Јас ги вриев во вода еднаш на ден, ако се испрљаат и повеќе пати. Мојата брзо се откажа од цуцли, па веќе не стерилизирам толку често.
Мајки како е сега процедурата за мрп вакцината, дали е уште се казнува парично ако се одложува, следна ни е таа вакцина, а планот ми е до 3 години да не и ја ставам.
Мајки јас сум очајна за брзо тргам на работа, бебче само што не наполнило 9 месеци се успива само со цицање . За навечер ќе истрпам, ама преку ден што правиме !? Пробувам пробувам не ми успева... Еве 5 саати е будно, не може да го успијат моите, а обично си има добра рутина, но со цицање. Има ли некој совет од паталец Сите викаат ќе научи не се секирај, ама дали треба прво да се исплаче јако за тоа да се случи !? Цуцла не сака, ад не сака, количка многу тешко, а и зима иде, загадено ќе е...
Еве од паталец, ќе се навикне Мојот скоро 10 месеци заспиваше само со мене со цицање. Откако почнав на работа, прво го чуваше сопругот. 2 дена се помачиле, со плачки, бунтување и одбивање да спие. Ама сфати дека тоа е, нема цице за заспивање и следните денови брзо идело заспивањето. Па го чуваше мајка ми, свекрва ми, золва ми, девер ми и сите на различен начин го успиваа и со сите се навикна да спие. На мајка ми дури и сам му заспивал во креветче. И во градинка од прв ден сам заспива. Еве сега и за ноќното спиење не бара цице за да се успие, што претходно било нешто незамисливо. И нека пробуваат другите да го успијат, ама да не си ти во просторијата.
Извинете што улетувам во муабетов, ама и ние сме исти. Заспивање само со цице, може да се случи во нишалка или во количка редок случај. Ама проблем плус е кај нас што не фати шише и не фаќа. Мене ме мачи овој проблем, како ќе пие млеко ако случајно треба да тргнам на работа. Вие како пиевте млеко кога немаше цице? Се одби целосно или цицаше само кога беше дома?
И мојот се успива само со цице кога е со мене а со други во раце додека го шетаат низ стан само подолго трае тоа
Мојов пошо се навикна да станува во 6 (денес дури во 5:10) си остана на 3дремки.. првата му е кај 8:30 спие до кај 10 втората 12-12:30 спие до кај 2 и уште едно кратко дремнување накај 4:30 има некои си 30мин, и кај 8 веќе почнува со кенкање за спиење.. Е има и денови кога станува 7-7:30 тогаш е со 2 дремки последната ја спие до кај 3:30-4 и после кај 19:30 веќе заспива
Да не имавте оправдано зошто не ја прима, пример настинато да е нешто така? Кај нас докторката е многу напорна, се си мислам ќе не пријавува ако не ги носам.
Мајки дали и каков леб им давате? Со каков намаз за да не е суво лепче и како го служите на мали парчиња или на ленти?
Исто. Се убив од читање и анализирање, двајца доктори ми кажаа дека е нормално и вообичаено за возраста.
Моиве со скокот ги скокаат и дневните дремки изгледа, се мрднав. Мртви уморни се, ама предавање за спиење не. Стануваат во 6 отприлика, околу 10 се мачиме саат и пол успивање за да дремнат 15 минути, па околу 2 пак исто и толку. Значи преку ден спијат вкупно пола саат. Околу 20 часот навечер легнуваат, мачење за успивање до следно млеко околу полноќ, исто ко со хеликоптер да си легнал во кревет, е дури после тоа имаат малку цврст сон до кај 4 и дремуцкање со презаспивање до 6 па јово наново. Се на се, ич не спијат, ни дење ни ноќе, а се тетерават ко пијани коковчиња кога лазат.
Мојава е спанка да не ја заречам. Сигурно 3-4 часа преку ден спие, и 8-9 часа ноќе, па да не се многу се мислам.
Ке ги извриеш во тенџере и после стави ги на чиста крпа или послужавниче некое само за бебето да се исцедат. Јас ги стерилизирам после секоја употреба. Лажливка кратко време користевме и неа ја стерилизирав еднаш дневно.
Ни мојот не фати шише никогаш, ниту па млеко сака да пие. Адаптирано ни да помириса, ни во јадење додадено дури не го сака. Пробавме неколку пати како смути во шмукалче да дадеме, ама плукаше. Сега бега само што ќе види шмукалче, не ни пробува какво е. Уште цица, 11 месеци има. Планирам уште некој месец да тераме, освен ако сам не се одбие целосно. Сега цица во 5-6ч сабајле, па во 15ч кога идам дома и уште еднаш кај 18.30ч. Заспива во 19ч. За викенд цица и во 11ч.