Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Последната контрола на ортопед рече дека веќе дубаците се ставени во медицински помагала за бебиња со проблеми во развој. Доколку е се во ред со бебето, нема потреба ни од дубак ни лд џампер. Само ќе си прооди во свое темпо
     
    На macka91, Bella_Stella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    45.751
    Пол:
    Женски
    Сакам да сменам формула, на доење е бебето ама повремено му давам формула кога некој го чува, не молзам. Ама последните неколку пати ми повраќа од Аптемил, на таква е од раѓање, многу тешко мириса, а и како да ја нејќе, предходно со сласт пиеше цело шише сега со борби.
    Да земам Хип си велам, ама гледам има од 0-6 и над 6. Нели се менува од 1 на 2ка постепено ама ако давам само повремено и тоа едно шише макс две на ден, како да ја изведам промената?
     
  3. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Првото дете ми беше на ад , одма преминував на друга бројка кога ќе дојдеше време а второво го дојам плус ад како тебе давам исто менувам како ќе дојде време. И мои блиски така правеле ,не сме имале проблем. Само секогаш имав и од претходната бројка со мене резерва во случај да не го сака .
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја денешна мајка може и треба да се информира дека не се ок џампери, дубаци и слични реквизити. Ама без да напаѓам, многу решаваат да ги занемарат ризиците за сметка на ‘придобивките’ и да користат. Повеќе ги ставаат за да се одморат, барем од тоа што го гледам/слушам околу мене. Има милион други начини да анимираш бебе, а да биде безбедно. Нема подобро од тоа да биде на земја, без било какви реквизити од тој тип. Ама кој да разбере. :)
     
    На macka91, Cence, 0ли и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Jas go stavav na 7+ isto I vo dzamper, ne mnogu cesto na pocetok, zgolemuvav so vremeto Kako so rastese, go ostavav I na pod da lazi, ne sakase da lazi voopsto, samo za igranje.
    Pred godinata proode.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.029
    Допаѓања:
    110.699
    Пол:
    Женски
    Се слагам и јас, се додека не дојдеш кај мене дома и не го видиш моето што прави, од 6м, лази, шета по соба, се пика во канта за отпадоци, се исправа од 8м на се што ќе најде, од 9м се качува на кревет, од кревет на наслон и тропа на прозор, на тв исправен, на стол, на маса, на се. Тргнав маса, тргнав полици со книги, тргнав чаршави од маса, тргнав канта пошто се преврте у неа падна (имам канта од 60л), ама мора да се живее во куќава, не можам гарнитура да тргнам. Го ставам да одам да мочам, да испијам 2 голтки кафе или едноставно да одморам 3мин, среќа па не го сака и си седи така како украс. Порано знаев да речам Никако за нешто, откако го добив малово богами мудро молчам. Не ти велам да дека не е така, додека не видиш не можеш да знаеш, мене првото ми беше бубаче, второво да е живо и здраво уште во на ѓаволот дупката нема влезено. Ако ми веруваш од 9м се кара со сите ако не е по негово, го тепа брат му, гризе, мава, фрла, се треска од земја буквално, ако реши он дека нешто не е по негов ќеиф. Строго сум против дубак и го имам и не го ставам, го имам од внука ми иначе, ама за џампер по 3мин во денот на 2 до 3 пати, не е до толку страшно. Сега мајка ми е тука па не го ни ставам, она од сабајле ако го стави добро, ако не баш така стои.
     
