Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Zdravo majki
    Do kolku meseci im davavte probiotik na bebinjata I caj?
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Чај не сум давала никогаш, не гледам зошто. Пробиотик давам и ќе продолжам барем до една годинка, а може и подолго.
     
    На sadgirl21 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  3. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Женски
    Zasto do 1 godina probiotik?
     
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    :hai:
    Од денес тука :inlove: Не ми се верува дека имам 6 месечно бебе! Ми летна времево, како вчера да се роди.

    Е сеа да си ја кажам маката:D
    Од пред месец и пол сме без силиконски. Ама луѓе, како ги тргнав силиконските, така почна да ми бљуцка после секој подој. По два три пати сигурно. Во денот го преслакам може 5 пати, кога беше новороденче немаше ваков проблем. Го подригнувам и после тоа ми бљуцнува.
    Дали сеуште не знае колку му е доволно без силиконските? Многу лакомо и брзо цица.
     
    На Bella_Stella и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    – намалување на инфантилните колики, надуеноста, гасовите и гастроезофагеалниот рефлукс
    – воспоставување на нормална цревна перисталтика
    – намалување на атописките кожни реакции и алергиските манифестации воопшто
    – подобрување на имунитетот

    Заради сите овие бенефити. Избор на родителот е. Ама особено децата родени со царски рез е пожелно да примаат зошто немаат микроорганизми од мајката кои се пренесуваат при природен пораѓај.
     
    На snowqueen и Cence им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Добредојде. :) Пробај да го држиш исправен 10 мин после подој или евентуално да го прекинуваш откако ќе го забави темпото на влечење и ти изгледа сит.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.665
    Пол:
    Женски
    На 6ипол се исправи сам за да цица, он на земја, јас легната на кревет на страна и се исправи да цица, градата ми беше подизлезена.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    45.751
    Пол:
    Женски
    Луѓе абе бебево се намачи до какањево. Обично еднаш на ден имаше какање, сега не какаше 3 дена, па се искака малце густо и лепливо. Вчера се мачеше доста кенкаше и се напињаше ама ништо, масажа правев на стомакот, го намачкав на газето со мрсна крема, дадов каша од слива и денес и вчера и јас пиев компот. Пред еден саат пак напињање и плачење со затајување и се искака пак малце, густо и лепливо како темно кафена, зелена потемна боја. Почна со еден оброк вајда тоа е маката или запек, нормално ли р кога ќе почнат со храна ваква да е столицата, што да правам? Ќе се среди само или? Онака е весел освен што бара многу да цица ноќно време, скоро по цела ноќ е на града, јас мислев заби е ама што знам.
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Нормално е, ама избегнувај намирници кои ствараат запек. Мојот исто уште има мака со мешето, а 13 месеци е веќе. Му помага : зрела банана, авокадо, маслиново масло, масло од лен,чај бекутан. Избегнувам: морков, ориз, компир..
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми, нутриционист ми кажа дека кога ќе воведам оброк ќе зголеми еден подој ноќе и стварно. Една недела имаме доручек и цела недела ноќе цица два пати место еднаш, како претходно. За какањето и моето си има мака. Он и претходно не какаше секој ден, ама нормална му беше на изглед каката. Сега е баш густо и се познава дека не може да се искака по изгледот на каката, а он вака си е најнормален. Не го боли меше, не се жали, свеж си е. Јас ставам слива често во кашите, ама освен од таа од сува слива готова на Нутрино, од обична слива не сум осетила промена. Се мислам деновиве да воведам масло, па ваљда ќе биде подруго.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ама ова се случува одма после подој, во исправена позиција. Го кревам, подригнува и тука обавезно бљуцнува. Па после тоа уште неколку пати. Се осеќам како да имам новороденче, не 6 месечно бебе. А цицањето е 5 мин, порано да го прекинам си викам да не е гладен?
    Како ги тргнав силиконските, така ми се чини ко од ново да почнав со доењето, скроз различно искуство е.
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    45.751
    Пол:
    Женски
    Мојов исто, не престанува да бљуцка, стално си е така, не по многу ама сепак си плукнува така, јас веќе не се ни замарам, мислам дека од што е лаком и се прејадува и плус што мрда многу веќе, цело време е како црв и затоа, јас искрено не се загрижувам за тоа.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    12.168
    Пол:
    Женски
    С
    Токму со една другарка зборував за давање пробиотик на бебиња.
    Од разговор со нејзиниот педијатар дознала дека пробиотикот нема влијание врз организмот целокупно кај бебето. Во статии што ги читал педијатарот, сфатил дека пробиотикот може да делува или да не делува зависно од цревната апсорпција на еден организам. Повеќе било маркетинг на фирмите, за да имаат потрошувачи.

