Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Хаха, сте завршиле вие работа, браво. Сигурно е преслатко малишанче со толку запчиња.
     
  2. Faith

    Faith Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    Гледам наназад и други пишуваат за нејадење, да се пожалам и побарам совет и јас
    ние сме 8+ и веќе неколку недели не можам да воведам три оброци, а од скоро и два одвај да изеде ... еден во ден да, јаде.
    Цица... ја оставам да изгладне, друг и дава каша. Најтешко е со зеленчуковите, до млечните не ни стигнавме.
    Како го подобрувате вкусот на зеленчуковите ?
    Уште малце тргам на работа и мислам дека на психа ова многу ме мавна...
     
  3. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Мајки здраво, сакам да прашам, приметив дека едното ноже на малото му е понавнатре кога го држиме за раче да оди.Секако ќе закажам за ортопед, меѓутоа на последната контрола ни кажаа за следен преглед детето кога ќе прооди. Он уште нема проодено ама не сака да седи, сака да го водиме за раче.Ќе дојде до мене ќе се исправи и ќе ме фати за рака да оди.Малку се загрижив па да прашам дали некој имал вакво искуство
     
  4. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мајки повеќе доаѓам за да се искажам и утешам ако има некоја слична како мене.

    Малата ми е 8 месеци. Во овие 8 месеци јас вкупно 5 часа сум била одвоена од неа 1 час (фризер шишање-косата ми беше предолга за со новороденче да ја трпам, 2 часа-нокти за крштевка и 2 часа на мекици). Свекор не ја подржил ни 5 мин само хихи хаха од далеку, свекрва ја чуваше оние 2 часа кај што бев на мекици. Моите родители се стари веќе 70тина години и немат сила а имаат желба(кога сум кај нив ја држат и играат ама со мое присуство). И тоа е тоа немам никој друг, оние други што ги имам се бетер од набројаниве. Маж ми е по 16 часа на работа од кога е родена (сопствен бизнис). За викенди и празници ако поминуваме заедно детево е сепак моја обврска поголем дел од времето-он е само за игра и смеа, но и тој дел е СО мое присуство. Навечер јас станувам, јас ги проаѓам сите маки, сите тешкотии и сите убави и битни моменти. Маката не ми е како и што да правам- веќе се помирив, а и се привикнувам да не ми е тешко и да не ми смета. Сите ми зборат дека маж се жртвува да имаме се што ни е потребно и не смеам да се жалам-ок. Маката ми е како да ја пратам во градонка?! Луѓе од пред два месеци навечер почнав да мислам како ќе е, за сега месец пред да треба да тргне јас секоја втора вечер плачам и ја гледам и си викам како да ја дадам таму, како да ја одвојам од мене, како ќе и биде, дали ќе мисли дека сум ја напуштила, дали ќе е тажна, најадена, здрава итн итн.
    Знам, се е нормално, прво дете нормално да се осеќам така ама мислам дека моево е претеризам и свесна сум а не можам да го сменам. Се трудам да мислам позитивно, ми приоѓаат со лоши коментари и искуства, се труев дури да одложам да не ги носам документите ама дојде и тоа време.

    Знам и дека не може да е залепена за мене цел живот, треба и да се осамостои, ама ова било борба, гоолема психичка борба.
    Дали ако при овие месеци бев почесто одвојувана од неа ќе беше поразлично?
    Зошто не ми смета да ја земе некој да ми ја причува, баш напротив, само молам ама нема абер..ми смета конкретно “градинка”.
    Нема да почнам со работа, тек наредна година, ама поради тоа што нема кој-морам јас да останам дома за тој период на привикнување, за настинки, бактерии чуда и затоа решивме сега а не понатаму да ја пратиме.
    Што е до мене јас би ја однела на 3-4 години, ама и тогаш ќе ги имам истове мисли 100%

