Во ред и очекувано е да немаме исти ставови. Се согласувам дека непотребно предолго трае процесот на воведување вкусови. Ама исто и премногу се форсираат некои нови трендови. Сепак на крај секој родител си го прави изборот базиран на свои убедувања. https://www.instagram.com/reel/Cy1IUwZN8__/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
И јас се согласувам со Лавандер за ова. Тоа дека порано чекале да дадат храна покасно како што вели женава традиционано мислам дека и не е толку точно, оти сите генерации пред мене давале се и сешто за јадење уште многу мали кога сме биле и ние и родителите наши пример. Свекрва ми кажува дека кога се родила золвата, препорака било уште на 3м да се почне со алергени така таа жолчка дала уште на 3м, а веќе 3 год подоцна кога се родил мм, препораката се сменила ама она и нему му дала на 3м. Немаат никакви алергии ниту двајцата и не знам човек што конзумира повеќе јајца од нив двајца Експириментално се менуваат препораките нели на неколку години според истражувањата и дефинитивно има нешто многу корисно во овој начин на исхрана. Единствено што не се согласувам е дека со воведување порано храна ќе нема пробирливост, зошто мислам дека пробирливоста е психолошки ефект, дали генетика или нешто не знам ама дефинитивно не влијае како и кога ќе внесеш храна. Мајка ми исто не хранела и мене и брат ми, јас сум голем гурман, брат ми во спротивно од мене од мал ништо не сакаше да јаде мајка ми постојано беше на инфузии со него и не знам ни јас колку месеци поминаа лежеејќи по болници ради тоа, ден ден многу специфични барања има околу храната, секако јаде повеќе работи ама дефинитивно е пребрирлив што става во уста. @Bella_Stella ја пратиш женава? Мене ми е многу чудна, некако многу глупости ми збори, не знам што е по професија ама дефинитивно ми изгледа како водич на култ
Женава докторка е?? Нели моркови цели и јаболки беа choking hazards? Ај на 6 месеци ок ама на 9 месеци лазат некои пробуваат да одат, им треба храна, како ќе ги држи млеко додека им израснат катници, ќе цица на секој саат?
@1209 , во фамилија имаме жена со 3 деца. Меѓу првото и третото 10 години разлика. Вика за првото препорака за жолчка беше од 3 месеци, за второто кога се роди од 6, за третото после 8. Истиот педијатар на сите три. Инаку секое дете си е различно така да мислам нема едно правило за сите. Моето ако ја 7 месеци без проблем јадеше голема каша, некое на иста возраст нема може да јаде ни 60-70гр. Исто и вкусови. Моето не сака кисели нешта, вклучувајќи и обичен јогурт. Мора најнеутрален на вкус да барам или павлака/грчки да давам. И овошја што се по кисели, да ги мешам со банана и слично.
Не ја пратам, случајно ми излезе. Баш грешка си ме проценила ако мислиш дека можам да пратам некој што ти личи дека е дел од култ. А и не можам да се водам по ‘на времето ние, на времето баба ми, тетка ми, стринка ми’. Во 21ви век живееме и секој има пристап до релевантни информации и извори врз кои што ќе си ги базира одлуките за исхрана и генерално за одгледување на дете. Било каква тврда храна, а особено жолчка на три месеци не можеш да ми кажеш дека е нормално, ама нема да навлегувам во дискусија. Не знам девојче. Јас кога гледам било какво видео, селектирам информации. Таман работа ако тргнеме по секој што решил да се снима. Ниедно видео не е водич за одгледување деца. Ај со омилените фрази да се послужам и јас. ‘На времето’ бабите и мајките наши сигурно знаеле што е чоукинг хазардс, па ни вареле јаболки и ги сечеле на пола. Ама некој се служи со фразата кога сака да си ги поткрепи ставовите, иако нема потреба од докажување, сите знаеме да се информираме. Е сеа дали ќе разбереме што е што, тоа си е проблем на секој поединечно.
Не па не имав такво мислење затоа чудно ми падна за женава па те прашав А инаку да апсолутно се согласувам дека не треба да слушаме и да веруваме на времето што правеле, оти правеле многу луди работи, само споредбено кажав со ова што го вели жената на видеото дека традиционално давале подоцн храна што мислам дека не е точно. Секако дека на крај секој прави како што мисли дека е правилно и според мене најубаво е да се водиме според инстинкти и да си ги пратиме децата и секако поткрепено со научни истражувања. Секако не мислам дека правиш нешто погрешно со јадењево, според мене и да се почека со алергени не е погрешно, јас не чекав оти така планирав од почеток, ама апсолутно сметам дека нема врска тоа дека доколку побрзаш да му дадеш секаква храна нема да биде пробирливо, оти мислам дека пробирливоста е поврзана со некоја генетска нишка, не знам ова ми е така во главата створено и нема врска со наука. Јас не одбрав блв ради таа причина, одбрав блв оти едвај чекав да готвам интересни работи за бебево и ми било интересно да гледам како јадат така мали. Може и моево е погрешно ама јас така одбрав.
Абе и да не се информираш логика е дека може да скине делче и да се задави, имале комон сенс и нашите баби и мајки А што информација селектира од видеово?
Па ти си таа што е саркастична јас само прашав што е поентата на видеото? Доста опасна дезинформација имаше во него и затоа бидејќи ти го стави те цитирав
Ве советувале некогаш да намалите со портокалови намирници, морков, тиква, батат, заради промена во тенот?
Сум слушнала за ова. Не се препорачува цело време да се даваат портокалови, зошто на некои деца им станува портокалова кожата.
Нигде не кажа дека не го варела морковот или дека не ги сечека по фингр фуд стандарди. Така да не знам што е опасно дезинформирачки во видеото.
Да, мене ме советуваа еднаш кога го прегледуваа синчето пред вакцина да му стават, носето му било попортокалово. Вистина, периодот повеќе јадеше морков, бидејќи секој ден скоро јадеше манџи, а јас во секоја манџа обавезно морков ставам. После тоа малку намаливме со морковот и му се стабилизираше тенот.
Ок ајде ќе се правиме дека не збори за живи моркови, нема врска, исто и сите истражувања кажуваат дека после 6 месеци НЕ е доволно мајчиното млеко, калории има да, ама фалат многу микронутриенти и треба да се нуди разновидна храна и од 1 година полека да јаде исто што и ние (прилагодено)
Не знам зошто ми објаснуваш. Ако мислам дека треба да пие само млеко малиот, нема да му давам цврста храна, а му давам. Има скоро 7 месеци. Зборевме повеќе за начинот на воведување. Инаку да, сигурно збори за жив морков, со оглед на тоа дека е од генерациите на нашите баби.
Не знам за деца ама моја колешка после секојдневно конзумирање голема количина на мандарини стана портокалова во кожата и мислеа дека има жолтица така да веројатно е можно.
Синко од старт со дохрана јадеше секој ден морков, ама дури кога почнав да давам мандарини и тиква пожолте малку во носот. Не е страшно, ама осеќам разлика. Ќе намалам деновиве.
Лелеле јас деновиве 300 филма дека не ми е добро детето. Дали е до времево не знам ама и го анализирам секое однесување. Мојава е многу нервозна, само се стиска, само се гребе, се мислев да ја носам на второ мислење.