Офф со помин нека е. Само блок макс ни помогна. А мојава заби до сега има две е сега дали нови ќе излегуваат или вирус ќе видиме
И јас не сум на чисто. И ние имаме само две долу. И тие кога излегуваа вака се поврза со настинка и црврно грло.
Леле јас купив разноразни чудесии, какви не светки, очиња, џинџурлајки, што не.... ставив во 3 ќеси, различни, коа рече тече тоа сјајот, го дупнал некаде, уста полна сјај... Фрлив во канта инстант. Ова или е за мутави бебиња или е за мали многу. Е сеа ќе направам во шишиња, да пробам. Во локо кроко има исто. На Џуниор програмата.
И мене ме стварно интересира? Би кажала нешто ама глупо ми е да коментирам така на тема бебе па ке си преќутам.
Отворена чаша,јас во мала за ракија му давам,полесно ми е да контролирам колку да голтне,на почеток не знаеше,се засркнуваше малку или ќе му истечеше,сега се подобар е,6++ е.
Јас со обична цевка го учев. Ја затварав горе цевката со прст, за да се наполни долниот дел со малку вода, му го ставав долниот дел со водата во устето и го пуштав горниот дел за да му истече водата во уста. За недела дена почна да влече. Сега голта ко големо човече од цевка.
Се согласувам, штом мојот почна да пие вода сите ќе пропијат.Еден месец како го користиме и шишево е стварно чудо.Мојот е 13 месеци, до пред еден месец давав вода со шприц. Сега си пие од шишево без проблем
Ваљда не мислам дека има мутави бебиња туку мислам дека е за бебиња кои сеуште не ставаат се во уста, кога се многу помали, не знам на 3м, на 4м... повеќе замерката е на моја страна отколку на страна на моето или било кое бебе. Додуша големото и на 10м да сум му ги дала немаше да ги стави во уста да ги џвака како малото, мирно беше, ова... Се извинувам ако повредив нечиви чувства не ми беше тоа намерата, сакав да се пошалам на своја сметка.
И јас го пробав овој метод ама ретко да повлече, повеќе плука. На колку месеци се научи твоето бебенце? Моето има 7 месеци и до сега се пробани скоро сите начини да пие вода и нејќе и нејќе. Се мршти како не знам што да му даваме.
Сите ги препорачуваат овие, а јас се мислам дали ќе бидат залудно потрошени пари бидејќи сепак не се евтини. Пробано е со цевка, чашка за ракија, пластична чашка, шише.. уште овие останаа непробани. Пие, ама повеќе плука и се прави утоп отколку што пие вода
Изгинав мајки, изгинав! До 12 се џиткаше низ кревет, се фрлаше, плачеше, ќенкаше и двете ги исцица до капка мислам и уште бара, гњури, гладен е се гледа и не спие. Во 11 земав млекото, му го дадов, испи некои си 100мл и заспа ДО САБАЈЛЕ! Детево било гладно. Или немам млеко или не знам што е, зошто бара да цица и спие доста помалку од вообичаено. Ми идеше да си пукнам од мака. Тоа е што е, ќе давам шише пред спиење ако не сака да заспие со цице, може е привремено, може едноставно немам веќе млеко иако кога ќе стиснам шприца.
Шишево е супер затоа што цевката е под агол и нема потреба да се крева шишенцето, а и не протекува од цевчето и многу, многу е издржливо на удари. Мојава кога сака, си пие, но најчесто се лигави, ама дефинитивно со ова почна да пие. Сите други опции што ги пробавме немаа резултат. Наше е да нудиме, а кога ќе дојде време сами ќе си пропијат, само трпение ни треба
Исто мајка.. само кај моево гледам и преку ден не го најадува млекото, па се мислев да купам ад и да пробам да му дадам? Кое го користиш? Бејбилав? И како е со шишето? Кое шише? Кај мене бејби ко новороденче пиеше се на се 5пати само и од тогаш не сум дала и не знам дали ќе ми прифати.. убедена сум дека е гладен. Вечера си јаде убаво кај 18ч (сега не се важи болен си е) и до 20:30 спиеше.. од 20:30 до 12 е спие топ е после почнува хоророт, будење на 15-30мин и само со цице призаспива, затоа викам да пробам ако спие убаво значи гладно ќе е Сега болен не спие ако не му е цице во уста, не можам да мрднам никаде. Оболев @Angi266 носко и само носко
Ова е поголемото, има помало од ова со рачки е и пишува 9+ ама јас на синко од 7м му го дадов и за пола ден научи да пие од цевката.. е сега на почетокот повеќе беше на облека него ли во уста, ама со тек на време се помалце плука