@gothchick , само за поддршка ти пишувам. Не знам што се нема изедено. Последно ако нема нешто во видик подлогата сунгереста ја гризи. Меки книги што имаме, топки меки како од пена, се е изгризано. Кога успевам да извадам парче, кога не. Тргнав се што може да е опасно. Се исправа на што ќе стаса. Е бар мојава знае и сама да се заигра бар до Вц да појдам. Почнав и Тв со музика во позадина да оставам. Колку песни што ние си слушаме. Понекогаш детски. Знае да фрли некој поглед ама ништо страшно.
Лек кај нас е музика, грицки (смоки, некоја палачинка што останала, леб и слично) Од видик нема оставање, тоа е, мојот прооде ама се плашам лошо да не падне и му висиме цело време до него.. а за забите само тие за ладење глодалките помагаа малку, цицање и тоа
Не си сама, ама знам дека не е ич лесно. Звучната азбука ја изгрицка. Меките подлоги за игра ги издупчи по ќошовите, стазата во кујна е ко глувче да имам. Топчињата од игрална, меки книги, гумени играчки, чорапи, се е со дупчиња. И јас се жалев пред некој ден, апп според термин вика дека сме во саншајн денови, после 6ти скок, а они се однесуваат како во громче, не спијат ноќе или спијат, а шетаат по кревет со газот дигнат, зборат во сон, па ги фаќа хистерично плачење и нема смирување. Што и да им дадам за играње, ги интересира 3 секунди и ете ги кај мене за нозе се исправаат и кенкаат да ги кренам. Машково бар не плаче толку од забите, ама за заспивање е хорор, само во раце кај мене, ако го спуштам отвора очи и вришти како да е напуштен. А женсково се однесува како мајмунче, само на нешто се беси за да се исправи, гризе и тепа, го гризе брат и за уши, за образи и нормално кај никој не сака освен кај мама. Ако има некој чаре, нека ни дава, во состојба сум и на бајачка да ги носам веќе или мене да ми побае да не се мрднам.
Може да добојат потрес кога лазајќи ќе паднат на главче, од таа висина? Образот кај јаболчницата и се зацрвени скоро помодре, целосно со едната страна со главчето тупна. После некое време поврати еднаш малку, ама само што јадеше и цицаше.
Мислам дека не може ништо да му биде од таа висина ама пиши на матичен за секој случај и следи ситуација
Колку време да селдам? Повеќе од сат и половина има. Нема повратено пак, весела е, си игра, цицаше пак.
Мене еднаш ми се чукна и ми кажаа вечерта да не го будам ама да си спијам до него нормално, претпоставувам дека во иста соба си спиете, да гледам дали повраќа (е ама ми напоменаа да му дадам за вечера нешто што сака и да не го прејадувам, колку изеде толку за да не се мислиме после од што повратил) твоето обично се случува да си бљуцнува повремено? Или не се случува вообичаено? Исто гледај дали е омалаксана, дали си реагира нормално.. мене ме прашаа дали заплака кога се удри, дали изгуби свест.. мислам дека за 2-3 саати има некоја реакција ако е потрес ама не се плаши, мене ми падна од стоење а до него бев и ништо не му беше, ни модрица немаше ама страв во коски
Мајки какви препораки имате од педијатар за кашлица и секрет во нос и грло. скоро 8 месеци е, кашла од вчера, шлајмови полн а од нос не вадам ништо со пумпица. Од грлото повраќа шлајмови. Правиме 3 пати на ден инхалации со синомарин и прскам солен раствор. Нема тт. Тоа "спуштање на гради" ме плаши, не знам што друго да направам. Пред месец дена имаше мрса во нос, мачкав хлорамфеникол, не знам дали се долечи.
Да, се случува да си бљуцка често. И вчера баш 2 3 пати ми бљуцна. Мојата заплака кога се удри, ама кратко додека ја болеше. Инаку не ни се случило ова прв пат и пред една недела се чукна од иста висина, ништо не и беше.
Знам како ти е, не е ова утеха ама сите паѓаат кога проодуваат посебно, ништо нема да им биде ама нас коса ќе ни побели
Си имам мака со бебево, на ант е од мало, профилкс за рефлукс на бубрези. До скоро без проблем го пиеше, последно време живи маки, со шприц не сака го плука целото, со лажичка го пиеше додека не укопча дека е лекот, сега не отвора уста, теглење, држење, плачки и трауми. Цела недел веќе не знам колку воопшто прима оти пола се истура, пола го плука, а сируп е и не е малце за да можам набрзина да дадам. Не знам веќе како да го давам, а треба да го пие без престан уште долго, долго…како давате во ваков случај? Совет?
Кај ти е ставена камерата дома кај мене, не е можно да е до толку исто се. Апп вика уште 1 недела од скок, мене ми личи ко 1 година да е. Кај мене плус рика на сила, се дере, не плаче да речеш, само се дере. Мајмун. Вчера нашол батерија и како слатко ја смукаше, мислиш чоколадо, после некоја конец го лапнал, црн, па и долг, отишол веќе у грло го вадев со 300 маки. Спие у креветче дур легнам, само што ќе се успијам уклучува сирената, ко да има сензор.
Пробај со малку природен сок размешај го сирупот да му смени на вкус паво шишенце или чаша,или опција што и мене ми е стресна но кога ми плукаат сируп малку им држам нос додека да голтнат,стресно е дека плачат ,но некогаш се нема избор.
Шприц за сируп, шприцаш во образ, нема да се засркне а нема ни да го плукне. Пробано. Додуша јас што деца имам не знам, дај им само капки, сирупи, дај им да пијат нешто и раат биди си. Малово дури ме потсетува кап кап, пред фрижидер стои и чека.
Абе така и правев ама сега не отвара уста, не можам да му го ставам воопшто шприцот во уста. Мм го држи за раце, јас за глава, он се тегне и плаче со цврсто затворена уста, маа глава лево десно и ептен е борба, не може вака да тераме мора финта да најдам, додека не ја научи и таа…
Само пластика му е мајката, мојов исто се бута во уста. Го фаќаат будалите ама ако треба во вц знам што сака а тоа е саатот мој, пластичната кутија со влажни( иако му успева да ја отвори и да ги јаде влажните) и четката за заби тогаш сум малку раат.