Обележаните на сликата се двојки, а иначе и кај мене бебе извади прво двојки горе, па кецови горе и после кецови доле
Кај мене долу има единици,а горе сега двојки и излегоја малку се зачудив,мислев дека прво треба единиците да излезат.Затоа прашував ама не објаснив добро.
Кога сме на тема заби. Бебе е 9месеци а има извадено 2 кеца горе и доле и 2 двојки горе и доле. 8 заби има и деновиве дава пак знаци дека ќе вади нов. Можно е да вади нов толку рано?
Јас па цело време чекам долни кецови, а значи не е правило дека први они ќе излезат. Како изгледаат непцата пред излегување, ако има некој слика?
Немам слика од пред излегување.. ова е малце искочено и тука веќе грепкаше… дали дека двојче ама не му беше баш надувано и имаше само линија пред да пукне
Јас од 7ипол почнав. Ај додека сум тука, од кога почнавте со кравјо млеко да правите некои од кашичките? Бебе има пробано ама во кифла, палачинки ама вака пример гризот со млеко не сум му го сварила уште
девојки ве молам за совет. Малата во рок од еден месец и пол два пати пиеше антибиотик.11 месеци сме. Вториот пак и најдоа мораксела ама ми качи и ТТ. Го прекинавме во саботата сега. Вчера пак качи ТТ. Не висока . денес крвна слика ЦРП 21 . Докторот не ни дава антибиотик пак. Само Далерон по потреба. Дали не мора да значи дека на високо црп се дава антибиотик? Се паничам а не знам дали да му верувам и да оставам без антибиотик? Ке се симне ли само?
За која возраст мене во аптека ми рекоа 2 пати на ден по 1 бебето ми е 7 ипол месеци смеам да давам по повеќе како што сте пишале или
Денес коа не фатив градски 21 во еден правец, ќе преживеам... Ме мрдна бебе. Прво не беше наспан а конечно начекавме кај педијатар слободен термин и го однесовме на преглед, плачки викачки, на соблакање укакан до врат, едвај го добришав. На вага, господинот манекен качил САМО 360 нецели грама за 2 полни месеци. Добро каде грешам?! 3 оброка, 3 пати неделно месо, 1 риба, 2 пати жолчка и 1 веќе оброк, житарици во појадок, вечера со млечни бази, ад или грчки. Јадеше парчиња, од денес блендирам на кратко да се разбие само месото, ако е со месо и давам така, денес на ручек изеде доста, ама па и гладен беше. Ќе блендирам, јбг, само гладен да не седи и конечно да почне да качува килажа. Во должина е солиден, 74цм, ок е со возраста, ама вака е сув ко стапче, сите тренерки му паѓаат. Јаде тој, ама моите живци, за друго нема апетит. Дали е до 7 скок или е до растење двојки, а ме снема имаме драма во 7 чина, менува тонови, улоги, бои, форми... не дознаваат до Центар. Она црвеното после 5 скок, мачкин кашаљ. На маститов како ми лепи коа ќе се пикне у мене, до срце ме боли кога ќе ме стегне врз града. Среќа па почна да спласнува.
Девојки бебе додека цица денес се удира по глава, пробувам да и свртам внимание, 8+++ сме. Се случува и кај други или?
Мајки, син ми се удри на челото два пати на исто место му се направи модринка. Не знам што да му ставам за побрзо да му помине, не за друго уште малку роденден ќе славиме , не дека до денот нема да се удри уште сто пати, ама да пробаме.
За следен пат одма штом ќе се удри, маргарин или малку зејтин намачкај на местото и нема да излезе модрица.. од искуство
Да, кога цица. Пробувам да и ја тргнам раката ама додека сака таа си прави. Нормално е. Иста возраст сме.