Полни 8 мес. Кисело млеко на кри кри најдов само. Да не знаеш каде го има алпското? Сакав и со АД да почнам, ако даваш какво даваш?
Првата година давав строго само растително млеко, нит јогурт нит кисело, пошто не само лактоза и на млечен протеин беше алергичен, после почнав обични ферментирани, млеко дури после 4г дадов обично. Знам колку е мачно да не јаде. Моево па и не ја сака хранилката, урла од неа, а го седнеме вика се дере ко да го боли нешто, ко да го боде, едвај со маки јадеме. Мајка ми баба ко баба му пуштала така песнички, реклами, се што ќе и дојде да јаде само, гледам јас дете седнува и право на тв се врти, кога сфатив ја направив партал ама доцна е, се дере дур не пуштиш маче маче на ју тјуб, песнички. И еве оваа недела дома се одвикнуваме. Јас сум строго против цртани за јадење бидејќи тоа не е јадење. А хгб намален не мора да значи од нејадење, тоа може и од најголем јадач да е низок, моево исто ко твоето нејадач па 134 му е. Тргај телефоните, бар на тв пуштај и издржи. Да ти кажам не знам дали е до капките, витЦ ни дадоа, ко малку повеќе да јаде, ама давам и многу овошје сега, измеѓу грицка овошје и може му отвара апетит.
Моево е нетолерантно на лактоза и му давам млечни производи со лактоза, јогурт, павлака, грчки, кисело млеко, урда.Може да јадат ферментирани млечни, не треба само пресно млеко со лактоза. Ова ми е кажано од доктор. Нема никаква реакција, ниту проблеми со млечни производи. Инаку има ад на Аптамил без лактоза. Ова нетолеранција на лактоза е малку дискутабилна работа. Се консултирав со лекар од странство, во некои од европските држави ваков тест воопшто не се прави на бебиња, ниту истите се веродостојни. Но сепак се водам по препораки на нашите лекари , а што е исправно стварно не знам. Да те прашам дали малото има диареја од малтофер?
и мојов на се отвара уста како невиден, ако нешто не му е по ќејф се мутри се кисели ама пак отвара уста. Педијатарот ми кажа ако бара повеќе млеко можам некогаш да дадам ама почесто да практикувам повеќе вода во млекото за да се залажува количински а не да се трупа со калории. Пробај некогаш стави малку повеќе вода, да видиш.
Јас сум интолерантна на лактоза,можеш да даваш се освен млеко,пијам јогурт,јадам кашкавал,сирење,павлака,кисело млеко немам никаков проблем,ама кога ќе се напијам млеко автоматски го поврајќам.
Зошто да му се ускратува на бебе млеко или храна? Малку без врска се размислвањата дека бебе се трупа со калории, мислам… Бебе е расне, му требаат калории, колку сака нека си јаде. Глупост ми е на бебе да му се крати на храна и да се пази колку изело, прасе нема да изеде сигурно. Се додека нема здравствени проблеми не гледам валидна причина да му се ускратува млеко.
И мојот е тежок нејадач. На каши не ми отвараше уста после 5 лажичка и морав да почнам со блв да јаде самиот парчиња, ама и така јаде како врапче и тоа само суво ако му е тоа во раката, течно со лажичка нешто ако го залажам самиот да јаде. Со килажа сме катастрофа, додуша мн мачен период на вируси и бактерии имавме па ослабе 300,400 грама и сега мака мачиме со качување килажа. И он гмечеше парчиња на почеток сега веќе знае дека треба да ги јаде не да ги гмечи.. Јас почнав со сируп за железо и витамини, хгб исто низок, демек апетит ќе отворело па ќе видиме..
И јас не сум да се крати на храна. Но во врска со ад сметам дека е доволно да се дава онолку колку што е препорачано со мала отстапка, да не се претерува.
Моето уште си ги гледа, 7 полни има денес. Еден период не ги гледаше, па пак почна. Сега си ги чепка прстињата, па ја шири цела рака и ја гледа. Си викам ваљда е нормално..
Веќе седма доза ќе давам алмацин уште малку. Подобрување нема. Температурава се симнува само со блокмакс ама се повторува после дејството, на 6 часа качува. Со чепче ефералган 150мг дури после 2 часа се подсимнува малку. Пишете мајки искуства со гнојна ангина. Кога да очекувам подобрување? Немам сили веќе. Не можам да ја гледам вака.
