Прво ги седнував сите мечиња и на сите едно по едно спрејче им прскам, носињата им ги чистам, па после на мама или тато и на крај на нејзе и така го даваше носето. Ама почна послабо да пали и оваа финта . А јас си викам, само на мене ли повеќе ми искачаат со обична пумпица отколку со носко ? Некако поубав вакум ми прави.
Јаболката му ја давам под надзор цела он само ја ренда со забите нема таква сила за да откорне парче.
Јас викам НЕ со малку повисок тон, озбилна фаца и одма го тргам се покривам и не му давам да цица 3-4-5мин. Како да се поднаучи и не гризе веќе толку, ама пред некоја вечер така убаво ме гризна а поспан... и со три мачкања ланолин ми пројде раната
Леле многу ми е мачно. Секој подој стрес ми е дали ќе ме гризне или не. Не е дека не трпам болка ама ова друг левел е. Крв ми пушта, до толку јако гризе. И јас и се тргнав и викнав не, сериозна фаца, она ми се смее, си се сврте на меше и си тера работа Уште потрагично е што гризе при крај на подој ко да сака да ми најави дека сме завршиле Така да не и е нешто проблем што после гризењето нема да добие цице .
Има ноќи кога се буди дури во 4 сабајле за цицање, а заспива кај 22ч. А има ноќи кога станува едно 2636 пати и призаспива само со цицка, а не е секогаш гладна.
Кај мене е нели на Ад. Кога почнува да се буди ноќе почесто и не презаспива без храна, знам дека е веќе време за зголемување на количината на храна/млеко, дека преку ден останува гладна. Прашање - кога успеале вашите деца од лежечка во седечка положба да се наместат? Ќерка 9++, само на гарнитура ова успева до некои 50 степени да се исправи и се враќа на назад. Сеуште не седнала од лежечка положба. Друго прашање т.е малку глупаво мислење. Подолг период ќерка е со растечен нос или ќе се подобри 3-4 дена, па пак ќе се растечи, во глобала јас не го сметам како голем проблем. Крвна слика си е во ред, на гради нема ништо. Коментар од постари во околината - да редуцирам бањање на 1-2 пати неделно, бидејќи од тоа настинува. Остатокот од време само миење за време на менување пелена. Немам намера детето да седи небањато, плус и затоплуваме дома, не дека пак во двор ја бањаме.
Не знам точно во која недела, ама полни 10 месеци имаше кога седна сам од лежечка положба. Ќе се наместеше на сите 4 ко за лазење и се буткаше наназад со рачињата додека не седне на газе. Мислам дека растечениот нос нема врска со бањањето. Промена на време, малце позагадено е веќе се осеќа.. или којзнае од која причина, уште се привикнуваат на околина, градат имунитет..
Иста приказна и кај нас е периодов и тоа без заби. До крв не сме стигнале, ама кај и да е и тоа го очекувам. Буквално како глодалка ме користи.
И јас имав мака со гризењето додека да извади запчиња. Па и отпосле. Ѕвезди броев. Силно гризеше и не пушташе. Требаше да почекам длабок сон да го фати за да се тргнам. И крв ми има пуштено. Па го доев од другата града. А таа ја одмолзував по малку за да не се згрутчи млекото.
Кога ќе ме гризнеше заплакував божем да сфати дека ме боли. Исто така ми се смееше ама за брзо стварно ме сфати и прекина. Значи "плачи" и покажи дека те боли тоа место со мимики.
Мојава е 9++ и од вчера почна од лежечка положба сама да си седвит и почна и да лази ама и се лизга подлогана и паркетон и навечер станува во ниедно време и лази во креветчено и почна да се исправа и на колена ова све го прави од вчера завчера, за течењето на нос не верувам да е од капењето јас го препишувам повеќе на ветар бар кај мојава пошто се шетаме и спија надвор што да и правам многу сака надвор и деновиве и течи носон.
Коментарот беше како во смисла не е добро настинато дете да се бања. Да, баш викам. Ако е 3 недели без прекин настинато, ќе биде толку долго небањато. Инаку се исправа до кај ќе стаса, од седење тоа, за лазење не лази. Ова со обидите од лежење да седне е ново.
Девојки ве молам за мислење. Последните 3 недели, 3 различни крвни слики кои ги вадиме за вакцина и нѐ враќаат, сите се со покачени леукоцити (на една 15 на друга 17), покачени лимфоцити и намалени гранулоцити. Црп мирно. Симптоми нема освен подолг период затнато носе кое веќе поминува со инхалации. Денес правевме брисеви од нос и грло, резултати понеделник. На што може да се однесуваат покачените вредности цело време? Дали може да е бактерија иако црп е мирно? Дали може да е вирус кој дава само симптом на затнато носе? Прашав педијатри, едниот вика не му е ништо на детето дури може и да прими вакцина нормални леукоцити биле до 17-18 за 6-7 месеци бебе, другиот вика не е во ред и треба да се испита. Секако би испитувала, ама мислам дека е важна и општата состојба на детето? Не покажува ниеден знак дека е болно, да не се бројките нема ни да знаеме дека нешто се случува. Додека да најдам педијатар на кој му верувам, молам совет? Извинете за долгиот пост. *Да напоменам, кај што се леукоцитите 17, референтните вредности беа до 15.5.
Покачени лимфоцити, намалени гранулоцити укажуваат на вирус. Вака беше кај нас к.с, само без покачени леукоцити и црп исто мирно,ама имаше тт и црвено грло.
Од лежечка во седечка ќерка ми официјално си седна на полни 8, дотогаш лазеше нестабилно и потседнуваше, ама паѓаше. Со полни 8 почна да лази онака убаво на четири и си седнува сама, а за недела две почна и да се влече за се нешто за да се исправа. Еве ја сега ќе полни 9 месеци, веќе не сака ни да лази ни да седи, само се тегне по мене, по столови, гарнитура, не можам да ја допазам. Син ми пак уште не знае да седне сам, а лази војнички и тоа многу брзо. Ако го седнам јас, си седи стабилно, на хранилка количка не се ни потпира, ама сам да се дигне од лежење во седење, не, иако сега го гледам го подбутнува ноџето под себе. А кога седи и сака да стигне до нешто, исто му е страв да се спушти за лазење и се влече со газот или се врти во круг, па си стига кај сака. Ама кај него уште не се ни оформени јадрата на колковите и ми кажаа да го оставам за се сам да дава иницијатива. Мислам дека нема правила, секое дете е различно, си осеќа кога и што може. Еве ги близнаци се, а се различно прават, различни им се развојните фази, кој порано, кој покасно, се ќе направат.
На 6+ ортопед ни дозволи џампер. Ја оставав кратко, буквално 2-3 пати во ден, по некоја минута колку да влезам во Вц. За дубак рече никако.