Накај 7ипол почна да пие убаво. Сакаше вода уште со лажичка кога му дававме ама се закашлуваше многу. Сега кога ќе види чашката дека ја зимам жив среќен е, жими за тоа уста отвара.
@AngelOfArh , не е ли за над 1на година тројката? Инаку и моево ако малку јаде/пие преку ден, ноќе се буди почесто. И покрај тоа што е на Ад. Или кога е веќе време да зголемиме количина на млеко преку ден.
И мојот препија вода од авент шишето. Убаво ми е зашто постојано е околу него, го фрла двеста пати на ден сеуште е живо Не тече ако не повлече, по некоја капка само, што ми е раат, како играчка му е. Веќе и разбира кога го прашам каде ти е водата оди во детска и си го носи шишето, па се натпреваруваме кој повеќе ќе испие Шишето е железно, колку напади има претрпено само оно си знае. Ние уште сме со тоа со рачки, ептен му е погодено и за држење, а 13 месеци е. Не планирам да го менувам скоро
До која возраст ги носите на месечна контрола? Почнати се вирусите и некако не ми се носи низ болници сега. Го мерам дома со мене на вага, не знам колку е точно. Вака си е супер, свеж, си јаде, си игра. Немаме некоја мака па си викам дали морам периодов да го носам, некако не ми се чини неопходно.
До годинка, ама кај нас влезот за болни и здрави бебиња е различен. Што се мене тиче деца до кај 7г треба да прават бар 1 годишно систематски, од кај да знам што ќе пропуштам, не можам да пратам се.
На 5 м и нешто кога ја однесов матичната ми рече да ја носам тек на 9м за да ја мерат.Инаку сум била уште неколку пати од тогаш ама само да ја слушне и грлото да и го провери,на 6м секако бевме на вакцина и систематски и сега пак на 9м ќе има систематски,денес ја мерев во висина 70см за еден месец 5см е порасната,а пред една недела на вага ја мерев 7.8 беше кога ќе тргнам алишта 7.5 да биде 700 грама што мислам е супер.
Девојки, 7ипол месеци сме и пред околу недела дена почна да се исправа на нозе. Во креветчето претежно или кога е надвор ќе се фати за некој и ќе се пентери. Од лазење нема баш абер туку само се врти на подлогата. За да стигне до нешто што го интересира оди со превртување до таму. Прашањето ми е дали околу подигањево на нози да го "сецнувам" за да се фокусира на лазењето повеќе или да оставам да си оди по негов тек? Обично се водам по тоа, бебето да ме води, сам да одлучи за што е спремен, за што не, и кога, ама за подигање рано ми се чини.
Јас сега го носев за 7 месечна, иако кога бевме на 6м, ми кажаа за 2-3м. Го однесов оти почнавме со цврста храна, па да видевме како напреднал. Следна, здравје 9ти планирам. И докторката суптилно ми кажа дека не мора веќе секој месец да се оди, јас изгледа ја испотив жената.
Нема некој редислед на нештата дали лазење, па исправање. Секое детенце е посебна приказна, така што штом сам почнал со исправање значи дека во овој момент за тоа е спремен, можеби после ќе се пушти да лази. Следи си го како што си правиш.
Од седум месеци веќе не го водам на редовни контроли. Само по потреба недај боже ако е настинат или ако имам некоја недоумица. Вака го гледам убаво си јаде, здраво, весело, среќно бебе е па нема потреба, сега па посебно на овие студови не ми се малтретира. Здравје да помине сезона на вирусите па ке го водам чисто за контрола.
Нема редослед може и да не лази воопшто,туку дирекно да оди така да нема потреба да го сецнуваш. Кај мене малата на 6 седна,6 и една недела почна да лази,после една недела почна да стои да се качува,сега на 7+ почна сама да стои и е фокусирана на тоа,вчера и денес на троседот се држи и се движи по малку,исто заприметив деновиве дека веќе од место станува и се исправа да стои без да се држи за нешто.
@Bella_Stella, кај нас бидејќи се носат во болница за контрола уште од кога направи 6 месеци, ни рекоа ближи сезона на вируси, нема потреба со здраво дете толку често на болница да се шетаме. Така да следно на 9 месеци имаше систематски. И до година веќе не планирам освен нели нешто не дај боже да испадне, да одиме таму само за мерење. Дома барем на 2-3 недели мерам висина и тежина.
Никакво сецнување. Не прават сите деца сѐ по редослед. Прост пример, девојчето на кумовите прво почна да се пушта да оди, без претходно да лази ни еден ден, а тек после тоа почна да лази. Сами си диктираат ред и темпо. Остави го нека си тера по негово.
Откако е родена два пати сме биле кај матичната. Еднаш за упис, после пред почнување со вкусови. Другите мерења беа во вакцинален пункт. Фала богу немало никаква посериозна причина за по лекари, здраво бебе што супер си се однесува јас лично не носам на лекар. За од прилика тежина гледам дома на вагата ама и по облека гледам како си расте и се смалува. Плус на овие прегледи ја носам и на ортопед, така што пак како и да вртиш во првата година на најмногу месец ипол - два, ја носам на некаков лекар. Матичната не ми рекла да ја носам дополнително од ова.
Zdravo majki, Bebeto e 9meseci i denovive pocna cesto da go vadi jaziceto nadvor i da ja vrti zabrzano levo desno glavata. Dali imala nekoja majka slicno iskustvo?
Да го оставиш бебето да си оди по негов тек. Тоа што е спремно, тоа ќе си прави. Мојот на пример на 6 почна да лази, на 7ипол да се исправа, а седна сам на 8ипол. Значи прво се исправаше, па седнуваше, а мене логично ми е да е обратно. Ама бебе си тера по негово