Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.693
    Допаѓања:
    5.944
    Тие инстаграм видеа со знаци се живо зло за анксиозни мајки :D
    Едно време кога се трипав само такви ми искачаа, и тоа повеќето беа први знаци на не знам 6, 7, 10 месеци и снимани бебиња што прават некои движења или еве вртење колички и готово чивија влезена. А врска нема, све тоа надраснаа и се развиваат типично и немам тронка сомнеж веќе. Ама кој ќе ми го врати времето што си го изгубив.
     
    На Mihaela123456, kozuf, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    12.225
    Пол:
    Женски
    Изгледа е во молскавичната недела па затоа ти изгледа кенкава.
    Мислам дека е нормално да се плаши, бидејќи резонира веќе и одредува што ја плаши, како што се плашат од непознати луѓе.
    Мојов вчера ме виде преку прозорец затворен, некако како рефлексија му дојде, светло чудно и ме гледаше како зачуден како пред плачење. Се тргнав и отидов директно пред него, ти да знаеш како ме гледаше ко првпат да ме гледа. Се чудеше мало, се пикна во баба му, се заврте со главчето, па пак ме мерка... Леле и се почудив и се исплашив и смешно ми дојде.
    Ме штипе и мојов ме чепка за нос ме тегне, самиот не се мава, можда се чепка мислам, ама немам забележано нешто особено. А исто нормално е да се мава.
    Овој па рачињата си ги гледа, нормално е луѓе? Хаха леле ќе се пореметиме..
    Кажи ми со спиењето ноќе како е твојата во скоков, знам еден ден разлика беа.
     
  3. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Ги гледа и мојата рачињата ама не многу често.. баш ќе се пореметиме да ти кажам. Едно време и тргнав натаму, почна притисокот да ми се качува.
    Со спиењето.. што да ти кажам, си ја заучивме меѓу нас и јас сум во улога и на храна и на цуцла, пошто не фаќа ни лажачка ни никаква. Ме остава да дремнам сат, два и бара цице, независно од скок и независно дали и се цица или само ќе се гали и призаспива. Е така спиеме од кога е родена. Ретко се случило да спијам 3,4, 5 сати најмногу без престан. Инаку да, вие сте на 04.02 ние на 05.02. Ќе си ги памтиме родендените.
     
    На Splendor. и elenaklasik им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik Доста сега ти со рацете :rofl:
    Моето има 4 и пол месеци, од вчера си ги гледа, денес заспа зашеметена од гледање :D
    Доста со црвчиња :x
    Си одам од темава, кај дојдов, рано ми е :D
     
    Последна измена: 16 октомври 2023
    На Panovic и elenaklasik им се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    До сега двапати испитувавме крв на малиот. И на двата резултати лимфоцитите се двојно покачени. Нормален наод е ова за бебе од 6 месеци?
    Немам референтни вредности според возраст.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.940
    Пол:
    Женски
    Се тепа и моето, му растат двојчиња, душа си извади. Јас барам од некој да ми донесе од Германија Осанит, многу е нервозен, а викаат бугарските не чинеле. Нервозно мајки, ако го изнервираш ти отиде раката, што најде гризе, брат му го одгриза за уста, недајбоже ќе направиме беља. Се мава по глава, по уши, се кубе, гризе, знае и со отворена уста на нас на пример да мрда лево десно ко да се чеша. Душа мила. Премногу му е болно, знам.
     
  7. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Ние имавме 2 паковања од Германија баш. Никаква рзлика не приметив и давав уште од 5 месеци на 6 ми извади прво. Сега е 8 месеци горните кецови и искачаат.
    Двете паковања служеа за играње повеќе него што им е намената. Едните ги изгубивме а другите се истурија низ куќа останаа уште малку. Дека и тропаа, плус мало паковање совршено за грицкање.
    Сите симптоми освен температура ги имаме. Еве едниот горен кец и излезе сега вториот деновиве кај и да е, нервозна, од нигде никаде заплачува, се буди 194857 пати, офка и кенка во сон, плаче во сон, се буди, се лигави, ги трие, сака ладно сака гуми да тегне со сета сила (не играчки гуми туку оние што се за овошје да се замрзне и гуми што сум ставала заштита за ќошеви да не се удира), гризе, на прст мој ги трие, ја врти главата лево десно како замаена мисли дека ги чеша.
    Буквално никаква помош а и давам по 12 преку ден, 3 пати по 4 топчиња.
    И ставав и еден прашак германски, тој локално делувал, ништо ни тоа не помогна.
    А жената што ми ги даде, за нејзините џабе ги купила немале никаков симптом само им изглагале, на двете нејзини.
    Сепак од дете до дете изгледа зависи и може нешто моментално да им олесни како чешање или ладно или гума.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.940
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше дали ќе се смири малку, многу е нервозен.
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Што им давате на малите да јадат кога имаат пролив? Освен компир, ориз, банана друго што да давам?

    И дали дава некој адаптирано на бејбилав од дм? Дали прави грчеви, мачнини или лесно е за варење? Се мислам од аптамил да преминам на бејбилов.

