Тепа, мава, бута раце во уста, нос, око, штипе, и ако изреагираш се смее. Не агресивно, си плеска по цицето пример. Многу е пргав, што да правам. Јас синоќа вадење од памет... Бевме на роденден со бате и си дојдовме го земав бебо да го заспијам, пипкам на главчето топче, горе, не доле, мало топче ко ковче некое. Нема црвенило, нема ништо, не мрда, тврдо топче. Утрово ништо немаше, најверојатно беше каснато од инсект, али јас поштено се извадив од памет.
Некоја мајка што преживеала шести скок со близнаци да ми даде надеж? Ќе се вратат назад бебињата или ќе си ги чувам диносаурусиве? Јас не знам што бебиња се ова што лумпуваат со само 4 саати сон во деноноќие, да не се застанувало, а спиење никако. Таман едно ќе папса, ќе го успијам во креветче, другово писка од некоја возбуда и го буди и толку, пак журка. Се мрднав, не е еден ден, 3 недели се вакви веќе, а сама, од опциите за помош испаднаа само повеќе проблеми.
Ја до годинка не им купував ништо со тркала за да не се трипам Уствари вртење тркалца, редење играчки, мафтање со рачиња не се никакви индикатори. Дури и незборењето само по себе не е доколку постојат вештини за невербална комуникација. Ама тоа не го дава како прв резултат на гугл. Треба троа малце да се помачиш да дојдеш до релевантни извори во морето од нецелосни информации
Само упорност да го одвикнете од спална. Земи си околу две недели слободно време што ќе можеш да се посветиш на тоа (кај нас траеше толку одвикнувањето). Секогаш кога ќе се буди прво пробај во креветче да го презаспиеш, ако многу плаче го зимаш да го смиреш па пак го враќаш во креветче буден. И се така едно илјада тридта шеесет и пет пати Напорно е премногу, ама со текот на деновите станува полесно. Сега си спие во креветче и во текот на ноќта најчесто презаспива сам. Ама пази, еднаш ако попуштиш нема назад, мораш доследна да си. Ова само ако ви смета да спие на спална. А дали ќе сврзува повеќе во креветче не знам, за тоа совет немам. Барем нема да ве боксира
Еве сум, жива...ќе се вратат на кратко па ќе дојде 7ми, па 8ми и тука веќе се помириш дека до 2030 ќе ти биде забавно
Мојот колички вози по површина, дали на кров или на тркала не му менува ништо, и бучи, бм бм... А тркалата, тркалата ги јаде
А што е она што дава мир, знак дека е ок со развојот? Зашто стварно нема мајка да не се замислила што се случува, откако видела дека детево си вртка тркалца... За син ми 3 и пол години сѐ уште знам да се сомневам еј, зборува имитира се преправа, ама црвот не дава мир. А кај бебиња вака што треба да се следи? Моево 8 месеци има контакт со очи и сега се врти на име, дали случајно или не, ќе видиме. Работата е што мајка е на штрек цело време, само барам некој знак пу пу пу скраја. Деновиве му менувам фаца, се правам сериозна и тој се заозбилува, и следен момент се кезам скроз, и мали се окезува. Ок, си викам имаш сенс, ваљда...
Еве сум јас ахахахах пред некој ден буквално 100 пати го викав по ред по име и цело време се вртеше, ама битно во очи право ме гледаше со првите две не сум гледала ама баш ништо, сега што ми стана којзнае многу читам глупости изгледа
Јас ништо не читам и за ништо не се замислувам. Мислам детето ми изгледа сосем во ред, освен тепањето што ме загриживаше малце, ама штом рековте фаза е не му ја мислам. Искрено јас не ни знам кои се знаци кои покажуваат заостанување во развој, пу пу, според виндер викс се прави што треба во негов мајлстоун па само тоа и пратам. Деновиве тапшин тапшин му е ептен хит, браво прави на секоја музика и пеење по дома, играчката ќе засвири он браво и кажува, ептен е смешен, и среќен е што научил одма се кези и не гледа како реагираме
Не ти реплицирав на првичниот пост. Тепа и моето кога се успива. Ако е ставен меѓу нас на спална знае со двете раце во исто време да не шлапне по една воспитна. Не знам за што конкретно зборите, ама јас се трудам да не се опседнувам иако просто е невозможно секој родител во одреден момент да не се плаши, запрашува и слично. Не читам премногу зошто мислам дека тоа раѓа уште толку нови прашалници, а сакам да уживам во растењето без константно да се преиспитувам. Мислам дека до сега е сѐ како што треба во поглед на интелектуален развој, не гледам нешто што отстапува. Тапшин пример не прави, ама сигурно не му дошло време. Моментално е фокусиран на вртење, кревање со газе, обиди за лазење, седење итн. Секое во свое време си достигнува одредени вештини, не е секогаш сѐ како по книга. Нека се живи и здрави само.
