На 6м гриз да не ти е рано, зборам за пченичен. Не брзај, кај брзаш, цел живот ќе јаде. Ние еве 10м имаме па јаде нормално, пробување е 1 месец, дури се навикне мешето на храна, после веќе воведување оброк иде, новите намирници во оброк ќе ги даваш. Пример доручек што јаде плус нова намирница. Па после ручек што јаде плус нова намирница. Немаш потреба од брзање.
Сега најдов со морков рецепт ќе пробам. Маж ми купил на лино поштено пишува дека има шеќер и хемикалии за надигање останува домашно.
Човечето мое од ден во ден изненадува. Научи мачиња кучиња како прават, колкав ќе порасне, чао, ајде, браво, за готово со рачињата прави некој гест си ги трла демек рацете готово било, вчера изненади со ставање на телефон на уво, па муабет си правеше со баба му ја бараше, мајка ми замина на краток одмор до северот. Живи смешки е. Застанува на нозе од 6м, од 8 оди наоколу по мебел, ама му се заарни со одење наоколу со држење па не се пушта сам. Али за едно е главен, се кара ко стринка некоја, карање викање, мислиш старо е, го скараш ли и он се кара, па тепа по раката ако му тргнеш нешто, гризе се лути... Не е за смеење, ама смешно е. Се канам да дадам белка, ќе направам тест на кожа, да земам само да скршам живо јајце за нешто и ќе го намачкам. Давајте совет, како да очекувам реакција на јатки и белка? Ако има де.
@AngelOfArh ни тест правев ни ништо, 3 дена давав жолчка и денес омлет заедно со белка, утре кајгана ќе направам и ќе ја испасирам ситно. Досега нем реакција на ништо, јатки планирам во грчки малце да измешам, иам домашен путер од лешник и кикиритки. Вајда реакција со исфрлање од таа количина се очекува. Јас иам сируп дома за секој случај ама неам некој страв од алергии, дали дека никој фамилијарни неаме алергии на нешто, што не е гаранција ама сепак некако без страв сум.
По Блв ли го храниш или? Зошто неколку дена ни се разлика, а баш доста работи си вовела и мешаш. Јас немам дадено ни млечно, ни јајце, ни јатки, ни месо.
Јас имам видено гушење од јатки, од јајце и пишував овде и од банана дури и многу се плашам. Од јатки јатрва ми возрасна коа отече, цела се направи пликови околу деколтето и почна нагоре, како одеше нагоре така се гушеше, многу ми е страв.
Ќе ви се умешам. И мене искрено ми е страв од работите што се алергени. Иако и ние во фамилија немаме алергии на храна, ама не си спијам на тоа уво. Сепак мислам дека и да се воведат порано, односно 6+ по ново, треба претпазливост. Јас би ги давала обавезно по два дена минимум и одделно или со веќе воведено. По Блв знам не е така. Овој метод на хранење од многу аспекти го почитувам, ама некако кога гледам мајки на деца иста возраст со моето како им даваат цели оброци како за возрасен, малку сум ‘старомодна’ и се чудам искрено. Ни воведуваат постепено, ни пазат на алергени. Кај се брзаат не знам, ама секој со своите одлуки. Да не помисли сега некој дека го осудувам.
Па да по блв ама парчиња уште немам дадено, мислам пробав ама не беше заинтересиран уште да држи, банана успеа да јаде ама ја исплука и се задави бааги и разманав, ама давам пасирано и го оставам сам да јаде. А со храната да, воведов скоро се, месо и јатки не сум ама планирам каде и да е и тоа, зедов домашно телешко и пилешко и ќе давам неделава. Алергените ги давам по три дена и чисти само прв ден. Исто количнински не давам толку колку што е по рецепт некој што го има на апликацијата, сметам дека е многу, а и он не јаде толку. Така да би рекла мешано не баш блв за сега. Генерално се водам по инстинкт.
И јас се охрабрив вчера и денес. Вчера дадов палачинки да јаде сама (без јајце, тоа уште не сум дала), денес погрубо пасиран зеленчук со јогурт. Немавме инциденти за среќа. Ја приметувам дека со каши и е досадно, сака сама нешто да прави, вака не можам внимание да и додржам. Затоа решив да пробам дали ќе сака сама. Сега и макарони без јајце неколку ќе и дадам да видам што ќе прави. Млечни, глутен, месо воведов јас. Следно ми е јајце па јатки.
