Мајки може не е за тука прашањево ама таа е возраста ....ме интересира искуство кај доени бебиња кое млеко е најприфатено АД .....Мали Hip Organik Combiotik не сакаше воопшто да го пие па сега да не фрлам пак пари да ми дадете совет со кое друго да пробам ????
Нема веза кое едно прифаќ, друго може нема. Моето секакво што понудив прифати, Аптемил беше до 6м, па се префрлив на Хип, а и едно друго во Англија пиеше едно време. Така да се зависи од бебето, може ниедно нема да прифати за жал.
И јас мерам баш ради ориентација, ама чудно ми е и пола зеленчукова каша кога ќе изеде не бара да цица, а сабајле на овошната не и дава да мрдне.
Не те сфатив добро. Повеќе сака овошна од зеленчукова и после овошна бара да цица, а после зеленчукова не? Јас имам воведено само доручек и најчесто е овошен. И син ми повеќе ги сака овошните, нешто да е ‘благичко’ и ќе јаде, инаку слабо. Он некогаш бара одма после убаво изедена количина и да цица, а некогаш како пример сабајлево, изеде 140гр каша, имаше дремка па тек кога стана после саат ипол цицаше.
Иста е , некогаш бара да цица и после цела каша. Баш тоа и сакав да кажам, благо и овошно јаде, зеленчук многу слабо. А време и е за ручек и мора да е зеленчук.
Ќе пројадат сѐ што треба кога ќе решат. Секое дете е различно. Упорност и трпение само. Наше е да нудиме, со тек на време мислам дека ќе се навикнат на повеќето вкусови.
Женски, колку вода да давам на 7++ месечно бебе? Давам два оброка, телешко воведов, жолчка воведувам, сѐ си мислам дека ми е дехидрирано. Наутро памперсот не му е полн колку што знаел, дури оскудно. Плус, мака си мачи со запек неколку дена. Стенка, се мести, не може да се искака саалмно. Слива давам, ама не ми врши работа. Можно е да не му давам доволно вода? Цица во меѓувреме, доста поднамалено ми е и млекото.
Со еден оброк јас нудам 30мл, ама не ги пие сите, повеќе плука. И моето има запек чат пат, сува слива ни помага, обична не баш. Он цица многу и не сме имале сува пелена. Пробај кашите прави ги поводни, барем така да внесува вода дур да пропие.
Која температура држите дома? Во стан сме, прилично топол. Сабајле кога ќе станеме е околу 22.2-3 степени. До сега клима обично пуштаме поручек и одржуваме околу 23-4, само кога го бањаме 25-6. Дали е ок температурата од сабајле или да пуштам, вечна дилема имам со температурата значи. Инаку е облечен на боди на куси, боди на долги и тренерчиња.
ние сме во куќа климата е на 24 уште од сабајле пуштена ама прави 22 синче е на тренерки со боди без ракави а јас по кратки ракави цел ден е на под и нема проблем
Ако се прашувам јас климата ќе биде само на 24 на економик, ама мм праи дома да е бања. Најчесто доаѓам дома во претопло и се нервирам. Спиеме на незагреано и според мене да се грее спална е криминал, ама според нив треба цела ноќ да брмчи климата и да имаме сите суви носни слузници и да дуваме нос со крв секој божји ден. Не им е јасно дека пресушена им е слузницата и од тоа им крвари им пука од што не дозволуваат секрет да им задржи некоја нормална средина. Иначе според мене 24 степени на клима е ок со 1 слој облека плус долно боди.
Препорака за шише за вода, бебе е 7+++ не знае да пие од шише мака мачам. Давам водичка во мала чашка ама не ми е баш практично. Имам авент, twistshake и twistshake со клунче и некое обично стаклено не знам фирма, не знае од ниедно да пие - или се загрцнува многу или ги лиже само. Пред да купам реков да прашам.. тенкс
Ако пие од чаша едино ти е избор да купиш Нук меџик кап, не капе, а принципот на пиење е како од чаша.
И моето имаше мака со какањето, и ваш тука пишував и дефинитивно беше до водата.. Јас го имам на авент со цевка и секое сабајле му го полнам цело, после секој оброк обавезно му давам да пие, а преку цел ден му го ставам на крај на масата па сам ќе се испрсви да си ја земе, зошто на мајкава слабо и текнува Не знам точно колку мл е шишето и колку пие, ама по какањето мислам дека му е доволно, не се мачи веќе
Јас моментално го учам да пие со цевка, секој ден сѐ повеќе сфаќа што треба да прави. Заробувам вода во цевката со прстот и му пуштам да смука, ја топнувам цевката во каша па му ја давам, јас пијам со цевка да ме гледа и мислам дека сме на добар пат. Планирам да го купам ова шишенце за некое време. Бебе е исто 7++.