Jaс ова не знам што е, се ми е нашљакано со гомна од него, а кака ко за беља сега ко никад, по 4 пати на ден. Затоа е соленка. Од 2м кога беше мака имам, ама сега е опасно. Ај пелена мењање, ама па облакање нови алишта, гладијатоски борби се тоа. Јас вакво нешто сум немала со големиот, се било со мирно и тивко, брзо, без мака. Ми се темни сега со 2 слоја облека, па бодиња на долги, па дуксери, па јакни... И уште една голема мака имам, детево сака да спие ушушкано, значи да е стуткано од сите страни, да е потпрено, да е залепено за нешто. Ми иде сега на 9м да му купам гнездо. Засега го ставам врз перницата за доење, ама тоа па ми е премногу страв да не се искичми, сеуште се покриваме со чаршавче, со шпихозна и боди по прерамки спие, чаршавчето иде аут во првите 10мин, се мислам по боди на долги и во вреќа да го пикнам, белки така помирно ќе спие. Многу е склетлив, а не сака така слободно да спие на широко, сака да е потпрен со нешто, да има нешто до него. Или се мислев едно јорганче да пикнам во навлака јорганска па да го направам ко гнездо без горе кај главата дел и така да спие, да има нешто околу него, белки помирно ќе е. Многу терсене малиов, сите не строи дома.
И мојот е исто. Не сака мн облека ама да е ушушкан некаде. Обавезно главата пикната во перница и да ја гушка со раце и нозе. Јас му ставив две перници ниски а долги од страна и така спие
Бебе јаде оброк цврста храна па после не полн половина час бара цицка пошто само така заспива. Не цица многу, колку да добие цицка во уста, бидејќи никаква цуцла не прифаќа. И нели така идат скоро два оброци едно по друго па бљуцка тоа што е вишок. Нормално е ова?
Исто прави и бебе. Има два оброка, доста количински и хранливи, млекото не го остава. Цица не за да заспие туку двете гради ми ги празни скроз.
Женски да прашам дали некоја има слично искуство. Бебето од 2-3 месец почна кога се успива да ја врти главата на перница лево десно и така цело време додека не заспие,тоа го правеше ретко ама сега почна многу често,секоја вечер го прави кога се буди па презаспива ама и преку ден…
Oh my . Значи да не се надевам на подобро, секое менување пелени слабеам по пола кило од борење со нив, се исушив, а гнетам благо на нервна база ко ненормална. Од дотерување ај се откажав, како циганчиња шетаат, ама и најнеопходно пресоблекување е страшно, бегаат, се тегнат, една ногавица облечи, другата ја соблекле, џабе изигравам кловн, се друго им е поинтересно. А деновиве се и болникави, со дијареа, па какање по 5,6 пати едно, 5,6 пати друго, миење газе на секое, инаку се исипуваат, не знам од кај ми уште сила. Мислам дека само тоа правам и ги успивам со саати за да спијат 15 минути.
Кај мене така прави кога заспива на цицка лево десно ја врти главата,сега почна и јас сакав да прашам дали тоа е во ред?
Мојот така правеше пред да научи вртење. Кога почна да си се врти убаво престана. Правеше така кога му се спие или кога му беше време за млеко
Мојот се врти веќе сам секако и на стомак и на грб ама имам приметено дека само кога заспива или презаспива прави така.
Мојава тоа го прави кога ја пресоблакам и понекогаш кога е доле во игрална на грбче, а тоа е ретко. Не знам што и значи, така прави и после тоа се бута со газот назачки и бега. Некогаш ми е смешна, некогаш ме фаќа паника зошто го прави тоа.
Нормално е тоа. Тоа им е еден вид на selfsooting и така се успиваат. Моите се 15 месеци уште така прават на заспивање. Кога ќе ги видам да вртат главите се радувам, знам дека ќе заспијат брзо и ќе здивнам
И моите прават така, исто ме фаќа паника, ама уште за што не ме фаќа уствари. Родени е 30та недела, за некој ден 11 месеци, си викам доволно е ова што го прават за тие месеци, па за кратко си викам леле може веќе треба да се пуштаат да одат, да кажуваат по нешто и така во круг се вртам.
Ич да не се замараш јас тоа уште од почеток си го расчистив, секое дете е уникатно. Само педијатарот ми ги спомнува тие корегирани јас си се водам по денот кога се родил. Некој стои, некој лази, збори, ич не ми е гајле мојот си е совршен за возраста, го користам форумов за компарација и сваќам дека не прави се, но и прави работи што и неколку месеци поголеми ги прават. Се ќе си дојде кога ќе биде спремен
Зависи кога како. Еве денес блуцна ама изеде малку поголема количина од што треба и не помина ни пола час бараше да цица. Не би го доела јас барем 1.5 час ама оди кажи му, плаче вришти ме тегне по маица
јас од 4-5 месеци се префрлив на гакички, еве сега ке прави 13 месеци, буквално бега гол, се бркаме со гаќите, да легне за памперс нема шанси теоретски
Може па тоа тегнењето за маица го сфаќате како да сака да цица, а не сака. И мојот се тегне по мене веќе цел месец, а тој цицка не знае што е. Буквално сака да ми ја соблече маицата, реално да доев ќе мислев за цицање е ама сега појма немам што сака. Веројатно дека сега учи да се дига секаде, па и на мене пробува. Да пробате да не давате додека не почне да плаче, ако само ве тегне одолговлекувајте шо знам. Може ова и нема да ви е баш некој совет зашто мојот е на ад, ама искуство само за тегнењето кажувам
Се обидува да цица врз маица, ми ја гризе пупката. Му го знам и дишењето и плачењето, едноставно знаеш кога плаче за да цица. Фала ти