Бела има бебиња и бебиња Едноставно некои се фит Јас знам дека е тешко ко ќе ја видиш вагата, и кај нас е истото. Ама имај на ум дека не секое дете е исто. Јас на пример имам многу бесно дете. Моторче има во газот, 2 минути не е застаната. Јас сум била иста. Нејадач од старт, и за цицање со молење било. Ме благословија моите да сум си родела ќерка ко мене и ете стварно Мене ме советуваа да почнам со оброк и да воведам месо. Пробај наместо доручек ручек да даваш, или да воведеш втор оброк.
Знам мама, ама таа вага ми го мати умот. И моето е исто, преживо бебе, една минута не седи мирен. Инаку само што воведов еден оброк, морам прво месо и уште некој зеленчук за да имам што да давам за ручек. Мислев ова со храната ќе биде поедноставно, ама цело време сум во прашалници. Он е стварно фит бебе, ама не изгледа слабо, си има и обравчиња и свивки. Само се чудам зошто вагата стои во место..
Те разбирам ама може расте во висина. Ќе видиш на педијатар што ќе кажат. Не паничи пред време. Пред да примите вакцина правевте крвна слика? Добра беше?
Посакувам да не се опседнував со таа вага, те стагнираа, те губеа килажа па следен месец ќе надокнадеа ама во висина растеа. Моиве првите месеци качуваа турбо, скоро по кило и пол, ја триплираа килажата пред да наполнат 6 месеци тогаш па затоа се замарав, да не е превише (родени со помала килажа, затоа триплирањето) И после успорија, те 300г месечно, те 100, те 400 изгубија па 300 нервози со тоа. И јас секогаш се прашував каде грешам, дали треба да појачам на житарки, дали на месо, па млеко да не пијат превише абе илјада прашалници у глава. А децава големи како за 6 месеци плус ја се тресев на секое мерње на вага ко идиот. Муабетот ми е, ти најдобро гледаш по детето дали е гладно, дали е активно, секако сподели со педијатар ама немој да се опседнуваш со вага. Па уште ако не е иста вага резултатите може драстично да варираат, исто како дали е мочкан или какан кога е мерен. И сите бебиња стагнираат во одреден период, посебно кога стануваат поактивни. Ако има потреба педијатар ќе те советува што да дополниш во исхраната.
Не гледам на сликата ништо нетипично, нормално е да пипкаат и истражуваат. Може и покажува нешто со прсте. Што поточно те секира?
Во теорија знам како е, и се согласувам сосема со муабетов. Ама во пракса не ми оди секогаш.. Прво дете ми е и искрено не знам што треба да очекувам, иако нели секое дете е своја приказна. Ама вака лаички ми изгледа дека си ги достигнува работите за негова возраст. Активен е физички, убаво спие и јаде, весел е и расположен секогаш и не ми изгледа како нешто да му фали. Со матичната ќе разговарам да, иако нејзините ставови за одредени работи се дискутабилни. Плус за многу работи е многу сугестивна. Ако јас покажам загриженост за килажата и она го менува пристапот, иако претходно рекла дека е во ред. Ќе пробам овој пат помалку да зборувам, прво да видам што има она да каже.
Зависи каква е кашлицата и причината. Моето на 6ипол првпат се раскашла, ларингијална кашлица според докторката предизвикана од секрет од носот. Помогна често прснување на Синомарин. Препорака имавме и за инхалации со физиолошки ама неуспешни беа, се плашеше. Ќе го преслушаат утре ќе видат за што е.
Мила ако ти е за утеха, баш сме исти.На пет месеци и 4 дена (мерам секој 6ти во месецот, според тежина со која излеговме од болница) имаше 6850, денес мерен, околу 7100 гр.(6 месеци и 4 дена).Роден 3.130, отпусна 3.060 гр.Исто имаме еден оброк.Пелени полни и се друго е во ред.Јас го мерам секогаш на иста вага (имам дома вага за бебиња).Мислам дека таков им е периодот, ептен се активни сега, а и откако ќе ја дуплираат тежината, не е толку страшно ако не качува многу.Важно, не намалува и оди нагоре.Исто ми беше и со првото и ете ја и ден денес 2,5 години, многу слабо качува на килажа.