    На Zumbulche, oblace1, Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    13.777
    Јас признавам дека првото го ставав, но по пола саат во текот на денот и кратко време. Ете да завршам некоја работа дома. И да, да одморам
    Многу беше немирна. и не мора да осудуваш. Има разлика од дете до дете. Второво воопшто не го ставав, на земја постојано. Дури имав чудење од некои луѓе зошто не сум го ставала.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    И мојата ќерче буквално израсна во дубак.. ама млада мајка, прво дете, ортопед ништо не ми кажал, јас не ни прашав и така цело време си беше во дубак, додека не почна стабилно да седи, ни 1 мин не сум ја оставала на земја:tmi: ја потпирав на перници.. абе се што не треба јас мислам дека со неа правев:x затоа со второ се изначитав и изнаслушав и видов дека е оогромна грешка и така си ја поправив со второто а и сега со третото.. ма да и второто го оставав по 5мин да завршам некоја работа се додека не почна сам да излегува од него на некои си 8,5м:?: ова сега ни џампер ни дубак видело, лази, се исправа на што стигне, не сака во количка и не сака во хранилка, само на земја да е и мир во куќа.. ама имам проблем што имам скали внатре и се научи да се качува по нив, и не можеш 5мин да го оставиш и да тргнеш поглед од него:whew:
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Не осудив никого. Секој има право да си ги прави изборите за свое дете, никој нема право да му суди. Се што направив беше споделување на став базиран на факти. ;)
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Во право си и те разбирам, иако уште не сме стигнале до фаза да видам со што ѕверче си имаме работа. :) И јас сум по цел ден сама со него дур да дојде маж ми од работа. До сега е во релаксатор или на под кога имам работа и не се побунил, што не значи дека нема. На релаксаторот му се изброени деновите секако, а на земја прашање е дали ќе може уште долго да биде оставен без да биде под 100% надзор. Не осудив никого, сепак сите го сакаме најдоброто за своите деца. Само што лично познавам родители што свесни за ризиците користат помагала од ваков вид многу екстремно. Ама секој за себе. :)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Што би можела да се напијам да ми помине, ме боли грлото и носот ми цеди, дојам иначе.
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Парацетамол, Ц витамин, многу течности, мед, лимон.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам потполно, бидејќи имам исто дете како твоето, да ни се живи и здрави. И прибрав дубак од сестра ми, што многу поекстремно го користеше за внук ми. Ама си ветив прво на себе дека нема да ја ставам освен да и испасирам храна 2мин за да не остане гладна, нели и тоа е битно, и да влезам да мочам. Е за толку мислам дека не сме за осудување, зошто сепак немаме 100 раце.
    А сите околу ми се чудат и потсмеваат како ги пораснале децата во дубаци и децата им биле здрави, прави. Ама сепак тоа е само нивно мислење.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    И јас бев против дубаци, постарите ни се нудеа да купат како поклон, роднина ни даваше од нејзиното, сите ги одбивавме се до сега. Со сите се борев околу темата, па како во Канада со затвор се казнуваат тие што поседуват, дека е помагало за деца со некаква попреченост.
    Ене го во дневна! После 9 месеци одбивање..
    Ни го понудија пред некој ден и ми швркна во главата реков ајде дајте.
    Мојава почна точно на 8 месец да пушта чекори со помош, прво беа наши раце сега е проодувалка, ја турка и шиба. Ја ставив еднаш, два пати, три во дубакот… не сака. Се нервира ограничена е, најверојатно веќе се научи сама и кај и да е мислиме дека ќе се пушти. И маж ми на 8 месеци проодел па затоа не ни беше чудно. Околу моторика со раце и нозе е супер, повторува и се прати и не гледа. Ама зборење, чао, мавтање и сл никако, не е заинтересирана за ништо не сака ни да слуша, да и покажувам, ништо.
    Малку завлеков, муабетот ми беше толку бев против на крај земав. Оние што се сами без мајка, сопруг, куче, било што живо за помош си ја разбираме маката и не осудувам.
    Деца со дубак прооделе без никакви последици и без дубак прооделе, мајката одлучива и си знае најдобро.

    Инаку за 10 дена правиме 9 месеци и имаме вечна мака од раѓање со тоа заспивање. Детево последно време како на некои дроги е. Ако малце се разбуди она наеднаш добива сила и рипа се смее се крева се врти и тоа 300 на саат, тоа кога си игра денски до толку не е брза. И наеднаш од длабок сон станува и ме шамара, ама буквално.
    Се случува два пати да стане навечер а се случива и на саат-два и тоа само врз мене да сака да спие, а и тука некогаш се терерави.
    Сите досаѓаат со тие прозорци на будност, др гуднајт и глупости.
    Ела со сила натерај ја да заспие за да ги опфатам тие 3 саати што треба да е будна или иди држи ја будна кога заспала седеејќи. Плус мислам дека и се топ и дремките и саатите кога е будна. Станува си играме јадеме поминуваат 2ипол-3 саати и дремнува 40мин до саат. Па пак истото 3 часа будна па спие 1ипол саат до два. И пред последното спиење е будна 3 саати максимум 3ипол. Најчесто во 8 навечер заспива ама се дешава и 9. Си има 6 оброци 4 млекца од по 180мл и 2 оброка доручек и ручек. Единствен проблем е што заспиваше со шише(ама и тогаш стануваше) а сега одкако беше настината два пати едно по друго, еднаш и со температура 39 се вративме со заспивање во раце.
    Дали детево ми станува толку често од што е гладна? Од што не и се добри дремките/прозорците на будност? Или од што бара близина со мене?
    Во скок бевме, излеговме, не е до тоа.
     