    Кај родените со царски ајде да, кај стомачни вируси да, кај деца пред патување да, ама цела година пробиотик? Не.
    Кога ќе размислиме потрезвено, ништо не се дава толку долг период и која е толкавата потреба 12 месеци дете да добива екстра препарат, да речам непотребен...
    Витамин, лек, крем...било што и да е, ќе го прекинеш, а не пак ова.
    Ама направија таква фама со тоа, и сиве со бебиња мислиме дека е толку неопходно, а тие на месечно ниво си заработуваат.
    Јас на моите две деца многу малку сум им давала.
    Ете знаете и другите, кога давате пробиотик, запек добивале бебињата, затоа со мера е најдобро.
     
    На YasMazza и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  14. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    3.179
    Пол:
    Женски
    И мојата исто како што спомна @Bella_Stella почесто цица. Мислам дека и беше и утеха ради запчињата, а можно е и со храна дека почнавме. Некако се се поклопи. За какањето, нормално е сега подруго да е откако јаде. Давај масло по неколку капки во храната. Не знам зошто кај нас го препорачуваат од 7 месеци кога реално ем помага за столицата ем се здрави масти во прашање што е убаво да ги внесе бебето. Маслиново ако не му одговара пробај со масло од репка. Најмногу се препорачува на почеток како прво масло за бебе.

    Не мислам дека секој витамин или препарат што се дава на подолг рок е штетен. Се дава витамин д на пример подолг период што е задолжително. И нас ни давале порано дури.
    Совети од доктор до доктор се разликуваат за се, па така и за ова.
     
    На Lavender13, Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Поделени мислења за сѐ, па така и за ова. Ајде, баш ќе пробам неколку дена да не дадам. Да видам ќе има ли некаква промена во столицата.
     
    На elenaklasik и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Така е ако подолго сте ги користеле. Сигурна сум дека ќе се стабилизира. Пробај различни позиции на доење. Ако цица брзо и ефективно пет минути не се малку.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    До 7 месеци давав пробиотик редовно, после кога како, давам но не редовоно. Промена во столицата не забележувам ни со, ни без пробиотик.
    На детска клиника ми кажаа до три месеци дека е доста, ама секакао не ги послушав.
    Што е исправно не знам, но мислам дека секако нема штета од пробиотик и да се дава до година дена редовно.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Јас мајки немам дадено пробиотик ниту еднаш. Природно родив. Никој не ми препорачал. Еднаш го прашав матичниот уште кога беба имаше 2, 3 месеци дали да давам ми рече не.
    Дали грешам?
     
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    12.168
    Пол:
    Женски
    IMG_20231106_090436.jpg
    Фаќаат вака вашите со прстето на површини предмети? Како лесен допир со едно прсте
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Мислам дека малиот ми стагнира во килажа. Последно е мерен на 6 месеци и 2 дена пред да му стават вакцина, 6930гр. Дуплирана е килажата, роден е 3100гр, ама некако слабо качува месецов. Денес го измерив 7100 дома. Знам дека не е истс вага итн, ама очекував веќе да оди накај 7500гр, а он не е ни блиску. Во сабота полни 7 месеци.

    Не знам каде грешам. Убаво си цица, ете и со доручек почнавме. Полни пелени, ептен весело и насмеано бебенце си е.. Се фрустрирам и не знам што да променам. Во петок ќе го носам на контрола и ќе видам што ќе ме советува матичната. Иако не ми се баш секогаш веродостојни нејзините совети.

    Ќе ми значат вашите искуства. Дали е нормално вака да стагнираат? Стварно сум загрижена, се трудам да биде сѐ како што треба, ама како да не ми оди..