    Моево шишето го тепаше кога пиеше млеко, па и ден денеска знае да му се случи. Не се грижи фаза е.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.940
    Пол:
    Женски
    Јас давам, 1 млеко во денот пие, додека сум на работа, неќев друго сакав млеко да пие и давам двојче сега. Супер го прифати.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    А има ли без лактоза? Малово без лактоза пие, не сум пробала да му дадам со лактоза.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.940
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна.
     
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Нема врска и германскиот. И гранули и гел користиме, не гледам некоја значителна разлика. Нервозен е, се тепа, гриза, писка во сон. Жални се ама тоа е период кој мора да се помине
     
    На 1209, gothchick и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Ми треба совет околу хранењето.
    Ќе ги пишам од прилика времињата зошто знае пола саат-саат да е различно.
    Пие млеко во 1 навечер, па или во 4 или во 7 сабајле. Ако пие во 4 станува накај 8-9 и правам доручек. Ако пие во 7 станува накај 10 и тогаш и правам доручек. Значи има две млека пред доручекот што се ептен во бош време кај што не би можела да и спремам било што. После тоа пие во 13 на пладне, па има ручек накај 16-17часот и навечер 20-21 часот млеко.
    4 пати млеко, 2 пати оброк.
    Кога да и ја воведам вечерата??
    Секој ден се туфкам никако да почнам. Дали млеково во 20-21 да го сменам со храна? Или да и дадам доручек па одма ручек, млеко па вечера? Како и да е ќе и се фатат два оброка еден по друг без млекце измеѓу. Е сега како да одберам кои да се? Повеќе од 6 пати не јаде.
    Или млекото сабајле да и го преместувам да и биде цело време во 7-8 (што е скоро невозможно зошто никако не презаспива во 4-5 ако стане дур не јаде/пие).
    Немаме распоред никаков, одприлика само, многу се нервирам. Некогаш се јавуваат ситуации ја разбудил некој или имаме обврска и све се менува.
    Има две дремки едната саат време другата саат ипол, ретко два.
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @gothchick, кога заспива на вечер? Кога станува отприлика наутро?

    Јас ако дадам млеко околу 4-5 наутро, ако се разбуди тогаш, на кај 8 веќе давам појадок. Во зависност од тоа кога станала.
    Околу 11 со прва дремка млеко, па ручек.
    Е сега зависи колку ќе се успие после ручекот со втората дремка, ако ја фати веќе на кај 17:00 или подоцна веднаш давам оброк како вечера и веќе во 21:00 плус, минус е заспана.

    Ако се разбуди порано, давам малку млеко само околу 60мл, колку "да купам" 1-1,5 час до вечерата.

    Се надевам ме сфати кркамбар со пишаново направив.

    Значи ноќе/рано наутро - млеко
    Околу 7:30-8:30 појадок, ако ептен немам време за домашно, не и се чека со готова каша тераме

    11:00 - млеко
    14:00 - ручек

    Овој дел ми проблематичниот
    Значи или околу 16:30 млеко, па 18:00 вечера

    Или од кај 17:30-18:00 вечера зависи од дремката.

    21:00 млеко

    Времињата се отприлика. Не ми е детево до толку на час навикнато.
     
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.137
    Пол:
    Женски
    Млекото во 13ч замени го со оброк. Пред спиење нека си остане млеко.
     
    Последна измена: 17 октомври 2023
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Нема на бејбилов без лактоза.

    Евентуално капки да ставаш, за разградување на лактозата.

    Јас на моето му давам од капките Colactaze.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас на двете досега направени крвни слики и баш ја прашав др, рече дека тоа е дозволена граница за бебиња и не навлегував повеќе.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Фала ви, ќе пробаме денес со вечера.
    Од синоќа ја учам да спие во креветче. Си ја заспивам пак јас..само да остане заспана без да е залепена до мене учиме. Успешна мисија.
    Само што легнавме дури во 1. Последна дремка и беше во 15 часот и заврши во 16:30 и од тогаш до 1 навечер не заспа. Вака е два дена. На громчето од 6 скок сме, мајката ми ја расплака. Она си игра, се смее, активна дупло него денски што е, значи брзи гонзалез. Ја фаќа криза и се спие зева се тегне, ама не заспива, 2 саати раце ми паднаа и џабе, не сака да заспие. Ја оставив, дури диазепамче се напив и чекав она да даде знак за спиење. Даде, во 1!! Ужас и се молам дека нема долго да трае. Читав кај др гуднајт дека спиењето во овој скок е најизреметено, дури и кај деца што немале проблем, се јавува. Не беше заб, ни стомак, никаква болка дете среќно заиграно со мнооогу енергија а не спиена 8 саати!
    Мајка ми расплака.:sweat:
     
    Последна измена: 18 октомври 2023
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    910
    Мајки како стерилизирате цуцли лажали, шишиња и лажички за капки за новороденче? И колку често, каде ги сушите?
    Ако немате стерилизатор ова...