Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Давам кога наполни 6, само неколку дена се водев според тоа кога се дава, веќе почнав да уведувам се и јајце воведов и млечни, утре месо, житарки, а скоро и јатки планирам.

    @АнаМаријаД давам да го бакнуваат и јас и мм го бакнуваме и секако сме во контакт со нив секојдневно, така да ако се заразат они со нешто и ние ќе се заразиме па нема како да го заштитам.
    Секако ако се болни или настинати и они се свесни да не го бакнуваат.
    Мене ме нервира свекорот што го бакнува со брада, ем гледа дека се мршти ем пак и ме нервира што го фаќаат после пушење цигара без да се измијат. Сто пати реков ама не влага во глава, само што испушиле ќе го загушкаат или зашлапаат и ми се иде стварно у моментот да им се развикам. Кажав неколку пати и веќе ми е незгодно, ќе му речам на мм да ги подбере.
     
    На Tess36 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  2. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Ние не сме во контакт секој ден еднаш неделно сме само за викенд,ама ако го бакнеш бакни го еднаш не на секој 5 секунди и тоа го стиска со брада исто го бацува да се слушне дури последниов пат коа се искива па и го бацува многу ми падна лошо,не сакам а и веќе ке им кажам. Седам надвор од куќата до прозорот и тоа бацување се слуша надвор замисли човек.. како он го стиска коа ке го баци. Ма ич воопшто несакам веќе..
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Да и јас нејкам да го шлапаат многу, исто свекорот така знае да го замара, он плаче јас го тргам да го носам да го смирам он го тегли да го бакнува, а само тоа е од него, не му текнува да го земе да го занимава подолго од 10 мин, само тоа бакнувањето е главно.
    Ако не живеете заедно не гледам причина толку да го бакнуваат, мислам моите кога го видуваат секако дека го гушкаат и бакнуваат ама пак е некако со усул, исто и свекрва ми, само свекорот е вака “насилен” со бакнување.
    Речи им бе, речи зима вируси има, намалете со бакнување.

    Луѓе а бебево го приметив дека ми спие со главата нафрлена наназад, нормално е? Нешто деновиве ме маваат филмови дека не ни е добро бебево, не знам зошто…
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  4. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Никој не го бакнува освен свекорот,значи не можам да доловам како го прави тоа. Што викаш насилно,баш насилно па и позади ко што има душка на главата кај што нема коса кај што е голо овој со тоа брадата таму баш и го гребе овој се тегне вика а он не уште поише го бацува. Има да му кажам па ич гајле не ми е веќе. Ако некој треба да го бацува тука се мајка му и татко му на бебето а не они,па и поготово додека немаат имунитет створено а и плус моево па и предвреме родено.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Не мава сите изгледа по некој филм. Моето од пред два три дена ги исправува скроз дланките како за чао и ги треска рацете од кревет. Не знам зошто и дали е нормално? A со главата наназад спие кога спие на страна. Еве баш сега спие така. Ваљда е нормално.
     

    Прикачени фајлови:

    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  6. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Не да ги треска,на маса седнати мава по масата треска лупа.. :D
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Штом и твоето така спие нормално е:D
    А за трескањето моето веќе цел месец и повеќе не престанува со таа забава, по се што ќе стигне тупа, маса, кревет, слики, играчки, мава со сета сила дури се чудам некогаш како не го боли. На спална дури се успива некогаш со тоа што прво ќе затупа малце на душек па ќе ми грабне рака и ќе проба со неа да тупа и многу се смирува ако јас му тупам по душек:drunk:
    Не знам зошто ама го сака звукот кој го произведува душекот, дека е со механизам внатре(вграден е) па шупливоста прави звук кој веројатно потсетува на утроба:D
    Изгледа сите сме полудени по малце со децава:wasntme:

    Прееска некоја слика видов кај некој на инста, нешто у смисла “I lost mu mind in parenthood but oh boy did I find my soul,, ми се допадна оти многу е точно.
     
    На le.soleil, Ano, Splendor. и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Женски какви бисквити давате? Јас давав ло бело од дм купував, вчера бев во аптека и ги видов таму сакав да земам , но аптекарката ме одврати ми вика немој имаат многу шеќер!? Што би можела да дадам друго зошто мојов сака така да си ги јаде.
     
  9. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Здраво Мајки :l:
    Ние наполнивме 6 месеци, и дојдовме во оваа група…
    Почнавме со вкусови, давам по два дена, вториот ден мешам со тоа што сум го дала претходно.
    Денес ќе му дадам да проба авокадо.
    Ама немам поим по колку да му давам, давам дур ми отвора уста. До сеа сум дала компир, благ компир, брокула, тиквица, јаболко, круша, слива. Е со сливата имав една епизода - стрес…
    Реков ќе земам кашичка на хип зошто овие купечките кој знае колку се прскани. Ја зедов и без да прочитам позади почнав да му давам, ја изеде пола и тогаш свртив и прочитав дека има шеќер во неа, оризов шеќер, оризов слроб… дамла ме мавна… веќе следниот ден купив сливи од веро прскани не прскани, ги ставив во сода бикарбона да одстојат и така дадов.
    Сакам и гриз да му воведам, многу ми станува навечер, многу лесен сон има, се заучи на цице малку ќе тргне и продолжува да спие, цуцла никло не фати… Па си велам со гризот можда ќе е по сит преку дем ќе спие подобро навечер…
    И до кога пва со вкусовите пробај ова пробај она досадма работа дур ги дадеме сите детево 10 медеци ќе напраи шо се вели…
    Вашите искуства кои се?
     
