Месец-месец ипол после воведување на втор оброк. Количина на храна никогаш не сум мерела, колку јаде-толку. На 7 месечно бебе меѓу оброци се дава млеко. Ужинка после година, или барем после 9 месеци. Џампери и слично, немам и искрено сум против. Бебе оставам само на под.
На 7м 3 оброка е многу, особено ако добро напредува. Ужинки дури после 10м, евентуално исто ако не напредува. Од мака се ова си научив. Малово не напредува и воведовме вечера на 8 полни, ужинки 10 полни. За џампер не сум на чисто, за дубак сум строго против, ама џампер не. Моето е од тие што на земја не седи, одма почнува да движи, да лази, па ќе се вдене во беља и иди да те видам остави го. Го оставав за да мочам, да направам кафе, за јадење веќе секако во раце ми беше. Сега не седи, еве ќе го средам џамперот да го огласам да го продадам, џабе, и џампер и игрална и се, ништо не сака. На земја се заигрува и по 20мин ама он кога сака. Се е во покрет. А дали пролонгира лазење? Не, пролазе на 6м, од 4ипол се влече војнички, лази во 4 брзини, во 3 стила и се исправа на се што ќе најде за фаќање, за 3мин е во бељата. Веќе 2м оди по мебел, се префрла од едно на друго парче, уште не се пуштил, ама многу е претпазлив. Купив и проодувалка, и тоа џабе фрлени парите.
Мојот е предвремено роден и почнавме од 6 месеци со каши, нов оброк воведував после еден месец што значи вечера почнавме од 8. Количината мене ми рекоа да почнувам по малку остатокот млекото што си го пие до крај на месецот да стигнам до едно тегличе или 120 покасно 180 гр, а млекото го намалуваш. Ние немавме проблем со количина и мојот после недела ја стигаше грамажата, кога воведов вечера одма почнав со 180 гр. За ужина ако е тоа давам само еднаш млеко во 12, останатото помеѓу оброците знам да му дадам смока, кекса или парченце овошје во тоа со дупчињата. Нас ортопедот ни предложи џампер за да му се зајакнат мускулите, јас го ставам ( дубак без тркала) по 15 мин додека му е интересно со играчките на него. Почна да лази (влече) малку пред 8 од тогаш помалку е во џампер зошто не му е интересен толку, а и мене ми е страв да не се преврти зошто е висок и бесен.
@1209 @Cence @Mandela @AngelOfArh @Pipismel Фала ви женски на одговорите. Сите отприлика ми појаснивте дека е рано за трет оброк, иако меѓу првиот и вториот кај мене имаше многу мал размак, немаше ни месец дена. Може ја избрзав работата, ама педијатарот ни даде зелено светло оти од 5ти месец наваму 'непрописно' напредува. Еве сега и со два воведени оброци има напреднато 300г за месец. И одлучив да не зимам џампер и таа дилема ми ја решивте. Тој 70% е на земја, не лази, иако гледам веќе прави први обиди, така ѕуца со колкчињата и газето. До целта си стасува со брзо вртење по подлогата, ни таму не ми е безбеден веќе да го оставам без 2 мин надзор. Реално, веќе почнува периодот кај што мора очи и на тилот. Бааги напорно доаѓа, сама сум со него до 17ч, во 19ч тој си легнува, само два часа е со маж ми после работа. Најактивниот период од денот тој го минува со мене и сакам да му бидам од полза. Ако постојат некакви реквизити за овој развоен период шо би ми помогнале и мене и нему, споделете. Едит. @Pipismel моево е родено во 36та.
И јас барам начини како да анимирам и стимулирам 7 месечно бебе, а да не е тоа се едно исто лежење на под и играње со играчки. Некни пробав да му направам сензорна играчка. Во зип кеса ставив малку Фрош сјај, вода и леќа и налегната да ја чепка со прстињата за да развива моторика. Фејл тотален. Овој термит мој моментално не си игра со ништо туку секоја играчка е претворена во глодалка. Почна да ја гризе и тегне кесата и му ја земав зошто ќе се најадеше леќа со сјај. Ако најдеш некоја интересна и успешна активност плс сподели.
Ќе ве изненади вас некој заб скоро скоро. Моево така беше пред да избие, сега со скроз излезен и повеќе уста ми отвора за јадење, можам да кажам дека јаде задоволително. Инаку да, ќе споделам и јас тука барам абер оти имам чувство дека бебево сѐ што учи од мене учи, по цел ден сме сами. Осеќам притисок и страв, јас ако не му покажам, стимулирам, поттикнам, кој? Еве татко му касно си доаѓа, баби, дедовци ретко гледаме и сѐ е на мене, а уште месеципол имам до крај на породилно. Еза ме фаќа од помислата.
Здраво, ние сме 10м. и овие два дена има дијареа и слабо јаде, некој совет што би можела да му дадам за да сопре?
Чекаме заб и ние ама уште нема ништо. Мислам дека и ради тоа слабо јаде каши, само бара да цица. Ќе си се развие не му се секирај. Сѐ околу нив ги поттикнува, не сме ни свесни колку се способни да научат.