Ако ти е онака да му дадеш колку да седи во количка или хранилка 5 мин дај му смока.. од дм или Лино, само пченка има во нив
Не ми е за тоа, од сабајле му ги збогатувам кашите со бисквити или не ги ставам внатре му ги давам после кашата да ги јаде сам. Зошто само каша не го држи. А да земав смоки од морков на лино и не ги сака баш, а тие од дм со јаболко и манго само ги цуца и ги фрла
А да пробаш други житарки? Инстант мултигреин, со 3, со 4 житарки има на Холе/Хип, со просо, овес, зависи што имате пробано? Јас ставам 50мл вода и 1-1,5 лажица од житарките, зависи густина како ќе добијам, плус овошје. Не е голем процент на житарка, ама доволно да ја држи.
Хмм епа не знам тогаш, ако имаш воведено јаткасти можеш да ставаш едно лажиче путер од кикирика или лешник, јас така му ги правам покалорични кашите или додека му ги правам палачинките банана му давам да си каснува додека ги печам, можеш и тоа
Немам воведено јаткасти уште сме на глутен од следна недела млечни треба да воведам. А да му давам банана и сака да ја јаде. Инаку парчиња храна не сум му давала. Он е 9 + ама го рачунаат како 7.
Тие на хип мулти му ги давам за вечера со овошје но тоа е единствено нешто што не му прави мерак, морам да го направам потечно и во шмукалка инаку нема шанси да јаде. Јас ги правам со ад и оризот и пченката на хип тие ги сака.
За појадок секогаш сум ги правела со вода. Без Ад. И со додадена овошна каша, домашна или купечка. Ако има пробано малини, види ги и муслите 6+ што се на Холе. Тие ги давам со Ад и бар кај мене ги сака.
Ние сме 9+. Денес прв пат дадов осмина жолчка во кашата. Има 5-6 саати од тогаш, нема ништо. Дали можам да очекувам и подоцна нешто од страна алергија и што? Да признаам и јас со страв со недели се охрабрував да почнам со јајце. Сега ќе направам пауза неколку дена па пак ќе дадам осмина жолчка.
Мајка место бисквити да ај житарка со овошјето. Сите даваме 2 пати житарка, реално и бисквитите ти се житарка само плус има шеќер и триста чуда во нив. Дали гриз, дали овесни, просо, хељда, мешај. Јас најчесто за вечера давам ориз, кога не давам за ручек, со ад и цимет, се тепа за тоа комбо, зимам мелен на ДМ бренд. Нивните житарки од кутија најмногу ми ги сака.
Јас сум со спротивен став, ќе ти кажам и зошто. Прво, која е поентата на воведување вкусови по три дена? Реакција ако има на нешто, може да биде и на прво пробување, може и на 10то. Со алергии не си никогаш сигурен. Со ова воведување нов вкус по три дена, значително се намалува бројот на намирници кои детето би ги примило до таа возраст од 9-12 месеци каде што веќе стануваат picky eaters. Додека ако внесуваш по една (или повеќе намирници) дневно, детето добива изложеност на широк спектар на вкусови, и според блв намалуваш веројатност за одбивност кон пробување нови работи понатака. Не е дека некој се брза, ама по блв (и поткрепено со научни истражувања),воведување алергени рано намалува ризик за нивно понатамошно развивање. Тука пример, во 80тите имале висока стапка на алергии на морски производи. Просечно време на воведување било 7 месеци. Во 90тите ја промениле препораката за воведување морски производи после 9 месечна возраст. Бројот на случаи со алергии се дуплирал. Од 2000та навака, тука се препорачува риба да биде првиот алерген, со препорака да се внесе што порано ( околу 6 месечна возраст ). Бројките се драстично намалени. Не дека сум против традиционалното, ама во вакви случаи каде резултатите се толку очигледни и лесно достапни, јас одлучив (секако со тукашни препораки од педијатри) да одам по поинаков пат. Давам работи скроз рандом, малтене тоа што има дома, што ќе се најде во фрижидер. Мислам дека прво овошје беше манго, проследено со јагода следниот ден. Редослед немам, некои намирници не сум ги повторила откако сум ги вовела, и искрено не се стресирам воопшто. Брокула му дадов цела, не пасирана. Ја врати неколку пати, ама знаев дека и тоа е очекувано и знаев да не паничам. Не сум наивна, но сепак гледам искуството да е уживање за двајцата.