Нормално, си бараат сигурност. Ќе најдеме нов начин, тетра, маичка моја, нешто пробуваме, ќе видиме што ќе упали. Само да ми се врати старото бебе што само се успиваше, ако е возможно, па со другово ќе се снаоѓам
Леле јас ќе спобудалам. Многу се нервирам зошто вака престана да јаде. Можеби е до скокот не знам. Павлака дадов, ја сака. Јаде, ама не е пак тоа што беше предходно да седне и да се најаде убаво. Неколку лажички и готово. После некое време да заборави дека нудам јадење па пак неколку лажички. Мешаш со нешто или чисто само јогурт даваш? Јас пробав со палента и со гриз не сакаше. Пробав гриз чисто, исто само неколку лажички проба. Измешав гриз и со овошна кашичка и не и тоа не. Зошто не ми јаде детево не знам. А си цица. Компир вечерва пробав, него го јадеше без проблем ама пак количински малку.
За колку време ви се чисти секретот во нос вообичаено? Бато донесе нешто изгледа од школо, него го опоравивме, сега бебе е затнат, крчка, свири, навечер особено ми се пара срце кога го гледам дека се мачи за дишење дури цица.
Дали е доцна блиску до 8 месеци да купувам од оние музичките мечиња проектори за да вежбаме успивање? Имав вртелешки на креветчињата, ама госпожа успеа веќе да се исправи и ги тегнеше, не беа веќе безбедни, ги тргнав.
Па на синко веќе не му делува баш баш, интересно му е да си игра со него. Ама го тргам на страна и пуштам па ни успева уште. Јас некако не се потресувам да спие сам, што знам, цица, заспива и ако стане пак презаспивам и така. Мал ми е премногу да го оставам сам. Утрово баш слушав едно видео за тоа самостојност учење, оставање да се исплаче, не реагирање на повик... Кога размислив има голема поврзаност, на бебињата единствен начин на комуникација им е тој, ние сме им единствена комуникација со светот и замисли да им го пресечеш тоа, создаваш емотивно нестабилна личност. Да не ја должам, еднаш веќе зборевме за ова, да не се расплинувам. Ако не плачат твоите, само се вртат, пробај, ништо не те кошта. Моето не е шумиш туку обично едно еже од Крш земено, не е повеќе од 2000ден.
Дефинитивно не сум спремна да ги оставам сами. Џабе ми зборат остави го да плаче ќе му помине, сама ги правиш такви, јас не успевам, кај цело време осеќам грижа на совест кога држам едно, а другото ме гледа (веќе разбираат и пружаат рачиња), уште да ги оставам кога очигледно нешто им треба, макар и само мајчино присуство. Инаку не сакам шумиш, туку гледав едни на кико, како мечиња, со многу мелодии и светлечки ефекти, па барем да се загледуваат, да се чешкаме и така да заспиваат. Иако најчесто девојкава в раце ми заспива, ама кога ќе ја спуштев досега, ако се разбудеше, вртелешката си ја гледаше и презаспиваше, ама сега сфатила дека може да ја тегне и да ја гризе, па си викам ова на комода да ставам и да им светка и пее нешто.
Ти па со 2, попрво ти ќе попуштиш физички од нив во спиење. Јас душа немам да го оставам да плаче да го слушам. Разгалено? Нека е, ко да ќе биде бебе цел живот, ете го големиот од кај 2ипол години до сега си е скроз самостоен и у раце не сум го зела, за гушкање ако го намолиш може, сеа па и ми фали.
Извини што упаѓам ..Ако имаш некој близок со близнаци нека ти сподели искуство. Јас слушав совети од тие родители и многу ми помогнаа. Со едно бебе и со близнаци има многу голема разлика. Да ни е со лесно
Генерално сами покажуваат, мојот третата сам ја одбиваше со плачки и заспивање со полиција. А некогаш се погаѓаше да му биде многу доцна третата, накај 6-7, кога реално треба да почне ноќно и така направив транзиција на 2 дремки на 7++месеци. Следи го бебуш, сам ќе си каже
Мајки дали би направила голема грешка ако во гриз една порција додадам пола лажичка шеќер? Бебе престана да ми јаде се од страна каши овошни и зеленчукови. Гриз палента не јаде исто, бидејќи се блантави претпоставувам без зачин, ама и со павлака, јогурт не ми ги јаде. Вечерва јадеше бисквити од Лино за 6+ месеци. Единствено нешто последниве 10тина дена што го изеде цел оброк и без проблеми и бркање и туркање. Инаку сме 7++.
Мојот е 11+++ шеќер не додавам. Додади урма, банана, цимет, какао.. имаше периоди кога ништо не јадеше, па пак се враќаше во нормала. Не значи дека не му е вкусно, може од други причини да не јаде. Они не ни знаат за поинакво, се додека не ги научиме на сол, шеќер, зачини..
Јас не би дала шеќер на толку мало. Може му е период, а и на таа возраст уште се навикнуваат на јадење. Си пробала полека да воведуваш парчиња? Моето бебе исто ми одбиваше каши, сакаше сама да јаде, откако почнав по малку парчиња почна повеќе работи да јаде. Пробај со варено јаболко, малечки парченца. И продолжи да воведуваш вкусови, може нешто ново ќе му се допаѓа повеќе.
Пробав со овошје да додавам не сака ни така. Можеби е некој период и јас си викам така. Имаше и вирус претходната недела, па од сирупите можеби сеуште не сака да јаде.
Не сум пробала со парчиња сеуште, ми е страв. Нови вкусови воведувам ама ништо не прифаќа. Се надевам дека е период и ќе се врати во нормала.
Никако шеќер на таа возраст. Па ни до две години не би дала. Ке почне да јаде, стави му нешто поблаго од тип на банана или урми. Или тоа што јаде најмногу, тоа му давај. Шекерот е прештетен, греота е да им даваме.
Таа си јадеше се од страна каши дозволени за возраста. Работава е што се наеднаш престана да јаде. И какво овошје да додадам во другото јадење не го сака. А дали ги давате овие бисквити од Лино што се дозволени за 6+ месеци. Бидејќи мислам и во нив има шеќер. Или и тие не се дозволени?
Лино немам дадено, имам лобело по една до две максимум за да седи мирен 5-10 мин. Немој да се паничиш еве и јас вчера пишував дека не сакаше да цица, може е период и ќе помине. Наше е да им нудиме здрави опции па кога тогаш ќе пројадат