Мајки кажувајте начин како бебево да пројаде?? 9 ++ сме. Страшно ни една лажичка ништо не сака веќе подолг период, на цицање сме, и само сака да цица. Предходно знаеше барем пола кашичка на ден, сега извади заби, па пролив и температура и сега буквално вришти кога ќе види кашичка. Дали некогаш детево ќе пројаде? Како и да е ќе треба да се вратам на работа, не знам што ќе правам. Но вода ни сокче ништо не сака. Се чувствувам како јас да сум виновна, а секако ја анимирам, играме по цел ден, што не правам, и песнички ќе и пуштам само да јаде и пак не сака
Леле значи сите сме со истите дилеми, јас се осеќам како тотален фејл со анимирањето на детево, можам да кажам дека иам добра доза на грижа на совест оти некогаш едвај чекам да заспие, не знам веќе како да го играм и мислам дека не сум му интересна. Нема застој 24/7 освен кога спие, а и ноќите се ужасни, денес се разбуди 37649 пати, ја не се ни осеќам како да спиев, едноставно само мижев и чекав да почни да квичи. Ниедна играчка не му е интересна и се е глодалка, не можам ништо да оставам на масата оти по се се тегне. И друг голем проблем е што сака само надвор да е во двор, дома плачи се корне, а не е топло дома, мислев да не му е жешко ама 22 степени, јас се заледувам искрено, а он од пожешко одма исфрла по цело тело. Не знам што ќе се прави зимава невиден саклетчија е. А затнан е во носот, не може убаво да дише, се бориме спреј да става. Многу сум исцрпена деновите, се осеќам како да неам две мин мир. Калинки купив некни, секој ден се наканувам да ги јадам и уште ги немам јадено, 4 дена веќе. Јас да бидам искрена попуштив и пуштам тв некогаш, макар 10 мин да гледа во нешто за да јадам или мочам на раат, само тоа му задржува внимание да биде мирен. Кај другарка некни имаше многу играчки од нејзината, онакви што пеат, светат, заигран 100ка, плачеше на одење дури. Си велам ајде одиме да купиме, купив и верувале или не, не сака ни да ги погледне. Исто и со маж ми е само 2-3 часа во денот и саат време баба му ако го анимира, ама во последно време штом го качам веднаш го симнува дека му се спиело наводно, а он само што станат и потоа не спие уште добри два саата, ама за неа секое трлање очи му се спие. И така се е на мене и кај и да е ќе полудам малце. И јас мислам дека заби ќе излезат скоро, не пишува дека е во никаков скок, напротив сонце има на апп, каков би бил без сонце не знам.
Извади заби сега? Проливот и температурата се некогаш симптом за заби. За нејадење нормално е. И вирус да бил и заби да биле во двата случаи моево само на цицање бидуваше по цела недела. Период е ќе помине, само нека цица. Мојава деновиве и послабо цица, ја боли грлото, кога ќе надојде повеќе млекце прекинува. Непцата опасно ги чеша, и се собра се. За јадење да не правиме муабет, само јогуртче по некоја лажичка каснува. Со што спуштавте температура?
Набрзина ве прочитав за стимулации, да не ве тагирам сите ќе пратам вака некои активности кои ги правевме на таа возраст. Може некои од нив ќе се успешни и кај вас. Ова ми беше најуспешна кога требаше нешто да сработам по дома. Ја правев негде од 5-6 месеци. Исто и ова подоле кога му спремам јадење. Ја правиме сеуште само му ги менувам играчките, зависи кои му се најинтересни периодот. Пример сега му лепам малечки колички. За ова пазете на картонот ако имате дегустатори. Си ги јадеше и врвците и картонот, ама со подебел и поцврст картон немаше ризик да откине парче па не му се замарав многу И овие неколку за на ѕид и прозор, ги правиме уште само сега повисоко ги ставам за да се крева. За тие што веќе лазат закачени топки да ги одлепува и пак да ги лепи Кутија со чорапи да ги вади и става назад, висината прилагодете ја според способноста на детето, до каде може да се крева Имам направено две кутии со дупки. Едната за топки, другата за други ситни играчки. Ова ми е хит зашто право ги користам кутиите за сортирање на играчките, и бебе точно знае каде да си ги најде. Најчесто јас ставам во нив, тој вади, не е баш заинтересиран за ставање. Изгледа знае дека тоа е “раскренување” на играчките, па по растурањето е
Екстра! Фала ти. Ми иде да го разбудам да го играм сега. Блазе му на колачето со вака креативна и посветена мајка.
Фала фала фала Имам пинтерест, отварам и на инстаграм ама вака кога ќе видам не знам зошто ми е пореално. На оние слики викам е да бе кај ќе игра, е кај ќе го погодам вакво да личи, па некои реквизити што треба посебно да се купуваат. Сликите не се мои ама пробав нешто да направам и можам да кажам неуспешно. Детево не сака да си игра со ништо, едино со топка(во смисла јас да сум до неа, тогаш се заигрува 5-10мин макс). Сака кабли така да дефинитивно ќе го пробам ова со врвките. До сега и имам направено од влажни марамчиња игра, само наместо за допир залепив сликички од животонско (изговор +за да каснам и јас). Интерес 2/10 Направив шише со внатре светки и топчиња. Интерес 6/10 Залепен во ќеса за замрзнување грашок 10/10 за гризење, 2/10 за игра и мрдање на грашокот.
Е сега, тоа е најбитно Јас имам дете што мноогу си игра, со саати. Бара да го анимираш, сам ретко да се заигра веќе, ама со се што правам знае да му задржи внимание, се интересира ептен. Пратам и кои активности да се соодветни за возраста, имам неколку утнато да ги пробаме рано да не му се интересни, па после еден месец да се заигра. Од мене совет пробувајте стално, некоја ако не му привлече внимание на 6, може на 9 месеци да е полн погодок Инаку фала ви многу на сите за убавите зборови, нивната среќа е најголема мотивација. Среќа што имам сеуште време за ова, 24/7 сум посветена на него
Па топчиња како синтетика и смајлиња светки и ставив, како што пишав сликите не се мои. Инаку во офис плус по 30 денари беа. Со сокчето 100 денари играчка ме фати