И утрово на вакцинално прашав една докторка за давање пробиотик, зборуваме за долг период, за цела година, како што стана практика. Рече не треба да се дава, треба самиот цревен систем на бебето понатака да се создаде, да не се потпира само на додатна поддршка, освен во состојби кога таа е потребна. На моето и кога имаше запек не му помогна нешто особено, пред патување му имам давано и толку. Ама сепак ќе повторам, 12 цели месеци од чиста мира ради препораки на некои пославни педијатри кои си склучиле соработки со одредени имиња како Био Гаја за која велеа овде дека баш таа ствара запек, не не.
И нека се разликуваат советите на докторите, секако тоа. Секогаш ќе се разликуваат, од препарат до доза на лек. Еден доктор ќе ти каже препарат од кој има профит, друг од друг, различна доза ќе ти кажат како што ценат во моментот. Еве две докторки ми дадоа различна доза на Д3 капки. Сега јас да одлучам која ќе ја послушам, а ќе одлучам така што ќе го следам детето. За пробиотикот, дали му давате од што мислите интуитивно дека им треба на вашите дечиња или сугестивно под влијание на докторите? Тој момент разграничете го. Ако им давате оброци редовни со добри бактерии, а им давате, за бебињата кои цицаат уште помалку им треба, тогаш која е потребата за додавање екстра пробиотик? Пред патување, при антибиотик, пролив, да. Ама од помодарство на здраво дете цела година, не. Кисело млеко ќе ја обложи цревната флора многу подобро и е покорисно.
Еленка не мораш дури два пати да ме цитираш, во ред е Детето мое има 7 месеци и едвај еден оброк, преку оброк не прима се тоа што му треба. На комбинирана исхрана е ад и доење и не е јадач. Давам и правам тоа што сметам дека е најдобро за неа, во консултација со матичен педијатар и педијатар од болницата кај што се породив. Не ги земам здраво за готово советите, знам дека не е се за слушање
Нема да се сложам со тебе. Нашиот педијатар не соработува со никој и досега не ми дал ниту едно ливче со препорака, ништо. Од пробиотик не може да има штета, напротив, добри бактерии, сите ги имаме во организмот. Факт дека ние поинаку сме растеле, не сме пиеле ништо, но сме јаделе многу поквалитетна храна од оваа сега. Моето е од раѓање на пробиотик, признавам не давам секој ден, заборавам, ама давам и никогаш досега немало запек, напротив.
За среќа има земји каде препораките се водат од истражувања, а не од меѓусебен профит како што опишуваш. И тие земји препорачуваат пролонгирана употреба. Кога последно нашата земја извела такви екстензивни истражувања, и кога последно педијатрите од вакциналниот пункт прочитале понови истражувања или биле на конгрес/обука, нема да коментирам. Пример тука за ниеден суплемент немав сугестија од медицинско лице во поглед на производителот. А Мк кога посетивме педијатар, бирото му беше преполно со промотивни “рецепти”, демек овој суплемент од овој производител земи го. Пробиотикот кој ми го даде на “рецепт” ги имаше истите бактерии како тој што го користев и претходно (и му кажав дека го користам). Секој си знае најдобро, тоа го утврдивме, ама овој став дека нема потреба да се дава нешто “вештачко” ми е многу чуден.
Тоа се тие земји кои ковид вакцините ги даваа како нешто неопходно за живот? И повторно и кај тие земји постои моментот профит. Демек ако не дадете пробиотик на 8месечно бебе цел месец, готово, нема поддршка системот? Оти пролонгирана, тоа се чудам, зошто се дава толкав долг период. Нема штета, не зборувам за штета, ама нема ни дејство. Сигурно има и студии за недејството, другпат ќе барам. @AngelOfArh моето имаше запек, давав и ништо. Не давам, од пробиотикот се ослободив да памтам. Д3 и омега кај двајцата давам, плус комбиниран сируп со витамини еден месец за поголемиот. Доста е за џигерот.
Никој не ми препорачал или советувал да давам. Ниту пробиотици ниту омега ниту нешто трето. Од раѓање немам ниту еднаш дадено, немал никогаш колики, проблеми со гасови, болки или запек. Освен витамин д по една капка на ден ништо друго.
Како ви се разјадоа бебињата после настинка? Оздраве, му помина настинката но ич нема апетит. Пред да се разболи супер си јадеше, сега со жив зор по пола кашичка и за млеко се молиме.
Девојки после кецови горе и долу и двојки горе излегуваат ли за брзо други заби?Веќе се збудалев од овие заби таман излегоја двојките горе,сега единици почнаа пак ново наново,пискање,врискање,неспиење,несака никаде да седи само плаче.Ја мачкам со гелче ама мислам џабе е се.
