Моето е 6+ му дадов морков варено со компир, реков да пробам пасирано, да не е блендирано, со првиот залак се задави, многу се уплашив, го поврати , се виде излезе мало парченце морков.
Мајки помош, бебе е 10 месеци беше болно цела недела со тт 39 од вчера фала богу нема веќе тт ама денес изби осип и на педијатрија ми рекоа да давам лорадин да не ја чеша и побрзо да се повлече, ама не рекоа ни колку да давам ни ништо и купивме сега читам дека не се препорачува кај деца под 2год, што да правам хелппппп
На сите што се против алергија пишува дека не се препорачува кај деца под 2 години, но ако ви кажале да пие треба да пие. Обично дозата е помала од најмалата пропишана. Што ви дадоа да пие?
Нас ни рекоа дека не е препорачливо под 1 год но доколку е потребно се прави исклучок. Штом ти рекле дај
Давав јас на моето кога беше 3м оти исфрли алергија, давај слободно. Ама мене повеќе би ме загрижил осипот после тт, каков е? Зошто лоратадин ако не е алергија, исчезнува кога ќе го налегнеш со чаша? Ако исчезнува може да помине со лоратадин ама ако не исчезнува тогаш внатрешно е, треб да го проверат. Здраво инаку, ви се придружувам во групава, мали денес наполни 6м. Прво прашање, дали додека ги успивате ве тепаат со раката? Моето почна да го прави ова во скоков и ете не престана, нервозно ме мава, дали по рака, образ, града, исто прави и на шише и општо периодов удара по се, тупа. Не знам дали е нормална развојна фаза или недај боже си помислувам дека нешто не е во ред со бебево мое. И нервозен е општо ноќно време, многу немирен, заби се спремаат за излегување, дали може до тоа е?
Од 7 месеци. Почнав со смоки да ја учам змаев дека се топат и нема да и е ништо ( не дека е правилно туку така се осеќав подобро лично јас) иако она беше спремна и сама почна да бара ми ја зимаше лажицата, едвај чекаше да капне нешто на столчето за да го граба со раце и прсти. Сега за сега е успешно, првите денови враќаше нешто пошто е лакома и многу пикаше, денес се случува тоа ако нешто и е превкусно. Совет од мене ако почнуваш, не се води по инстаграм и соц. мрежи туку по инстинкт. Да, пребарај како треба да е соодветно зготвено и сервирано според возраста и тоа е тоа што е најбитно, останатото ти води го.
Тепаше и уште тепа, а веќе е 9м. Највеќе додека цица за заспивање ме мава со рачето, а почна и со глава да ми замавнува додека си играме и го држам во раце.. буквално ко да сака со глава да ме удри во глава и тоа 3-4-5 пати по ред иде напред назад со главчето
Мојот е 8 и до сега сум дала само бисквитка сам да јаде и големо парче јаболче убаво му доаѓа на забчињата ама тоа под контрола зошто знае да загриза малку повеќе.
И мојава мава, како што пишала NNK кога ја држам и ме мава по лице по рамења, ако е подолу по раце, често мава на површини што произведуваат звук па мрда игра, ќе се возбуди рипа скока. И проби еден горен кец, сега вториот ќе биде за ден два ама мислам дека е фаза, не е од забите. Долноте кецови ги извади без ова тепање, тогаш не го правеше воопшто. Мене повеќе ме нервира мрдањето напред назад, кога е во количка мислам дека ќе ја скрши или мрда лево десно со главата како “не” да кажува. Одма се испаничив прашував роднина и другарка да не е некој лош знак, ама не. И тоа било фаза
Не знам каде да го поставам прашањево па затоа тука. Се истурив од повраќање ноќеска и цел ден. Што можам да се напијам?
Мами вие што имате бебенца со рефлукс 6+ дали продолживте со АР 2 формула или преминавме на обично АД?
Јас вчера прашував, испиј пробиотик, јаглен, парацетамол ако те тресе или те боли телото и најбитно дремни
Неизбежно е да ти се увртуваат такви филмови, не верувам дека има некоја што не се загрижила за тоа Нема друго чаре освен да си следиш ситуација, што е глупаво да се каже ова кога секојдневно следиме сè и секогаш нешто ќе нè загрижува.
Во право си не дека не, еве го синко 3,5г ги има.. си збори, се прави, најнормално дете си е и пак му наоѓам “симптоми”
Исто И истото ќе го правиш и за малото Особено кај мене е изразено бидејќи прозборе подоцна, после 2,5 години. Се пореметив
Хахаха исто исто, сега убаво зборува ама ме сецна на плажа кога почна да си ги реди лопатките по ред убаво едно до друго
Дали има некоја мајка со слично искуство? Малото е скоро годинка, од 7 месеци ноќе се буди и не прифаќа ништо освен да заспие меѓу нас. Но последниов месец не се издржува, кога ќе се разбуди не презаспива веднаш, а почна екстремно немирно да спие, да клоца, да кубе, да удира во сон. Инаку пробавме последна дремка да е порано, подоцна, со една, со две, со три дремки, порано да вечера, покасно да вечера, порано да заспие, подоцна да заспие. Ништо од ова не се покажа успешно. Не се заби бидејќи веќе има 8 и го минавме тој приод со кенкање од заби. Тотално сме исцрпени, не спиеме по цела ноќ, а ако заспиеме добиваме клоца или бокс