Дијареа нема, само потемна столица. Тоа и ние зборевме со мм, дали да пробаме со овошје за ужина. Ај друго туку и млеко нејќе меѓу оброци Една работа што реков дека никогаш нема да ја правам беше телефон за време на јадење. 8 мес покасно еве ме никад не реци никад работава. Како успеа да го одвикнеш? Кујната ми е посебно од дневна, ни со тв не можам да го залажам.
Какво растително даваше? И моево е алергично на кравји протеин, ама не се препорачуваат производи базирани на соја при ваква состојба. Друг избор се овесно или некое базирано на јаткасти плодови, ама си мислам да не е рано за тоа?
Кокосово давав и овесно. Сама си ги правев. Едноставно исклучив тв, се дереше, викаше, урлаше ама нема. Јас сум строга многу, телефон не давам па макар не јадел ништо, не давам и крај. За мене телефонот е најголем непријател и толку, мое дете телефон нема да види до 3то одделение. Така го изгледав големото така и ова.
Имам неколку прашања. Кога ве советуваа да вметнете трет оброк? Колку количински треба да е оброкот на 7м бебе и дали им давате ужинка меѓу оброци на таа возраст? Дали џампер е нешто што се препорачува или е no-no како дубаците по ново? И дали џамперот би го пролонгирал лазењето? - Мене лично ми се чини дека Да ова последново.
Џампер педијатарот рече не, а и јас што читав не сакам да го ставам во него, го оставам на земја кога треба да правам нешто, се лути често кога е на земја ама тоа е тоа, морам и јас да завршам некои работи не можам се во раце да го носам. Мојот неделава ќе полни 7 и за сега еден оброк има, и тој не го јаде кој знае колку, повеќе фрла него што јаде. Сам уште не знае, шлапа со раце гмечи ама во уста ретко става, денес изеде цела тегла голема количински каша од спелта, јаболко и банана и грчи, ама јас да му давам, онака сам ништо не правиме. Јас не знам колку соодносот да биде на храна искрено, некоја помош околу тоа? Еднаш на ден почнав пак АД да давам дека со цицање никаде не одиме денски, само ноќно време ако цица повеќе, денски е хаос. Го мерев вчера 8кг, многу малце има нададено од последен педијатар, околу 600гр само и тоа беше на неполни 6м. Во висина е пораснат и вака си изгледа супер, има меше, не е слаб, ама некако малце ми е таа килажа. Не знам ни јас што да правам, два оброка да воведам не знам како кога едвај еден јаде. Мада на почетокот кога почнавме беше доста заинтересиран, деновиве е готов заб да излезе може и до тоа е. А и многу почесто почна да бљуцка во последно време, сварено млеко, не знам веќе што да мислам.
И јас сакав баш да прашам која е препорачаната количина за еден оброк? Моето има еден оброк доручек и јаде околу 130гр., сега пробувам втор оброк да биде вечера исто јаде толку и не бара повеќе. Секогаш правам околу 150-160гр.во случај да се предомисли, но не форсирам. Среќа почна да јаде и волку Другаркиве ми посочија дека откако ќе се воведе прв оброк треба да помине месец ипол за втор оброк, па пак месец ипол за трет оброк. Колку е ова точно незнам, нека кажат поискусните. Јас се одлучив да не му нудам такви опции, бидејќи главна тема е тоа денес за дубаци/џампери дека не се препорачуваат. Го оставам на под да си игра додека вршам некои работи низ дома, во хранилка додека правам ручек му давам играчки, му пеам песнички и така се анимираме сите. Не секогаш е расположен, ама тоа е, некогаш немаме избор
Да, ќе пробам поразредено, стварно не сум го видела сит. Не знам дали има траума од еден период кога не му одговараше млекото, тогаш беше изгладнет и не напредуваше, па сега не може да се донајаде, како гревче. Или само си е лакомко детенце.
Кај нас ова со разредување се деси кога поминав на аптамил 2, од единицата пиеше 200/250 мл со 7/8 ама мерилицата за млеко е помала таму. На двојката пишува да се дава 180 со 6. А он веќе навикнат на толкава количина на помалку плачеше