Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Бебе е 7+++ месеци.
    Раце пружа ако е во хранилка да го земам, ако е кај друг исто. Не оди кај друг ако го викат, се бута во мене. Ова од 6++ м.
    Војнички де влечеше од 5 и нешто, лази на четири дента кога наполни 7 месеци.
    Се пентари на се живо, кревет, шпорет, кујна, ѕид, комода, маса ниска, на мене исто само што наполни 7м. Многу е внимателен не знаеше како да се симне на почеток, падна неколку пати па му покажував вежбавме сега веќе и тоа научи иако треба да се усоврши.
    Почна пред два дена да чучнува и пак се исправа кога се држи на кревет, а ако добро памтам ортопедот ми рече после чучњеви следно е одење по мебел и после следи одење. Акоо тера со ова темпо на 9-10 м очекувам да оди:whew:
    Почна сам да седнува исто на 7+м од лазечка положба. Убаво седи со прав грб но знае да изгуби рамнотежа и да падне наназад.
    По постот валда е јасно дека бебе ни секунда не смеам само да оставам, брз е ко струја не седи на едно место ни секунда.
    Ептен почна да ми е напорно како наполни 7м.Иначе не ми беше напорно до сега воопшто со него.
    И да, ептен ни се влоши ноќното спиење, мн често цица, и деновиве се буди во 5. Мислам дека наеднаш научи многу работи и сето тоа му влијае на сонот, превозбуден е. И кога цица во сон цица во лазечка позиција:x
    Знае како се вика мачката, кога изговарам име одма ја бара со поглед. Ја брка цел ден по стан.
    Збори нешто по негово, вика на цел глас кога е расположен. Прави со раче односно со прстите "дојди" и го знае неговото значење. Има и друго можда не ми текнува.
    Така да мајка не се брзај ќе те снајде и тебе сето ова, а до тогаш пиј си кафе на раат и уживкај, после ќе го бараш мирното бебе :D
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Во седми скок сме, малава пишти вришти нејќе да се бања (не знам дали е до скокот) ама мора, и набрзина мажот ми ја пробања и истури вода со сапуница врз глава, а она како што беше зината се наголта. Ништо ли нема да и биде? Ја бањаме со бекутан шампон, што е чиста хемија, ама еднаш кога и сменив се разболе и се нафрла на грбот, педијатарот не знаеше дали е од вирусот или козметиката па се вративме назад.
     
  3. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    1.158
    Пол:
    Женски
    Нема ништо да ѝ биде
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Што се обидуваат да направат кога лежејќи на грб се буткаат нагоре и се креваат со газот? :)
     
  5. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Мојот така прави на менување пелена, на облекување. Знак на протест му е тоа, негодување
     
  6. Кларчи272

    Кларчи272 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Колку дена ги дававте гранулите јас ме давам веќе недела дена да не е многу има ли временски определено колку се дава
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Да, кога менувам пелена најчесто прави ама и некогаш кога се буни, кога не му е по ќееф нешто. Мислев да не е знак дека ќе прави нешто ново.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Женски
    По колку столици дневно имаат на возраст 7-8 месеци
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Бебчо ноќе знае многу често да спие странично па и повеќето така си спие. Во ред е? Не е проблем ?
     
  10. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Давав биогаја како бебе, па му сменив во ваја дека не му одговараа тогаш со грчеви, а пред 3 месеци педијатарот ми рече демек веќе не му давај не му треба голем е. Будала јас што го послушав, детево апла се гледа дека се напнува и за да прдне, си има проблем со мешето, особено навечер… утре планирам да почнам пак да давам, предложете кој пробиотик?
     
  11. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Зависи, некогаш 1, некогаш 2, а некогаш и преку еден :)
    Ако сам си се мести не би требало да е проблем, бејби мој сите во можни позиции спие:D
    Јас давав само додека имаше грчеви Ваја и бев задоволна, други не сум пробала:)
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Јас давав Диастоп, ама друг педијатар ми предложи да сменам на овој. Многу подобро му одговара на моето бебе, му олесна само што сменавме. Е сега, тоа e индивидуално.
    [​IMG]
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Одамна кака преку еден ден, обично само еднаш во текот на денот.
    Нема зошто да е проблем и ние возрасните спиеме странично, на стомак итн, зошто они не. Исто и син ми спие така па некогаш знам да го свртам на меше чисто за да не си лежи врз раката зошто зазима некоја чудна позиција кога е на страна. :)
    Пробиотик е важно да се дава барем до годинка, ќе ја тагнам @1209 она мислам истражуваше, ќе ви објасни поубаво зошто.
    Кога се роди моето давав Био Гаја, на второто кутивче се изнервирав од принципот на капење и прочитав дека наводно влошуваат грчеви и го фрлив само што отворено и купив Диа Стоп. Искористив само едно шишенце и после преминав на Ваја и го користам 3-4 месеци.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    45.751
    Пол:
    Женски
    Јас ќе прашував зошто толку немирно ми спие овие два дена и цица по цела ноќ, и се буди во 5 и не можам да го успијам. Ама и моево овое два дена многу наеднаш нови работи извади, преку ноќ. Веројатно и тоа е, се научил многу работи нови.

