Здраво Би сакала да ве прашам како да постапам кога малата плаче и отеднаш заоѓа.. веќе сме 14 месеци од помала прави така, но и сега знае да ми направи до степен да не знам како да реагирам. На пример вчера помодре додека да дојде на себе. Од истава причина, кога имаше 4 месеци по препорака на др.Палчевска во Систина правевме ехо на мозоче и се беше во ред. Не прави често, но ете се случува...
Мајки дали има некој скок во 10++ месеци? Фатија близнациве вирус,.прво едниот па после другиот, носени на доктор, крвна слика добра и кај двајцата, едниот намали побрзо, другиот еве 3ти ден качува уште. Зборот ми е дали од вирусот, дали од друго како други деца да чувам, значи цело време се плаче за ништо, како залепени се до мене и татко и. Правам каши домашни си јадеа убаво, сега не сакаат да видат, само готови јадат. Едното ни млекото не сака да го пие од 150мл намали на 60мл, не сакаат да спијат по 30мин максимално, навечер се будат со плачење, се лутат, не знаат што сакаат, се гурат, меѓу себе исто почнаа да се удараат да се туркаат. Секој во свое креветче си спиеше, сега само во раце спијат, или до нас. Некоја со слично искуство, ме полудеа овие денови...
Колку столици на ден би требало да има бебе? Дали има некое правило? Бебе имаше кога една, кога две долг период. Деновиве се случува и 4-5 валкани пелени да има. Немаме нешто во храната сменето и во количина, па да речам се прејадува. За напредување си напредува, нема застој тука. Инаку не се течни, за да се сомневам во дијареја, нема ни промена на боја. Само што има повеќе валкани пелени на ден.
Мајки како да вратам апетит кај дечково мој.Од дете што се си јадеше, стана најголем нејадач.Уста затвора нема шанси да му ставам нешто.Ни со лажење ни со играње, со ништо..телефон несакам да дадам, ама очајна сум веќе..Беше болен пред две недели и плус во 7ми скок и заби извади 5 и еве веќе две недели се мачиме. Незнам веќе што да направам
Исти се и моите близнаци 13 месеци имаат. Неподносливо е веќе.3 ден со температура се и плус 3ките им растат набабрени им се непцата . Хронично ненаспиени сме. Не можам ни да идам до тоалет некад да мочам.
Добро само јас ли борби водам за облекување на детево? Значи не може да застане ни минута.. а му соблечам пелена одма се врти на стомак и со брзина на светлината фаќа да лази, никакви играчки, влажни, даљинска не му држат внимание и стварно ми е проблем секое пресоблекување ко со алигатор да се борам
Со времето станува полошо, стануваат и бегаат голи Го прашувам едниот добро бре, вака гол ли ќе трчаш?! Се врти и вика ДА! Значи секое пресоблекување ми е стрес. Се тресам откако ќе ги завршам зашто ме измориле и од воздржување да не ги зашлакам што ме нервираат Не знам кога и дали завршува фазата. Али едвај чекам да фрлат пелени.
Исто е и кај нас. Мислам од 7ми скок навака борби е пресоблекувањето. Единствен спас ми е што користиме комода за пресоблекување па среќа нема кај да бега многу. Ама пелена се научив во сите можни позиции да ставам, де стоејќи де седејќи, на меше, во лазачка положба. На масичка некоја земи душек и така пресоблекувај, да нема мн голема површина каде да ти бега
Потполно исто е и кај нас. Дури во последно време, а го легнам почнува да плаче и да се буни. Мака ми е кога треба пелена да му сменам, што викаш баш како борба со алигатори .
Леле а ја си мислам ќе се смират. Си викам така само на моиве ли заби и растат, едниот од петосед си ја треска главата, многу тешко вади заби, ќе ми стане жал на момент, па за кратко ми иде лудница да фатам...
Исто..веќе немам идеи што да и давам да се занимава за да ја пресоблечам. Лосиони, креми, даљинска, играчки фрла и се врти одма се тегне. А носе како чистите? За тоа какви борби водиме лудило е... не можеме да ја додржиме буквално. Мора, носето полно и е, ама ми се темни кога ќе дојде време за чистење
Нема смирување сеуште. Се молам кога ќе тргнам на работа да почнат да спијат иначе не знам кај ќе ми биде главата .
Од вечерните каши пробува различни типови. На инстант мислам. Во нив што има вклучено млеко. Друго млечно најчесто грчки јогурт комбинираме ама повеќе од месец и е тој пробан. А за заби - 4 се на пат. Така да може и од тоа да е комбинација.
Добро вечер нова сум тука имам ќерка од 8месеци два пати ми се случува кога спие наеднаш почнува гласно да дише знаете кога бебето премногу ќе плаче и кога ке се смирува такви звуци испушта но само што моево бебе не плачи на сон му се случува веднаш ја земам во раце ќе се пробуди тоа трае едно 20 минути па ќе се смири и повторно ќе спие дали е тоа нормално дали ви се има случено на некој од вас?
Ќе заврши знаеш кога? Кога ќе пораснат па ќе се срамат… ма да еве ја ќере 6г веќе почна да се засрамува и сама си оди во вц веќе, а синко 3г без пелени е и пак секое мочкање се соблекува гол и трча таков низ дома и низ двор (среќа сме со ѕидови па не не гледаат баш комшиите) ама ќе викнам 2-3-4пати и ќе дојде, со поголеми колку толку има разбирачка @Jana7 едвај, на сила… го легнувам на земја и го држам и за раце и за главче да не мрда и влечам… еве сабајле за прв пат од кога е роден го седнав на кујна и успеав со носко без многу маки да му ги извлечам. И моево е полно веќе 2недели