Јас пак ни мерам ни се замарам со тоа, може грешам не знам, последен пат на педијатар бев кога беше 5м и сега скоро 7 ќе полни и планирам да го носам, не сум го мерела од тогаш. Вака ми изгледа супер и гледам дека расте и се поправа, не можам и со тоа да се опседнувам. Во Англија воопшто педијатар не го гледа децата освен ако нема потреба па решив и јас да терам така, не сакам да се опседнувам со посети секој месец. Ама секако после 6м малце стагнираат на килажа, посебно ако се многу активни.
На вакцина ја мереа последно на 6м имаше качено само 380 гр. беше 6.900 ја имаше дуплирано родилната тежина и од тогаш не ја имам мерено,си јаде убаво веќе имам 2 оброка воведено полни пелени,некогаш и по 2 пати во ден е какана и не се замарам со килажа и така ми рекоја и на вакцина дека после 6м и не гледаат многу на килажата,нормално ако не има потреба да не полни пелени да изгледа преслабо. Јас не се загрижувам,мада кога ми кажаа дека има само 380 гр се разочарав нормално.Сега планирам на 9м да ја носам,а и така ми кажа педијатарот,а и тогаш има и систематаки секако ќе ја мерат. А и како да качи кога секунда не застанува кога е будна,се качува по се,лази ама вака убаво ми изгледа и вчера баш кога ја бањавме заприметив малку мешенце си има,ми изгледа и за доата извишена по креветчено кога ја гледам кога станува. Ич да не се секираш па и трупчиња не е убаво да се.
Јас гледав телма амбулатна гостинка беше докторка од педијатрија гастро неколку пати напомена дека Не треба да се зема превентивно пробиотик туку само ако има некој проблем детектиран со цревата, во спротивно може да направи проблем. Јас престанав поодамна да давам и детево мое нема веќе грчеви, предходно ги имав пробано сите пробиотици на пазаров за бебиња
Да, витамин Д е исклучок, многу е потребен, дури го сметаат за хормон. Има повеќебројна улога во телото. Ама за пробиотик? И толку долго време, оти? Затоа што си заработуваат. Давајте им кисело млеко и урда ќе завршите поголема работа. Не дека нешто ме загрижува ама ме интересира дали е често. Сега почна од пред некој ден, во 6ти скок. Наместо да ги зема со цело раче, ги анализира прво ги допира со прстето, слатко ми е. И се прашував дали вака прават, бидејќи да покажува кон нешто не верувам, сѐ уште не зборува. Нели треба да зборува, па да го насочи прстето кон нешто, со намера да го покаже. Или пак е почеток на покажување со прсте. Сега е само допир на предмети. Па секако дека треба умерено. Замисли, од раѓање до прв роденден цело време. Јас на почеток давав кратко, па поминуваше рокот, јер 3 недели нели, како ќе се троши, и пошо цицаше добро, па после јадеше млечни продукти, благо не давав, сметав дека нема потреба од пробиотик, дека му е добра цревната флора.
Околу 9 месеци е твоево така? Едниот во тој период сите играчки пробуваше да ги врти. Имаше една тропка со топче што се врти внатре и си ја вртеше арно ама после се што ќе земеше пробуваше со пратињата да види дали ќе се врти, дури и на лажици така правеше Сега ми е смешно ама тогаш се чудев Чудни се бебињата, секое на свој начин го осознава светот. Инаку покажување со прсте е прекурсор на зборење и развој на јазик и комуникациски вештини. Може да е почеток на покажување со прсте, моиве така почнаа ама на сликички во книги, додуше едниот тропкаше со прстето зашто јас така им покажував па ме копираше
Баш ни се исти со килажата мама, до грам скоро. Нека се живи и здрави само, очиглено си се такви дечиња. Да да и моето е долгичко. Меше нема, ама така и го мереа во бременоста. Мешето секогаш му беше помало за две недели.
Јас давам пробиотик сеуште, а бебево кака ко лудо. Ни з од запек нема. Мислам дека @Giovanna имаше истражувано на темава, нешто беше дека користењето пробиотик помага со понатамошни инфекции, не сум сигурна.