    Инаку за пробиотикот, да истражував и пишува дека наводно децата кои примаат до две год пробиотик имаат помали шанси за алергии го текот на животот, како и зошто не се сеќавам баш што прочитав.
    Јад на моево секако давам оти ќе биде на ант профилакс до 3 год ради рефлукс на бубрег и мора и пробиотик. Јас давам Ваја и до сега ми е најпогоден, пробав неколку.

    Исто со какањето почна преку еден ден и тоа столицата му е покремаста и зелено кафеава, вајда таква е нормална со храна кога ќе почне?
    Од вчера демек на блв сме, повеќе на земја отиде отколку во уста, ама ајде и тоа е напредок.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    @1209 во 1:00 по полноќ стана си играше во жива темница до 2:00.:drunk:
    Едвај го успав, за да во 5:00 е буден и свеж ко мислиш цела ноќ топ спиел.
    Еве го сега спие топ а јас тегнам кафе за да соберам сила. Мн ни се поремети редот како почна во 5 да станува, од 2 на три дремки преминавме пак, оброците ни се порано итн итн. Мислам дека и промената на часот си има удел малку а може и 6 скок ни е почнат. Кој знае..
     
    На H.VAGA и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Промената на времето и кај нас го поремети редот со спиењето малку. Ама да знаете и дека воведувањето на оброци им прави промени во сонот. Ние со успивање и дремки немаме гајле, ама од станување еднаш почна да станува 2-3 пати. Синоќа ем го ‘држев’ буден докај 9-9 ипол за да не стане во зори и пак стана во 6, свеж и размуабетисан. :whew: На татко му веќе не му треба аларм за на работа. На еден од подоите го ставам меѓу нас и цица лежејќи зошто не можам да гледам и стандарт во 6 имаш шлапање по фаца, брцање во нос, очи. :D Заспа пред осум дури, пред некое време стана и сега пак почна да се прозева. Ќе заспие, а за мене може една цистерна кафе. :drunk:
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Од каде го купувате, каде може да се најде?
     
  18. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Може да се и оброците. Не знам веќе што е искрено. Он никогаш не врзувал многу часови но не се будеше сред ноќ за игра барем. Тоа држење будно до подоцна кај нас не влијае искрено.
    Иначе како станува во 5, денски спие многу повеќе, по 4 часа сигурно. Мислам и тоа си влијае на ноќните дремки ама па следам прозори на будност, а и сам си бара да спие, оди па разбуди го. Еве уште спие, а до вечер сигурно ќе има уште 2 дремки.
    Пушти една цистерна и навака, првото не го осетив:drunk:
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.024
    Допаѓања:
    110.676
    Пол:
    Женски
    Кај нас промената на времето го поправи спиењето, непосредно пред промената почна да заспива и во 10 понекогаш, сега 9 саат е кома, спие од 9 до 8 со 1 будење.
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Не следам прозори јас одамна. Си го следам детето и знаци дека му се спие и го успивам. До сега не смеам да се пожалам, имам одличен спијач. Преку ден има 3 до 4 дремки. Ако се пократки се 4, ако се подолги се 3. Просечна должина на дремки му е околу 3 ипол саати што за негова возраст е супер. Хаклбери ми служи само да водам евиденција кога заспал и колку спиел, за друго не ја користам. Навечер околу 9 заспива, до пред промената со едно будење за јадење и спиеше до сабајле до 9. Моја грешка е што недела пред да се смени саатот не почнав да го пролонгирам заспивањето ноќе, ама ќе се средиме.
    Повели. :D :coffee::coffee::coffee:
    Исти бевме. Се очекува да се врати на старо зошто мајка му е спанка и не знае да функционира со толку малку сон. |-)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.