    На Bella_Stella и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  15. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Па види еден ден пробај дај и вечера и ќе видиш како ќе ти спие.. ако е ко моево џабе ќе ти биде се :doh: не сврзал цела ноќ никогаш, што е сон од 4 саати поврзани јас не знам... Хронично ненаспана и уморна:sweat: ама си се тешам дека мораше ова да ми наплати за првите две пошо они беа бајчиња за се:nod:
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    7.545
    Пол:
    Женски
    6ти скок на најјако или 7ми порано почнал веќе и јас не знам кој.
    Преку ноќ дете кажува слогови, се исправа, се пушта да лази, префаќа во чинијата кога и давам да јади. Плачки колку сакате и плус заби во тек.

    Е сето погоре наброено плус јас вратена на работа ме истоштува до немајкаде така да мајка или немајка знам по неколку минути во ден да ставам дете и во џампер/дубак, да пуштам песни во позадина, да пуштам 5-6 минути и цртан.
    Не сум гледала дете според она сите ставале во дубак, ставај и ти. Или ние сме пораснале пред Тв, нема проблем и за бебе. Ама едноставно не сум робот и имам моменти на истоштеност во денот или едноставно морам до Вц, да земам нешто од кујна, да направам било што, така да мило ми е што ги имам тие опции.

    И бебе е на под со куп играчки ама од бебе кое знаело без проблем и по 20-30 минути да се заигра имам бебе кое фрла играчки на сите страни, ништо не ја интересира.
    Фаза е, не дека не, сепак и ние имаме граници и на толеранција и на сила и на можности.
     
    На Slonce91, Zumbulche, Jana7 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    1.158
    Пол:
    Женски
    И јас да се пријавам во друштвото на мајки со бесни бебиња, имаме такви гумени на ќошињата ставено, он ги вади :D и му викам неее, па ќе појде да го вади и ме гледа и чека дали ќе го скарам.. уште да го ставам во дубак 100% ќе се преврти/искочи од него..
    Како што пиша членка пред мене знам музика/видео да му пуштам за до тоалет и во креветче
    Исто се кара на бебешки, денес плачеше ептен жално дека не му ја дадовме црпката за бањање да си игра со неа, луѓе мене ми е страв за тој период со тантруми кога ќе дојде, не знам како ќе најдам сила и дали ќе се справам добро:sweat:
    Ама па најголемо бонбонче е, денес го приметив дека кога си ги листа книгите со прстето ги покажува сликите јас како што му читам, почнува да ме имитира за некои работи, како бебе играчка е :D само да се здрави и живи, ќе издржиме ама дали ќе останеме нормални
     
  18. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    И на бебето му се затна носето, како да му помине ?;( цел ноќ ми плачеше сигурно од тоа.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.029
    Допаѓања:
    110.699
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли на поголема возраст бебињата да изреагираат од ваша храна? Синоќа во кафана јадевме ребро, мрсничко де, не го јадев мрсното нормално ама мрсно беше секако, вечерта во сон 2 пати ми се искака со проливче, што од 1м навечер ми нема какано.

    И да, дали јас сум ненормална или не знам што е, зар сите даваат на бебињата кафанска храна кога се во кафана?! Кога ме погледнаа наопачки, зар сум понела јадење за бебето од дома, па во кафана сум била, помфритче, од лепчето со сусамче, некое плескавиче, ќе си каснел нешто... И имаше бебиња кои јадеа од прилогот, до нас имаше фамилија со бебе и помало од моето го наранија пекарски компир и морков, лепче во мрсното макнато... Јас се лажев ко улава со лажицата и со карфиолот, 2 саати јадеше. Денес на мени му е рипче, и реков на мајка да го испече, не да го вари, мислам дека повеќе ќе го јаде така парченце.

    И дајте препорака за навлажнувач.
     
  20. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Не си ненормална, јас никогаш ни едно не сум го ранела со храна од кафана, еднаш ми се деси да немам со мене и ги замолив да ми сварат морков компир и брокула имаа и испасирав со вилушка и тоа дадов. Иначе секогаш и секаде сум со кашички (или купчека или од дома спремена) и пржен компир ретко ама знам да дадам да се најадам јас бар и да седи мирен :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.