Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам значи. Многу слабо ми јаде детево. Има денови кога дневно вкупно 10 лажички ќе апне. Пробувам да бидам креативна, изнакупував сѐ, амаранти, кинои, проса.. Има малку интерес само за оризова каша. Како пред очите да ми слабее такво чувство имам, ништо не јаде.
    Би правела ориз цело време, со подметнување на други житарки, ама секако си има мака со запек, оризот уште толку ќе го запече.
    Докторката вели може има запек оти е гладен, уште толку црв ми стави.
    Кака по ептен малце, ептен тврдо, се мачи, така 5-6 пати на ден, па и повеќе... Слива давам редовно, додуша варам редовно, за на крај да фрлам.
    Си велам да не е дехидриран, вода давам и за тоа не ми отвара уста.
    Пред секое јадење трема имам, стварно едвај го чекав периодов на воведување оброци, ама ова ме плаши.
    Требаше хемоглобинот со храна да го поткачиме...
    Кога пробувавме вкусови, отвараше уста уште пред да брцнам во чинијата.
    Цица во меѓувреме ама и млекото ми е поднамалено, а и брзо ме исцицува, не му стасува.
    Не знам кај грешам и како да постапам. Ни на сила, ни со трикови уста не отвара.
    Шише не знае да цуца, чаша со клунче исто, нит па чаша со цевка. Сѐ што не е брадавица тој глода.
    :(
    хелп.
    Има секакви луѓе. Јас знам дека не би, барем не на толку мало бебе. Можеби после годинка.
    Не ми е чудно да седнам во кафана и да извадам хоуммејд каша за бебето.
     
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.184
    Пол:
    Женски
    @DaisyDoo да пробаш вода со лажичка да даваш? И ставај масло во кашичките. Ладно цедено маслиново или од репка.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.029
    Допаѓања:
    110.695
    Пол:
    Женски
    Дој да се гушнеме, ништо не јаде, 2 часа јадеше ориз, морков, карфиол и телешко, и тоа пројдено низ блендер кратко. Значи од јадење парчиња прејдовме назад на пасирано, не е тоа мазна каша, ама се осеќам ко огромен феил за хранава. Ништо не јаде ако не е свежо, овошје, зеленчук, да е свежо, да не е сварено.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Давам со лажичка, ама не отвара уста. И со чашка пробувам, исто.
    Зедов маслиново, вчера за првпат ставив, ама нели се боревме за едвај 5-6 лажици.
    :(
    Знам мајка, и ти се трудеше околу блв, ама јас со ова дете сум далеку од блв. Бејби лед нема шо.
    Ајде првично препишував на настинка, оздравевме, па ајде запче изби. Помислив период е си имал мака, ама ова ќуд ќе да е.
    Толку несигурност ми прави ранењево шо не знам накаде да фатам, педијатар ли да ме оправа..
     
    На strelec231992 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  5. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Мајки, какво овошје и зеленчук давате? Купувате од пазар или домашно одгледувано? Ова второво малку потешко се наоѓа.
     
