Ако ти е од финансиски аспект, рачунај дека е поскапо со кравјо, да знаеш. Подобро земи поефтино АД отколку тетрапак. Прво што тоа во тетрапак е се освен млеко, второ што нема потреба од кравјо, а штетата знае често да е преголема. Тебе ти оди литро млеко во денот, тоа се 80ден, за 10 дена колку што би ти траела кутијата ад се 800ден, АД на Бејбилав од ДМ е 350ден. Бар знаеш е формула специјално создадена за нив а не тетрапак со сомнително потекло.
Мајки не знаев каде прашањево па ај тука, ми се породи блиска личност, освен на бебче, сакам да земам нешто и за мама Што би можело да е, да ја израдува некоја корпа со нешто ли, подарок некаков ли, да и дојде убаво да кажам? Не мислам на накит или нешто такво, и исто не на работи за доење, да не биде чај за доилки или такви ствари... Ич не сум креативна за жал Ако ви текнува нешто пишувајте
Држи вода скроз, ама прво разболување ни е, додуша и првпат слушам толку мало бебе да кашла и како мува без глава сум. А вака си цицнува нормално, ни помалку ни повеќе.
Купи и некоја книга, убава шоља за кафе, нешто благо, папучи, тренерки, нешто да речеме коузи, дека и следат 9м во коузи расположение.
Зависи колкав буџет планираш. Јас на моја блиска така симболично и купив убави стегач и шнола со порака да си ја врзува косата кога бебе ќе почне да тегне. Мене другарка ми ми даде кармин, ми имаше смисла и тоа доста, во стилот, за мајката да не престане да се чувствува убаво. Ова се посимболични опции, ама можеш некоја колекција органска пример, еве и Ангел дала убави предлози.
Многу ви благодарам, книги чита, може да и земам книга, имам и пријател што принта, да и испечатам нешто интересно на чаша за кафе, м? И ова со стегачот и шнолата ми се виде многу интересно, а и благо обавезно
Уф уф убајни. Ем подарување ем примање. Многу сакам да купувам подароци, делот со шетање низ продавници ми е мерачки, особено пред празници. За другарката, честитки, здраво живо малото! Среќна е со таква личност како тебе која сака да ѝ направи убаво приредување, браво. Камо и мене некоја да се сетеше на тој начин, стварно... За подарок, нешто да биде лично, шминка некоја карминче, сјајче или лосион за тело убав мек нежен за по капење. Во Белина има убави и за доилки... Некој долен веш со градник/бебидол, нешто памучно така. Колачи нарачај ѝ со буква, со цвет било што. Бомбоњера можеш со аранжман со цвеќиња во портокалова боја, есенски нешто. Чаша е супер исто, зависно на што е љубител, има интересни што следам профили за чаши гравирање. Сакам да си нарачам сега и јас една есенска. Блузичка, пижами прилагодени и за доење, привезок за клуч симболично за мајка и бебе, мало раче голема рака измеѓу буквата на бебето или срце. А имаше да ти кажам и многу убави ланчиња со привезок и буква гравирана по инста. За околу 1200 денари нешто плус. Така што има има многу има за тој кој сака да ти подари...ах...
Фала ти мајка, фала и за идеите Ке ставам лабелце и органски гел некој за бањање ради бебче/доење, и сите со порака да бидат, пример кафенца врзани со порака when the nights were too long пример, лабелцето со пораче исто, сите стварчиња во корпа што ми текнаа и со пораки така врзани за нив Се надевам ќе и се допадне
Мајки кога почнаа да кажуваат чао со раче вашите бебиња? Моите се 11 месеци, родени предвремено, корегирано се 9 месеци. Вака си играат се закачаат, си зимат играчки, се радуваат еден на друг, подаваат рачиња да ги земеме. Тапшин тапшин едното има обиди да прави и браво, другото не. А чао и двајцата не кажуваат.
Моето прави тапшин и чао од 6ипол медеци. Ама секое дете си е своја приказна. Внук ми после година почна.
Ваучер за спа. Добив таков подарок и ќе го паметам цел живот. Така убаво ми дојде спа за мене и мм сами на 1 саат без бебе
Здраво мајки, нели мед не се дава до 1 годинка заради ризик од ботулизам. Дали знае некоја дали постои ист ризик и ако восокот од пчелите содржи спори/бактерија? Ја мачкам ќерка ми на газето со домашна крема од пчелин восок и маслиново масло и ме фати страв да не не смее и тоа. Барав по интернет не пишува ништо конкретно за тоа.
Преку ден ако е какана менувам одма, кога е само мочкана се водам од изгледот на пелената. Навечер ја минува цела со гаќички, сабајле е балонче пошто цица во текот на ноќта, а не можам поспана да ја менувам без да предизвикам плачење. Нема правила, прави како што тебе ти е логично и изводливо.
Како што ти пишале кога е какан одма а мочан кога ќе се наполни, навечер практикувам му ставам поголем број за да собере повеќе а го пресоблакам само во случај ако протече. Кога сме излезени само ако е какан за мочкан тогаш најмногу седи до 3-4 саати може.
Мајки ако имала некоја слично искуство да сподели. Во средата детето го носев на шетање низ град, кога се вративме до вечерта ми крена температура, не можеше во вц да оди, качуваше два пати до 38со5. Утрето ништо не му беше, си какаше убаво, два дена супер си беше. Денес пак шетавме низ град, сега почнува пак истото, на ручек ми протестираше, се напнуваше, се лутеше и лошо изгледаше, само што стана од спиење, пак заспа. Нема температура сега за сега. Заби му излегуваат од тоа ли е од што, да е нешто болен зар е можно два дена ништо да нема па пак да повтори. Не го носев на доктор зошто стварно ништо нема детето, доста вируси има по болниците да не го заразам со нешто, препишавме на заби. Не знам што да правам, да го носам ли на дежурен, без памет останав.
Ако добро те сфатив пие 8-10 пати по 90мл млеко? Значи 700-900мл во едно деноноќие? Мене ми личи како многу млеко ова. Да пробаш преку ден да е поголема количината доколку сака на пример 3 пати по 120 или 150мл, можеби на тој начин ќе станува помалку ноќе. Или да презаспива без млеко. Дали дека моево не станува ама некако ми е премногу на скоро година, 5-6 пати да се разбудува бебе. Сеуште не сме стасани до таму и немам искуство, лаички нафрлам.