Луѓе, ми падна внук ми наназад на глава. Цела ноќ не сум спиена. Во ред е сега изгледа. Откако падна, поврати малку и многу плачеше. Од што има ризик?
Одма поврати? Ако повратило одма ништо не му е, ако повратило по некое време можно е да има потрес, но не мора да значи. Нека го носат родителите на лекар ако е дезориентирано, ќенкаво, плачливо, поспано... Ти си знаеш сега како е.
Мајки каква е таа температура 37.4? Вчера толку качи еднаш после туширање му падна и не качи цела ноќ. Цел ден немаше и еве сега пак 37.3 Имате вакво искуство?
На 7-8м уште со ништо не се заигруваше, асално да речеш, со шушкави се лажеше најмногу. Од 9м се заигра асално, ако му е по ќеиф ќе си игра со било што, пример со коцка дрвена од брат му си ја вози како количка.
Мојот е 8 и многу сака да свири на едно клавирче што има вратичка една и менува звуци ноти, животни и некои чудни звуци. Исто има и мобилен со гумени издатоци и највеќе ги сака зошто додека ги џвака пуштат исто звуци. Во последно време сака и едно камионче со коцки ( во приколката се неотворени во ќесе) ги тепа и шушкаат или му ги врти тркалата на камиончето. Претежно звучни играчки.
Јас ставам 3 пати на ден по 4 гранули. Дозирај си ги како мислиш, на интернет има разни опции, ама 12 да се максимум во еден ден.
Се поти и мојата, цела косичка и е мокра. Во првите месеци педијатарот и ми викаше да ја дојам расоблечена, бидејќи прима топлина од мене. Ама и такво си е бебето, не трпи многу топло.
Фала девојки. Јас баш ради ова му давам лежејќи да цица 95% од времето, ама пак се поти. Главче никако на моја гола рака ако го држам дур цица и пак е оросен. Одамна си е вака, се гледа дека е склет дете.
Сируп од јаболко и кромид за кашлица се дава на бебе помало од година? Како се спрема, ако веќе може да дадам?
Мајки како се викаат тие лепенки за откукување на носето и дали може да ги користат бебиња од 11 месеци?
Дали сте правеле алерго тестови по индикација кај бебиња помали од годинка? На 14ти ноември бебе ќе полни 1 годинка ама во последно време многу почна да се исфрлува по телото (уртикарии) и со летизен му се повлекуваат. Педијатарот вика не е препорачливо да внимаваме само на исхраната..
Да ве прашам девојки на малата и излегоја уште две запчиња, него не 2 туку 3 дали е нормално? Имам обележано на сликата кој.
Обележаните бар колку што јас разбирам се двојки. И моето ги има сите единици, горните двојки и кај и да е чекаме долни. Па може и раат малку ќе видиме.