Некој инхалатор да ми препорачате што го користите и сте задоволни? Дали ќе биде лесно да се користи на 10м бебе?
Фала Белла Како почнав да следам прозори на будност детето си фати ред. Немаме мака со заспивање, го легнувам цицнува и заспива одма. Пред тоа, посебно навечер се успивавме по 2 часа. Баш убаво што немате мака со спиењето и што имаш бебе спијач. Јас можам да се пофалам само со маж спијач. Се молев цела бременост ова бебе да е на татко му, може стоејќи да си дремне он . Не дека се жалам од бебево, си спие редовно но уште да не се будеше толку навечер ќе беше перфектно. Ќе порасне ќе спие како дада му
Во Зегин немаше во две аптеки проверив, имаа сличен ама не овој. на крај во Виа Фарм го најдов. Побарај во било која локална аптека, треба да го има. Околу 560 денари е.
Иако станува порано, држи се до истиот ред. Не давај порано доручек, не го заспивај порано. Значи прави како да станал регуларно. За да не се учи на тој ред, да се коригира.
Јас имав среќа со двете деца, спанковци, спијат и денски, ама навечер особено ми е важно. Важно ми е денското спиење за да одморам или направам јадење, пошто имам захтевни деца.
Моето има 7м Од 4.5 м незнам што е спиење,следење на прозори на буднос,со две дремки,со три дремки,порано заспивање,покасно заспивање џабе е се,малава од кога почна да вади заби нема врзано сон повеќе од 2 сати,ајде што станува да цица некогаш и тешко презаспива седеме по 2 сати будни и тоа не сака да седи никаде само во раце и така плаче,јас мислам дека е од забите се надевам кога ќе излезат ќе помине ова лудило.Ноќеска мислам ќе полудев,цела ноќ вриштеше пиштеше,ја земав и кај мене и џабе исто не сакаше ни со мене да спие.
Кај нас proven се покажа најдобар, еднаш на два месеци им менувам малку на waya, па пак се враќаме на proven, како прав во кесички е.
Има бебешки провен во зегин јас го користам од раѓање и сум многу задоволна не го имам сменато до сеа 10м сме во ќесички е и и го ставам во ад млеко.
Дали се работи за овој производ? Бидејќи на него пишува дека е за бебиња на ад. Може да се користи за бебиња кои се на мајчино или има некој друг? https://zegin.com.mk/mk/proven-probiotik-formula-za-bebina-30-kesichki
Тој е ние од почеток бевме повеќе на адаптирано но аптекарката ни кажа дека можи и во мајчино да се става прашај уште еднаш мислам нема врска ад и мајчино дека е прашок затоа имаат напишано ад еден провен е.
Во тој случај ќе треба да цица два пати а доручек да има после првата дремка. Пак ке му се измести редот некако Тоа вриштење плачење по сред ноќ сум го поминала со првото знам колку е тешко. Бебе фала богу нема така правено до сега затоа и не ми е мака толку честото будење, знам дека има и полошо. Он цицнува малку колку да ме осети и заспива одма. Од 17:00 го пишувам постот и никако да го завршам. Едно 100 пати денес го тргам од штеќери, упорен е, не заборава јас тргни го тој пак натака. Бута прсти под итно треба да земам од тие затворачите.
Не може да е сѐ под конец, сепак им се случуваат милион промени и мора негде да се одрази. Ќе си фатат ред дур да трепнеме, после ќе ги бараме овие денови, колку и да се тешки.
Искрено за мајчино млеко не знам, моиве се на ад и не сум прашала. Ако имаш можност подраспрашај некој фармацевт или матичен, инаку тој производ е, јас онлајн го нарачувам од зегин, како и се останато.
Овде ќе прашам, бидејќи групата е поактивна.Малиот е 12++,ама еве веќе една недела приметивме како му мириса здивот.Сменив цуцли, ама пак му мириса.Инаку цуцлата само за заспивање ја користиме. Истк така приметив и дрка кога е во движење устата постојано му е птворена, како да дише на уста, а вака не делува дека е затнат во носот.И пишав на матичната ама не ми пдговори, ама секако планирам да го носам..па да прашам дали нркој имал слично оскуство.Благодарам
Кај мојот замирисува пред да се разболи. Давај храна богата со витамин ц, можно е грло да го фаќа. И повеќе течности
И јас имав среќа со двете, затоа третово ми наплаќа на велико… ако одиш на трето спреми си се со време
Мене второто ми наплаќа што беше мирно првото, ама за спиење добри сме. Не е дека сега не се буди, не бара цице, не заспива тешко, ама немам врескање навечер. Големото преспиваше ноќ од 4м мислам.
И мојата така прави кога нешто не и по кеиф и одма се врти на стомак, најчесто е кога и менувам пелена. Порано менување пелена беше песна, сега со молење, со плачки најчесто, со држење да не се врти