Јас со првото рано почнав со алергени, почнав со овошје и веднаш со оброк, сакаше да јади (9300г на 4 и пол месеци) секој ден различно му давав, не давав 3 дена исто, пред 5 год ова, па почнав одма со зеленчук не 1 по 2 различни врсти, компир и морков на пр, си јадеше, на 6м жолчка варена со патлижан му дадов, на 8 белка, цело јајце варено, не 3тини, 4тини, цело, исто на 8 риба, месо на 7м, единствено имаше реакција на путер од кикиритки тој после година го дадов, црвенило околу уста и не му давав после тоа. Тогаш пред 5г беше актуелно Бебе готвач на форумов, нз сега што е не сум ја читала таа тема, искрено не ми се свиѓаше бебе готвач, многу касно се некои намирници. Прво блендирано почнав, па од 7,8 месеци пасирано, на 1 год крставица јадеше сам, така се си јадеше до година и некој месец, потоа се почна да одбива и денес денес е таков, да се чудиш што да му даваш да јади, а каков почеток имавме како по книга, пресреќна бев. На крај секој си знае најубаво за своето дете, нема погрешен начин. А дали е можно од Д3 со омега да пожолти носето!? Давав неколку дена и пожолто е, бев кај матичната рече ништо не му е.. И многу повраќаше тие дена и му ги прекинав еве нема ич повратено денес.
Ние си заработивме пак антибиотик. Пред два месеци пиеше заради црвено грло. Сега не само што е црвено и наслаги има гнојни. Ќе си пукнам. Од синоќа ја сетив поткрена тт. Денес околу 37.5 цел ден. Алмацин ми даде матичниот. На плуќа чисто. Се средила гнојна ангина кај некој со антибиотик? Леле глупави прашања поставувам ама многу ми е страв да не се симне надолу.
Кај нас едното плаче, страшно ако има нови луѓе или ако одиме на гости, па не одиме, зошто никаде не сме издржале ни 10 мин, ама и познати кога доаѓаат, плаче од сите, само кај мене е пикната. Другото не, пружа рачиња кон сите, па ги разгледува по лице, чека да му зборат. Зависи од дете до дете.
Дали за 9+ е доволно само 3 млекца (ад×180мл) и 3 цврсти, балансирани оброци, отприлика по 150грама или нешто грешам? Откако воведовме вечера, пијат само двапати млекце навечер кон 10, па накај 3, 4. Штом станат одма доручек, накај 11, 12 ручек, 2 уште едно млекце, околу 18 вечера. На вага качуваат повеќе од што треба, не знам дали грешам некаде, да не претерувам со храна, а да им е малку млеко?
Бебе 9++два дена имаше температура и пролив, меѓутоа и ја чешаат многу забите, дали е стомачен вирус или заби други растат? Искуства? Деновиве слушам има и стомачен….
Дојдов за истото да го прашам. 9 месеци е. Јаде три оброка и две/три млекца од по 180. Но навечер обавезно оброкот и е со млеко, а сабајле и ретко. Си напредува ама малку млеко пие. Ако не ми стане два пати навечер само по 2 пати пие, а ако стане значи 3 млекца. Пред да почнеме со вечера си пиеше по 4. Мм вика да не сум давала голема количина на храна. Ама јаде парчиња и не мерам, колку и се јаде толку, некогаш остава нешто некогаш бара уште. Матична не прашувам зошто лабава е, све може и све е ок чим е здрава права.
Мојот исто е 9+ со три млека само третото го давам во 12 а ручекот во 2 па вечера 6. Инаку зошто е полаком за спиење му давам 250 мл вода со 6 и малку дозерка. Оброците му се околу 190 грама зависи колку ми испаднало дента или без малку тегличето или со тупанче. На вага е ок во обзир дека е висок 80см, а тежи 10 и 500 на последното мерење. Измеѓу давам кекса, смока или банана(2-3 гриза).
Еве сме два дена со 38 накај 39. Немаме пролив имаме наслаги на крајници. Ама исто и забите горе ја чешаат. Ние сме 9+. Имаме само 2 кеца долу. До колку качува твоето тт?
Плаче и тоа исплашена плачка. Полни 8 е. Жена бараме за чување, од сите плаче, баш сум исплашена како ќе се навикне. Сега и некој separation anxiety го фаќа, а ме види накај врата дека одам одма плачките...
Јас дојдов да се пожалам Ова со нејадењево поминува или само бетер е? Кога доаѓа време за оброк ми се плаче. 100 гр едвај јаде, со играчки, изигравање кловнови и на крај мобилен и на сила бутање И тоа исклучиво мазно во нутри булет. Ни пасирано, ни грутчиња, парчиња само гмечи во раце. Се што не треба во уста ќе пикне, тоа што се јаде нема шанси. Ај што по 150 гр качува на месец, може ќе си биде послаб на мајка му, ама и хемоглобинот му падна многу па со малтофер почнавме Живци искорнавме. Последниве 2 мес и рандом си повраќаше, па излезе интолерантен на лактоза. Тие што се интолерантни, им давате обичен јогурт, грчки, кисело млеко, урда? Страв ми е да пробам, само без лактоза кисело млеко и јогурт давам.
Добро вечер би сакала да прашам нешто и ако знам дека прашањето не е за тука па ако знаете да ми одговорите дали има можност да се острани името на таткото од изводот на родени?
Исто,матична не прашувам, нејзиниот коментар за се е повеќе од добро напредуваат, само немој да ги направите гојазни. Божем со сила им бутам. Баш откако воведов вечера,некако се смирија, дали помина скокот или им фалело храна, помалку се трескаат за спиење. Само се плашам затоа што не пијат вода, чај, па сега и со помалку млеко, да не им фали течност.
Значи тука сме со оброците, не е страшно. Јас сакав млекцата повеќе пати по помалку, ама се разлутуваа со мала количина. Вака се посмирени, поигриви, па ќе тераме. Едното ми е ко никад да не јадело, а види лажичка или нешто дека правам во кујна, џвака и нема осет колку му е доста. Со другово повеќе се молиме периодов, не изедува ништо, а денес гледам сепак исто напреднале. Затоа си викам очигледно бебе знае колку му треба, различни организми, различни потреби.