    На medena147 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    И мојот од време на време спие така со главата зафрлена наназад, уште од 3 месеци почна така. Не изгледа воопшто удобно ама ако сам се мести така си викам ваљда ок е.

    Јас не давам по 3 дена, секој ден гледам да му дадам нешто ново. Ама оброк немам воведено, воглавном му давам колку што е заинтересиран.
     
    На 1209 и Homme им се допаѓа ова.
  11. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Значи не тестираш туку си даваш нормално секој ден различно. Што имате до сега јадено и за што е најмногу заинтересиран?
    И јас не давам по три дена, туку по два со тоа што вториот ден давам со тоа што претходно пробал.
    Ама еве денес сакам авокадо да му дадам, и ќе треба без нишо а на кој би му било убаво да јаде авокадо без нишо… не знам дали го комбинирам до некоја овошка шо сум ја дала до сеа.
    Знам дека оди многу банана и авокадо, ама бананата ќе ја одложам некое време, не сум дала до сега а вчера ми се искака после една недела , (God blees pear and plum :D) па си велам немој да му прави запек..
     
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Манго, јаболко, круша, јагода, банана, малина, боривинка, авокадо, батат, брокула, карфиол, компир,морков, овесен гриз.
    Мислам дека се толку :^)Дефинитивно авокадо му е омилено, го јаде и така само, и дефинитивно е повеќе по овошјето отколку зеленчукот.
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Не давам никакви, според мене се тотално непотребни пошто имаат многу безвеза состав и плус шеќерите, можеш да најдеш онлајн рецепти за здрави бисквити, од јатки , урми и сл. Не знам дали имаш се воведено, ако да, можеш да му направиш.
    Јас планирам вака да правам за него и за нас секако.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Мене ме загрижи тоа што некако како неконтролирано ги мава. Знаете како на почеток дур беа ептен мали. Си мава он и свесно по маси, ме мава по фаца итн. :) Ама го има и ова чудно мавање, кога лежи на грб ќе ја исправи раката ептен и ја треска странично на кревет. Не знам како да доловам, значи не со отворената дланка на површина туку ја шири и ја удира од кревет/креветче како што стигне.
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Хоме јас се водам според блв, уште не давам парчиња ама пасирано да, и буквално по еден ден давам вкус, ама некогаш и повеќе оддеднаш, пошто по блв може се да се меша од 6м и да се дава. Претпазливост иам само од алергени и нив ги давам по 3 дена до сега и прво чисти(освен јатки дека е путер)
    Јас ти препорачувам да разгледаш, не мора да даваш парчиња и јас уште не давам, ама пасирано и сам да се храни му давам и досега супер се покажа.
    Авокадо пример му дадов прво со банана измешано, следен ден давав жолчка, му ја мешав со авокадо, па трет ден му пресечов само авокадо и палента со грчи на чинија ставив и бркаше пикаше во уста.
    Мене вака мк е ем полесно ем он повеќе ужива.
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Зошто да го даваш само авокадото. Можеби и ќе го сака зошто многу дечиња сакаат неутрални вкусови. Ама можеш да го смешаш со веќе воведена овошка/зеленчук. Јас со банана и житарка го смешав, една од поубавите каши што ги имам направрно до сега, ама guess what, на бебе не му се допадна. :) Денеска пак ни е авокадо на мени, ама ќе го мешаме со нешто друго. Иначе во старт можеш да го мешаш новиот вкус со веќе воведен. Со сливата од Хип и јас истата грешка ја направив и се изедов, а беа само 2-3 лажички смешани во друга каша, ама многу ми падна криво што не го прочитав составот пред да дадам. Хип негативно ме изненади со таа каша, обично повеќето се со убав состав.
     
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    12.155
    Пол:
    Женски
    Кажи не се срами ич.
    Ние да се стискаме ради нив а тие гајле немаат, ко намерно, а децава наши се.
    Усул да немале. :envy:
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Исти проблем имав со ќерка ми ,на сите кажано и пак и бакнуваа рачиња,и даваа бастун од постари луѓе да си игра,држеа пари во рака и после ја фаќаа секаде,ја бакнуваа скришно од мене во други соби еднаш приметив и после одев по нив и уште што не..може смешно од страна но мене за бебе од 5 месеци не ми беше ич смешно,ја земав одма од раце во кој и да е и на миење,се лутеле или не нека им стои,и напоменував постојано,иако толку слушаат .Тие по нивно јас по мое.Со син ми кога беше на 4 месеци ја носев ќерка ми заедно со него во градинка на адаптација,сите негувателки го допираа за рачиња и лице,завршивме на итна со тровање на крв од бактерија(секој може да ја има ,дури и на кожа,но после втор ден во градинка се случи ова).Напомени му за ризици,има време и за бакнување,знам дека сите прават од милост,но на крај на денот ние сме тие со стресови ако не дај боже нешто се разболат.Наше е да ги заштитиме нивно да се лутат,за доброто на твое дете никој не мисли повеќе од вас како родители.
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Мава, мава и мојот неконтролирано, некогаш во некоја играчка па ќе го здоболи ќе писне, некогаш во земја додека лежи, исто и со нозете во паркет мава како улав, не знам како нози не искрши.
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Ох ми олеснува вака. И мојот мава и со нозе и исто со играчка си мава по пластиката од каишите на релаксаторот и количката, прави звук и се смее. :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.