    Инаку апдејт за неа, вадиме горни кецови, едниот проби другиот е на пат и маки мачиме, нервоза гризање, мислам дека е полошо од првите.
    Успешно учиме да јадеме сами и да јадеме парчиња, само со страв од алергии па полека воведуваме се, не сме толку модерни како на инстаграм. Јаде два оброка, кај и да е ќе почнеме со вечера.
    Чекаме упат за ехо на бубрези имаме страв да не има рефлукс и ортопед ама Македонија и здравство-може до година ќе закажат.
    Лазиме тераме, се исправа кај ќе стигне, паѓа на гз, се пика под маси под столици под се што ќе ја собере ( и што не ја собира па има плачки кога ќе заглави), само се удира, чука гребе негде, ептен темпераментно бебе 300 на саат, само глупости прави, не сака играчки, цртани, едукативни работи. Сака само глупости, да чепка, да влече и тегне, стиска, врти и сака музика.
    Оди, прави чекори со држење на раце или да се држи некаде, седмосед, маса, проодувалка, рандом кутија и сл.
    Џампер, дубак тоа ништо не доаѓа во предвид. Ама ни креветче, уште до мама или врз мама е најубаво.
    И какво мислење имате за бел шум, white noise или шушмиши. Не знаѓ кој како го знае. Ние уште така заспиваме и ме фаќа паника да не претеравме. За психичкиот развој, за одвикнување кога тогаш ќе се одвикне и сама:D

    Ве читам ама слабо сум активна, затоа еве ме долго и на широко:rofl:(facepalm)
     
    На DaisyD, Филотеа, DaftyCrafty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    13.079
    Пол:
    Женски
    Многу е нормално така да се осеќаш, јас се истурив од плачење прв пат кога го пратив, други мајки плачеа пред градинката. Се тоа е нормално и поминува. За старт, ти не мора да ја носиш 8 саати. Секако кратко ќе останува додека трае адаптацијата ама и после тоа можеш да ја носиш на 4 саати колку да одмориш, да испиеш кафе со другарка, маникир, фризер. Постепено ќе се навикнувате и двете една без друга.
    Ќе ти помине ова чувство верувај, како раснат со душа ќе чекаш понеделник :D
     
    На gothchick, Tiny Love и Anturium им се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Се е нормално мајка. И јас моментално го минувам тоа. Некни ми се јавија за пракса, убава шанса што со години ја посакувам, а сега размислувам да не прифатан. Се прашувам до кога ќе е вака. Дали ќе е исто и ако на 3 години го пуштам, дали ќе е толку тешко како сега. 3та вечер по ред го гледам како спие и си плачам. Како ли ќе се помирам 9 саати дневно да не го гледа, како друг ќе го чува, ќе го гушка ли како мене толку, ќе јаде ли ќе има ли ред. Психички се измачувам многу. А замисли мојот е оставан со саати со бабите, х пати има спиено со нив. Дури еднаш е оставан и на цел викенд. Па пак се чувствувам исто. Дури си мислам дека ќе ме отсака, дека нема да сум му битна. Па каква мајка сум јас 9 саати да го оставам без мајчинска љубов.
    Едвај го чекам денот да се смеам на ова. Стварно, сакам смешно да ми биде. А не како сега да немам мир во душата. Мора веќе да се решам, доста време развлечувам, ама време е :(
     
    На gothchick, DaisyD, Tiny Love и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    На иста возраст се, и како да се читам сама. Залепени за мене, женсково и да и пружи раце кај никој не оди освен кај мене. Имам уште од породилното дека близнаци, ама за два месеци мислам да ги пуштам по малку во градинка да се учат затоа што со две не знам како ќе биде, а морам неизбежно да се вратам на работа и не сум спиела месец од мисли. Никогаш не сум ги оставила, кај да одиме секаде заедно, откажував се, и прегледи здравствени за мене, и психијатар за да не се одделувам од нив затоа што не можев да издржам кога пробав, се вратив со плачење. Со тие шо сум зборела викаат тешко е неколку дена, после ќе си го цениш времето, ама кој знае. Јас, ако ти е од помош пробувам да размислувам вака: дека градинка им е неопходна и за нив, а и за нас, дека не можат цел живот да се залепени за нас, ова е првиот голем чекор на одвојување како посебни личности. Дека сето тоа е за нивно добро, мора да стапат во контакт со свет, па после ќе се радуваме на се што научиле таму надвор без нас. Верувам дека ќе биде корнење од плачење, и ние и тие, на мојава не верувам дека и 4 месеци ќе и стигнат за адаптација како што е дифтар, ама се убедувам дека тоа мора да се направи и дека можеби ќе ја смени. Инаку иста е како твојата, Живче ја викам нагалено, од беља во беља, вчера успеа и прекидач за светло да извади, пошо нели тоа им е најсензорна играчка |( Друго ништо не ја интересира, само ако е нешто што не е за деца.
     