Ај да зберам сила да стигнеме до помирувањето, готова сум да се предадам. Не дека некогаш досега преспале ноќ или лесно заспале, тоа секако си дежурам константно, ама сега со скоков ко фобија да имаат од сон. Успана цела госпожа седнува сред креветче и плаче додека ја земам, ќе ја земам, мава по мене, гризе додека не ја спуштам, па лупа низ креветче лази демек бара позиција и вриска, машкото па ако задреме и оваа му врисне, одма зајдува и нема шанси да го презаспиеш, па липта со саати. Ај, битно си се пожалив, да не ми тежи, не дека ќе ги сменам децава.
Да и предходно зборевме за ова, моево пак абер нема ниту за кревање газ, ниту за лазење, се врти ама и тоа ретко и кога лежи долу цело време си игра во едно место и не мрда многу многу, на стомак кога е многу стенка, лежи ама се гледа дека не му е убаво баш, ама пак штом се фати за нешто одма се дига за седење, вчера дури и го хранев во столче, си седеше исправено и стабилно како по 100 пат да јаде Луѓе јас ќе ве прашав во кенгурот колку време е паметно нанапред да го шетаме? Маж ми така само го шета, знае и 2-3 саата да се маат така, мене ми е на мисла.
Мир ќе ти даде само средувањето на твоето ментално здравје и анксиозност, ништо друго. Зашто ако се опседнеш веднаш штом ќе достигне еден мајлстон одма ќе се опседнеш со друг и наместо да уживаш во растењето на детето ќе се окупираш со дали прави или не прави нешто. Ова барем е моето искуство. Да ти одговорам на прашањето, мене мир ми донесе тоа што ги проучив критериумите за добивање дијагноза, сфатив дека без дефицит во комуникациски вештини ниедно чудно движење на децата не е за загрижување. Го следев развојот преку прашалници што се очекува во која возраст и бидејќи немаа никаков застој или доцнење решив дека е време да ги ставам грижите на страна. Тек тогаш увидов колку мојата анксиозност и целодневното будно следење влијаело и на нив. Доколку имаш сомнежи за големиот, консултирај се со стручно лице, ама на тие години знаците се веќе доста очигледни така да ако имало некаков нетипичен развој верувам дека би имале секојдневни потешкотии, ако немате веројатно е само во твојата глава. 8 месечно бебе треба да е само бебе. Не го гледај под лупа, само гушкајте се.
Така е, повеќе е анксиозноста моја отколку реалноста. Јас сѐ додека не прозборе, леле, на година и пол овој период баш пред две години, готово, дефектолози контактирав што треба да зборува, дали е за загриженост, зашто не зборуваше сѐ уште многу. Потоа следев мимики, гестови и знаеше да се затресе или прстите некако ги гледаше и јас едно време збеснав, особено црвот ме закопка кога гледав на инста, развој низ игра профилот споделуваше знаци и шизнав скроз. А замисли пред видеото бев помирна, ама толку требаше. Потоа ќе му поминеше фазата со затресување, па друго нешто детско ќе дојдеше. И на две години се пушти баш. Сега е супер. Ама се замислувам ради што тантруми имаше, па сега си има некој детски инат и однесување типично детско, ама главата полна мисли не дава раат. Тоа е. Инаку за тантруми бевме во јуни со него на психолог, моја желба да го види. Сѐ направи во ред и таа рече детето има уреден развој. Ова пискањево ме вади од такт и пиштење, вриштење. Кога станува од дремка со врискање, полудувам. Пред некој ден сакав на психијатар да го носам, убедена дека има нешто психички проблем, пореметување можеби И помина засега. Фази се. Има врска когнитивниот развој кој кај него е бурен и кога има забрзано темпо не може да го следи. Се престимулира и тоа води до силни испади. Инаку сега е тата мата. Брои, пее, раскажува, имитира, јаде сам, самостоен е, и нормално, во бебешка мини фаза е ради бебето. Бебево се гушкаме, мило е, погаче мало е целото
Треба да излезиме од шестиов скок оваа недела. До сега не беше проблематично, сега на крај кенка по цело време додека е будна дури да не знаеш дали и кога нешто ја мачи. Ќе го препишам ова на скокот и на заби. Друго се загрижив. Кога нешто ќе и падне или мене ми падне и ќе лупне појако се плаши и плаче. Дали е ова нормално? Само што заспа и тоа одма штом лапна цицка, а предходно ми трепкаше со очињата едно по друго и ги триеше вајлда што и се спиело.. И уште нешто. Ве читав со тепањето, и мојава тепа по града и по лице кај мене додека цица, ама знае и да се удира и сама по лице, исто додека цица и заспива. Ова го прави некое друго бебуле?