Кај нас пак препорака за Д3 плус Омега до следен мај, фактички од октомври до мај, следните неколку години. Е сега давам Бејбитол Д3 плус омега и пливит дополнително. Се мислам да преминеме на повеќе капки Пливит плус Молерс. Барем за зимава. Пробиотик, давав 3 месеци, по препорака на педијатар прекинав. Сега повремено вклучувам. Не мислам дека е некоја голема штета. Друго, дали за едногодишни деца оваа играчка би била интересна или се мали? Правиме список за Нова година плус роденден кој што да купи.
Мислам дека е за поголеми деца. Колку помало потешко ќе го задржи фокусот бидејќи е 6/7 работи во едно. Плус дрвото, иако ми е на прво место, мислам дека само ќе се акне и ќе се повреди на таа возраст.
Моево е 10 месеци, и се заигрува, 10мин 10 ( само коцка е нашата) за моторика овие се одлични играчки
Моево е неполни 10месеци ама нели до Нова година ќе е веќе поголемо. Вакви слични активности има на проодувалката. Е сега освен исправање не ја интересираат активностите. Може кратко само. Ама си викам за 2+ месеци од сега може ќе се заинтересира. Некако играчките кои ги имаме, веќе и се надраснати. Освен шушкави и меки книги. Нив ги врти, гледа слики или барем јас се надевам дека гледа. Други предлози за овој период 9-12 месеци? За играчки?
После единици и двојки излегуваат 4ки, потоа 3ки (хорор од нив имам од првото) па 5ките, последна 5ка му излезе на 2 и пол години...напред се маките
Ја би ја земала, за 2 месеци ќе потпорасне ,ќе биде поише љубопитна сигурно ќе и држи пажња. Ова сега се им е пролазна фаза. Ја скоро земав "базен" со топчиња , ептен им се радува (иако сме во фаза 'фрламе се што ни дојде при рака') интересно му е. И едно пикадо, се лепат топчињата и кога ќе ги извади паѓа од смеење
Да, читав на времето кога се информирав дали да давам или не. Генерално има доста истражувања како за возрасни, така и за бебиња и деца како пробиотиците помагаат во општа подобра функција на организмот, намалена склоност кон алергии, поефикасно разградување на сложените јаглехидрати, генерално подобра апсорпција на нутриенти и поттикнување на создавањето на имуноглобулин тип А. Сега вака нафрлав се, може звучам ко топ шоп колку е магичен пробиотикот ама искрено немам време баш да срочам убав и писмен пост што се прочитав Инаку пробиотик е општ поим, но е сочинет од повеќе видови корисни бактерии, квасци, протозои - со еден збор микробиом. Сите пробиотици немаат ист состав. Децата што се на доење се во контакт со едни видови, децата на адаптирано со други видови микроорганизми. Начин на раѓање, исхрана, пиење антибиотици, околина, се тоа влијае на тој баланс. Млечните производи содржат одредени пробиотици, не сите. Долга и широка е. Дека ќе има последици детето ако не прима пробиотик, нема. Но во првите месеци, а и некаде во првите 2-3 години интензивно се создава таа балансирана микрофлора во цревата и имунитетот кај децата, па ова помага во тој процес. Еве и јас како возрасна последно пиев мешавина на Провен, како суплемент при терапија кај симптоми на вирози и настинка. Не поради тоа што имав дигестивни тегоби, туку како поддршка на имунитетот. За некој може е бренд и реклама, мене ме крена на нозе. Сум читала тука мајки што имаат мака со егземи и атопични дерматити кај децата дека го порачуваат од странство Омнибиотик панда пошто им помага со тие состојби кај децата. Значи има разни примени освен онаа најмногу познатата при дијареа и колики. Да сумирам, јас решив да давам. И апсолутно ништо не давам на детето од лековерност или пошто било во мода. Каде што ми е сомнително читам и консултирам повеќе лекари. Како и за многу теми така и за оваа педијатрите тука се махери кајгана да ти го направат мозокот и да се почувствуваш дека се нешто грешиш. Еве има тука доста мајки од повеќе држави, нека споделат како е таму па да споредиме искуства.
Од колку месеци може да се воведе палента со кисело млеко? Мојот е 7+ дали би можела да давам? И кога е добро, за доручек или вечера?
Дозволувате ли баби и дедовци да ги бакнуваат бебињата? Кај мене сите се разбрани и сами знаат дека не треба освен свекорот,значи како го цмокнува по глава ко ке слушнам косата ми се крева а уште немам конкретно кажано немој.. Сега па гледав едно видео што се случило на бебе од бацување на баби дедовци наводно имале вирус не знаеле дека го имаат па бебево завршува на машини за дишење и хаос… Овој свекоров несамо што го бацува прошлиот пат како го држи така кивнува па рака не стави,и мораше да му кажам,па се испоналути.