    На gothchick, le.soleil и DaisyD им се допаѓа ова.
  8. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Можеше од ротата да се јави запек?
    Првите две ги минавме солидно, али третава наплаќа.
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    Да
     
  10. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Иста возраст сме. Нашиот татко работи по 10 саати. Мајка му и татко му не живеат со нас ама и не се многу далеку, ама пак помош апсолутно си немам ич. Едниот е пензионер другиот работи, ама небитно ако се сака има време за помош. Ама требало да се спремат сега зимници за сите деца со ред. Предходно нешто друго.. ок мене не ми треба помош само на другите им треба. Кај моите ја оставам често ама на кратко. За исти потреби како што кажа ти, нокти, фризер, преглед, банка и сл. Генерално е цело време со мене. Сите обврски, убави и стресни моменти се на мене лично. Ама памти па врати!!
    Јас за на пролет планирам за градинка и уште од сега ми доаѓаат такви чувства и ми се плаче кога ќе помислам. Да требаше да одам на работа секако дека градинката уште сега не ни бегаше, пошто сите си се тргаат и правдаат со нивната работа.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    16A8D2D1-365E-46DF-88C0-35CEB81B092F.jpeg

    Се одјавувам од темата со оваа слика и ве поканувам на торта! :inlove: Ние денес полниме годинкааа :l:
    Гушкајте малишани пребрзо растат :l:
     
    На warrior, Sunrise!!!, oblace1 и 31 други им се допаѓа ова.
  12. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Лелееее пораснавте :inlove: среќен да му е роденденот:party::party:
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.104
    Допаѓања:
    110.989
    Пол:
    Женски
    Ви се десило од возбуда да не сакаат да заспијат? Почна да се пушта се повеќе, буквално веќе не седи, цело време е од кревет на мада, на столче, на другата маса, на ѕид и до кујна ќе се довлечка. Едно раче дај му и трча, не оди. Се плаши, не дека не, ама прилично е опуштен. Денес и со балон си играше, возбуда левел макс, едвај заспа. Никад не заспал после 22ч, денес скокаше, играше, едвај на сила мислам го заспав. Извадив алишта веќе 80ки му се точни, многу брзо ми нарасна од 68ца на 80ка, ми се чини преку ноќ. Слаб е, ама долг и со ноџиња шлапатарчиња. Јадеше некоја круша вчера, ама така помека и денес има доста течна столица, малку ќе пазам деновиве. Ми е страв од стомачен многу, и за бате сум се тресела. Додуша никад немал стомачен.

    Ме интересира кога почнуваа да ставаат капачиња, да возат колички, да учат некои работи од типот на како праи тоа и тоа, како праиш ти, кај е тој и тој да го бара?
     
  14. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Од колку месеци почнавте да користите бебешки перничиња ?
     
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Фалаа мајка :l:
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.104
    Допаѓања:
    110.989
    Пол:
    Женски
    ако мислиш на оние рамните, не користев никогаш. Ако мислиш на перниче перниче такво поткренато после 2ипол години.

    Среќен роденден убав дечко!
     
    На Anturium и Amore123 им се допаѓа ова.
  17. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш не сум користела никакво перниче.. кога сами побараа тогаш им ставив голема, ма да еве синко 3,5г е заспива само на неа и после ја бутка и цела ноќ спие на рамно :)
     
  18. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Од што може бебе одеднаш да одбива јадење со лажичка?
    6++ сме, со вкусови почнавме на 5ипол, една недела отприлика давав оброк цел. Сѐ ми бендисуваше, т.е. отвараше устичка без проблем.
    Пред 3-4 дена прими трета доза вакцина. Од тогаш како друго дете да чувам. Ни оброци, ни лажички, ни доење ни бутур, шише секако не фаќа. Три дена не е јаден коса ми обеле од стрес.
    Има ли врска со вакцината оваа промена или да барам друга причина?

    Едит:
    Да напоменам имаше и некаква кашлица што веќе поднамали, сега останавме само со секрет во носот. Си велам веројатно и тоа му прави тегоби околу јадењето, ама вака весел е, активен.
     
    Последна измена: 13 октомври 2023
  19. Jasmin@

    Jasmin@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, ние сме сме 11++

    Сакам да почнам да давам тетрапак млеко.

    Инаку имаме 3 оброци и пиеме адаптирано млеко 3-4 пати во денот по 90 мл. И 5-6 пати ноќе исто по 90 мл.

    Ме интересира од кога почнавте со давање на тетрапак и дали го разредувате млекото со вода?
     
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Од кашлањето и носот е намален апетитот
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.