  6. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    956
    @AngelOfArh
    Уште една мајка да се пријави со дете нејадач. Никогаш не бил некој јадач откако почнавме со храна, додуша и сито и решето поминавме 20 дена во болница ама ете сега сме добри и пак ништо со јадењето. 10 месеци е едвај 7300 е. Каснува 5 лажички и после тоа уста не сака да отвори. Од денеска почнувам со блв сам да јаде, сабајлево му направив палачинки повеќе храна отиде на земјата ама па ете барем отвараше уста и сам јадеше, можно е и да не сака детево веќе каши и друг да го храни, ќе видиме.
    Иначе мене педијатрите не ме оправаат, велат само упорност да му нудам храна по цел ден и да не му давам да цица а како да не му дадеш кога цел ден ништо нема да стави во уста ако не цица, проверено...
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    7.545
    Пол:
    Женски
    Јас готови каши и од пазар. Домашно немам од каде.
    Мијам, чувам во сода и така тераме.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.029
    Допаѓања:
    110.695
    Пол:
    Женски
    Купувам од пазар.
    Мене ми успева тоа што скратив по 1 подој меѓу оброци. Помеѓу доручек-ручек и ручек-вечера, цицаше по 2 пати, сега по 1 само давам, кај мене појадокот го јаде, овошје ќе изеде макар јадел фул оброк ќе отвори уста за овошје и зеленчук свежо. Банана, јабука, круша, капини, малини, кога имаше праски, кајсии, сливи, метла правеше. Одам на тоа да му го проширам желудничето малку да му бара организмот храна, да го навикнам на количина, ама тешко ми оди.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Мајки, МРСА бактерија во нос, во грлото ја нема, сензитивна е на мупироцин и хлорамфеникол. Од симптоми затнато носе и покачени леукоцити. Докторот рече маст хлорамфеникол во нос мачкање. Ваши искуства со бактеријава? Баш се исплашив :worried:
     
  10. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Се поправив, а претходното не можам да го избришам |(
     
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    На моето му се откука фала му на богу, ама неколку дена беше со скроз затнат нос, страшно нешто.
    Единствено што му помагаше колку толку беа респиратол лепенките за спиење.
    Многу мачни беа тие неколку дена. Слабо јадеше и се будеше навечер со плачење, не можеше да спие од носето.

    И моево имаше мрса во нос, ништо страшно. Не е опасна бактеријата. Мачкавме маст неколку дена и му помина.
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.184
    Пол:
    Женски
    Бебка кашла, има секрет, затнато носе. Крвна слика стакло, црп мирно. Чекаме резултати од брисеви. Можно е некоја бактерија вака да се манифестира или настинка е? Многу е жална кутрата, си го чеша носето, си го чешка вратчето, зошто ја боли грлото. На плуќа нема ништо а грлото е црвено и баш си кашла сочно. Ич не знам дали сме за сируп. Матичниот ми даде рецепт ама ми рече да чекам резултатати од крвна слика, му ги пратив и чекам одговор сега. Инхалации со физиолошки сабајле навечер правиме. Друго не знам што да правам да и помогнам. Плус ништо нејќе да пие и јаде. Борба водиме :(
     
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Женски
    Што ставате на пеленска регија кога не помага крема со цинк?
     
  14. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Зависи од црвенилото и од што е предизвикано. Ако е типично црвенило од потпарено или реакција од пелени само маст за потпарено ни помага и тоа од првото мачкање. А ако е кандида, црвенило со брунчиња, малку поинаку изгледа од "обичен" пеленски осип, тогаш канестен комбинација со белогент. Нам ни се има појавено два пати - после антибиотик и од што имаше во уста си го пренесе долу.
     
  15. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Женски
    Обично црвенило е
     
  16. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    01-Watermark-MAST-ZA-POTPARENO-Remedi-Care_Anni-farm.jpg
     
  17. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Женски
  18. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Има дете како моево што врти во круг три четири јадења цело време?
    Манџа со зеленчук, не.
    Манџа со месо и зеленчук, не.
    Јадеме чоколино, рижолино, тиква, бисквити, павлака/јогурт. И ништо друго.
    Од месото пилешко до душа, сакаше да јаде цело, на парчиња. А со зеленчукот блендирано не. Јас немам почнато со парчиња и ми е страв сеуште. Ок тоа со месото, ама зеленчук ни така не јаде. Шизнав денеска. Сто тенџериња и тањири направив за миење со различни комбинации и не и не. (facepalm)
     
  19. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Да, во сите кај што сум била го имам забележано
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Колку е ефикасна направава? После колку пати подобрува носето? Јас ја купив но за жал моето скоро 7 месечно бебе не ја чува ни 2 мин а камоли 5
     

    Прикачени фајлови: