф топик, како се снаоѓате на под со две? Ние земавме голема игрална дека едново веќе лази, другово се влече, ама во кој ќош и да ги ставиш, за секунда се еден до друг и се закачаат еден со друг, се тегнат за уше, чорап или се тегнат за една играчка. Треба да направат игрална за близнаци со мрежа на средина, ко за пинг понг, вака не можам да ги допазам.
     
    На Freckles. и Proletno им се допаѓа ова.
  11. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Не знам, може и такви бебиња се. Понекогаш не си паметен што да направиш. Секој ден оставај ги по малку нека плачат..ќе се изморуваат.Инаку во оградица ги стававме, на крај еден врз друг ќе ги најдеме :). Сега доле на коцки и тука се мотам, да не дојдат до паркетот па да се идрат.Инаку се е комплицирано со близнаци :)
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    7.648
    Пол:
    Женски
    @Tess36 , може тетра или нешто слично би помогнало кај едното да држи во раце? Сепак памучни се.

    Само нафрлам идеи, извини ако не е погодно така.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Таман работа, нема за што извини, сите идеи ги прифаќам ако се остварливи. Инаку да, сега посега по мојата рака да се гушка, затоа што нема друго, па пробувам да му подглавам тетра, сепак потенка е од обично памучно ќебе, инаку се што најде влече накај себе да гушка, или перница да му ставиш до него, си ја фаќа бочно, нога преку неа и така заспива, ама страв ми е ради безбедност.
     
  14. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Каде да носам бебе на дежурен има рани на главата.. Дежурен дерматолог има на клиника?
     
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Сум читала дека после 6 месеци убаво е да го научиш бебе да спие со "пријател". Се мисли на играчка плишана, мека. Треба да стои цело време во креветче или кај и да спие бебе и да му биде асоцијација за време за спиење. Нешто налик ритуаливе што се прават пред спиење.
    Баш во Капитол Ваикики имаше еден диносаурос се мислев да го земам на бебе. Иако тој без цице не заспива сакав дс почнам да го учам полека. Големава ми е 9 години без плишано мече не спие и на патување кога одиме си го зима со нејзе :inlove:
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Мајки, бебе трет пат во овие две недели поврати додека јадеше. Два пати од млеко, еднаш од каша. Друго ништо нема, повраќа само еднаш и после си е добар- делува како да му се згадува па повраќа. Доктор не кажува ништо посебно.
    6 мес сме, вадиме заби.
    И се случило на некоја?
     
  17. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Да да, мали уште од 4 месеци кога му купивме од оние ќебенцана за гушкање, одма ги засака, си ги ставаше на образ или баш ќе ги гушнеше под мишка и сам си пееше еаеаеаеа и заспиваше. Ако му беше на дофат и тоа од дада, со двете и тоа ни беше најлесен период. Ама откако се појави дерматитов не смеам да му ги дадам, да не се гали на лице, многу му е лошо, а такви играчиња само го доводпалувале и сега мака мачиме. И тоа мислам му е причина зошто спие немирно, само граба со раце нешто да гали, да држи.
    А многу ми се слатки мали дечиња со омилено играче за спиење, знам некои и ќебиња обични што си влечат во градинка за да спијат со нив и таму :D
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    Внук ми има едно баш дебелко зимно ќебе, не оди никаде без него. Сред лето го макнеше со себе и се покриваше :rofl:
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Извини не знаев дека не смеете такви работи.
    Мислам памук чист не би правел проблем, па пробај со тетра пелена. Или некоја бебешка перница, имам јас од големата(иако никогаш неискористена) ептен е тенка и памучна. Мала е баш како за гушкање. Тоа им дава сигурност нив и ги смирува не дека само така си гушкаат работи.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Исти сме со возраст. Јас пред две недели воведов млечно, грчки јогурт со повисока масленост, и супер сега кога не цица само тоа јаде, а кашички и правени и купечки многу слабо