Јас не пазам нешто особено колку му давам јајце... Секако во тие рецепти што ги кажуваш тој нема да го изеде цело јајце.
Затоа сакав да прашам, бидејќи се случува и сабајле и вечер да треба јајце да ставам. Благодарам мајка..
Палачинки и вафли најчесто без јајца правам. Овес или микс житарки, банана, кисело млеко/јогурт, додавам јагоди/малини/капини/боровинки, некогаш ставам и путер од јаткасти и печам. Мерки од око ставам и супер испаѓа.
Го мислев и јас ова, и се решив за скафандер. Многу прета и со што и да е покриено го бутка, а и може прооден ќе е . Секако ќе ми треба скафандер, а скафандер + прекривка мислам дека ќе го сварам. Дали е попрактично, или не , не знам , ќе видиме зимово. Ако треба и прекривка ќе купуваме
Мајки колку дремки имаат вашите на 8м? И кога легнуваат стануваат? Деновиве си теравме топ, станува во 7 па имаше две долги дремки и вечер во 9 е во кревет. А еве го сега трета дремка ја мава сега заспива а касно ми е за дремка сега ќе стане 6:30 и после пред 9 нема да легне А мајкава пуста едвај чека 9 да дојде за да ги ставам сите 3ца во кревет душа да земам
На 8м скрати од 3 на 2 дремки, една подолга и една пократка. Е денес скроз му е дремењето пореметено, касно станал, касно заспа...
Мајки се преплашив заспа бебе до мене ми падна телефонот на глава кај неа. И се направи малку џумка на челото од страна. Ќе си се изедам. Сега е будна се расони и весела е почна да си игра. Може да добие потрес? Што да правам?
Леле мене на малово колку пати ми има паднато, еднаш беше ептен мал, го сликав да го види татко му, длапка му се направи. Он не ни стана. Ништо не и е, потрес па ич.
Леле душава ме заболе како се разбуди со плачење. Уффф. Малку и се појави џумка ама сега како да се повлече. Се престресов.
И мојов на сега смени од 3 на 2 дремки. Станува во 6 , прва дремка околу 9:30, втора околу 14:00 и толку. Трета дремка нема шанси, макар и power nap. Околу 19 веќе станува ќенкав, во 20 заспива одма. Да го легнам и порано ќе заспие, ама бар уште некој ден додека е топло дека прошетуваме, па се фаќа околу 8 да легнуваме.
За вчера мислев дека ќе тера дремка ама беше само 10мин во раце и стана после Значи горе доле тука сме, станува исто во 6:30, дремка му е околу 9, а втора исто кај 14:00 ама таа му е подолга и друго кажете чаре за хранилкава значи… ја користиме само јадење и вака од сабајле да испијам кафе раат, ама мали научил и се врти обратно и стои со нозете исправен каишите скроз до крај стегнати и пак успева да ги извади нозете и да се исправи цел… Кај пијам кафе 5мин уште и тоа ми е на штрек па со камера уклучена пијам и трчам ко будала кога ќе стане На земја да го оставам сам не ми е сигурен, бара негде кај да се исправи ама уште не е убаво стабилен и може да си падне на страна.. место сега малце да ми е полесно мене ептен тешко ми е мора 24/7 да му висам над глава
Игрална ако имаш место или џампер. Колку сака нека вика во тоа кога морам да одам у вц морам. Моево муленце стана свесно дека мама секое сабајле во 7 фаќа штрафта и во 5 до 7 отвара очињата. Сабајлево со тешко срце го оставив, ми се плачеше, волку се нема дерено никогаш. Се надевам нема тек да ми прави проблеми. Мајка вика добар е, ама што знам.
Леле и на вас алал да ви е си викам.. не знам зошто ама ќерче нејкеше маж да ја запишеме во градинка и си остана со мама да си се чуваме, па дојде второ и си се чувавме тројца и еве сега трето направи 8м а пуста мајка не ми се дава детево во градинка.. а зошто не знам, он вика дека сака да оди ама си мисли дека и мама ќе биде таму со него.. колку и да сум(била) секогаш ЗА градинка, еве не знам зошто уште се мислам дали синко да го пратиме, а не е мал 3г наполни и е скроз е спремен да оди, се одвикнавме од пелени и почна сам да јаде срце нешто не ми дава а појма немам зашо И така јас 6,5години дома си седам и деца си чувам
Три дремки од кои само едната е еден саат другите се по 15 минути. Легнува во 9 станува во 4/5 за млеко и доспива до 7.
Ние пораснавме и се селиме во оваа тема Освен да ве поздравам да си прашам На сабајле кога стануваат им давате млеко, и појадок после колку време давате? Не сака да јаде за појадок па направив експеримент наместо доручек ручек и дадов и се си изеде. Значи не е до кашичката него распоредот ни е некако утнат. Станува накај 7, се лигави на цице зошто периодов навечер многу често цица и во 8ипол и давам доручек и едвај 5 лажички ако касне и затвара уста. Дали што цица навечер па не е гладна или до нешто друго е не знам. 6 месеци и 1 недела има инаку.
Помести го доручекот кај 9. Исто ни се дешаваше и на нас, го поместив доручекот за пола саат и се јаде сега. Јас па имам мака со ручек и вечера, ај за ручек ќе касне ама за вечера... дете да нејќе бисквити (лобело) и млеко (ад), свашта. И да, нејќе ад за жива глава. Дај му овошје во состојба е кило да изеде.
Јогурт и лепче ни е безбедна комбинација, тоа иде кога друго не иде. Ама се тоа да јаде не бива. Си мислев ај да смени нешто. Обично варам некоја житарка повеќе за ручек и место месо додавам јогурт и крка. Вчера јас јадев попара јогурт, ми побара душата нешто такво и овој се домкна до мене по креветот и ми ја изеде скоро пола.