Пробај сменете пристапот. Мм кога оди така несигурен со шприц, малку ако се плашк да не одбие детево да не сака и исто е борба, јас одам лабава време е за антибиотик и отвора уста.
Имаме исто и е најбољи реквизит што постои за бебе. Најискористено и најпрактично. Му ја наполнив со играчки и си седи секојдневно си се игра дур не му здосади. Исто така е и максимално безбедно и да не сака да седи, ако треба да завршам нешто набрзина таму го оставам, нема каде да иде и да кинка битно е безбедно. На секој му препорачувам вакво нешто да има дома. Не знам што би правела и како би функционирала без игралната.
Каков модел имате точно? Некако овие ми се чинат со мали димензии, 100х100 е едната, а другата 93х93.
Јас ваков тип ти препорачувам, ќе си игра и како големо дете. Огромни се, овие другиве ми се како за бебе само.
Таков период и е, ќе помине, а и скокот е агресивен, се ја интересира, не знае да задржи на едно нешто внимание, затоа што е мала и е хиперактивна, големиот син беше ист, ама ако плачеше јас го оставав со бабите и ќе излезрв негде, не може секогаш ама бап секогаш да ги исполнуваме нивните желби кога не знаат каде тераат, нек си поплаче ќе се смири, ако не ја научиш на друго таа ќе мисли дека тоа што си го прави е правилно, и ќе продожи така. Може да има и проблем со спиењето во скоков, повеќе трпение и оставај ја и со други, не само со тебе. И совет да почекаш со градинка, сето ова ќе и дојде премногу одеднаш, ако имаш шанса одложи, за забите медикаменти користиш? Гелови?
Стабилни ли се овие? Мене ми е да не ја преврти подигајќи се и да можам да го оставам и да знам дека е безбеден.
Ова мое бебенце се повеќе ме изненадува,расте со брзината на светлината,денес накревет почна да се пушта да оди направи неколку чекори и падна,ме топи.Секој ден има нешто ново,почна да прави тапшини,многу брзо порасна,нека запре времево.
Мојата е 93х93 и му е сосема доволно. Не е многу голема, ама не е ни премала. Има место да си седи и игра. Сепак земи си ја таа за нијанса поголема 100х100. Нашава е баш цврста и безбедна, дури и мрежата е цврста. Не видов убаво првата што си ја постирала на кој бренд е, но тој тип е. Нашата е на моно.
Мене некако ми се виде мала дури и таа 100х100, ама од друга страна поголема би фаќала доста место и не знам искрено. Првата е Bebe Confort и е речиси дупло поскапа од таа на Free On. Едната е 5942, другата 3600. Во принцип не штедиме пари на реквизити, ама ако стварно вреди и има зошто. Значи сериозно треба да размислиме. Што за големината, а и ценовната разлика не е мала. Мене искрено ми е најмногу за стабилноста и да не се научи сам да ја отвара и да излегува. Ќе работам од дома после породилно и ќе бидам сама со него, дефинитивно ќе ми треба вакво нешто. До која возраст ја користевте и колкави се димензиите на поголемата?
Дали бебињата се удираат со рачињата по глава и им е интересно? Онака како да се чудат и се смее 9+++ сме и сеа ова и е ново. Предходно кога цицаше се кубеше сеа ова.
Јас ја одбрав помалата за да не ми зафаќа многу простор и така во моментот кога ја купивме имавме уште три реквизита што зафаќаат место уште голема игрална ми фалеше. Сега би одбрала од 100х100 ама нема врска и оваа ми врши супер работа. Кој ја измислил награда треба да му се даде.
За стабилна, стабилна е. Моите на неа вежбаа исправање и одење. По некое време научија да ја отвараат и да бегаат од неа. Ја користев додека наполнат 14-15 месеци, потоа само ми зафаќаше простор.
Јас многу ентузијастично набавив секакви реквизити, сешто натрупав дома, од подлоги, од игрални, од џампери, проодувалки, ма се набавив, и малото ме зезна за навек, ништо не сака, за се вика и се буни. Бато го оставав во џампер по 15мин, пола саат, ова не сака ни 5 да седи, не 15. Во игрална, ако поседи 3мин е успех, плаче, вика, корне и го гризе обрачот. И така се собрав, спакував и продавам сега. Веќе ни малото креветче не ми е сигурно, го продавам и тоа, не бива, има една пречка, се качува на таа и кај и да е ќе летне на земја, еднаш тој стрес го кркав, втор пат не сакам. Вака така ги продадов џамперот, игралната и подлогата, остана количката летна, креветчето и торбата за пелени, па ќе му купам со парите нешто убаво и памет за друг пат на старо купување веќе ни под разно. Мислев дека проодувалката нема да ја сака, ама почна да ја игра ептен дури и ја шета натаму наваму и му купува време. Во принцип е дете што си игра со играчки, ама сака и внимание. Туку за 2 дена дена полниме 11м, летна времево, не знам каде брза само. Очекував уште пред 1м да прооди, некако ми стоеше спремен, ама некако се научи да оди покрај кревет, мебел, столче бутка и оди, сега проодувалка и не сака да се пушти. Не ми се брза, страшно е подвижен и вака. Смешко мајкин, добро е почна да се смее не е само на плачење работата, ова скоков не напушта полека и почнува да е полесно. Прилично лесно совладува работи, играме криенки, кажува колкав пораснал, како кива баба, како кашла мама, како дува нос бато, се “јавува“ на телефон, кога е време за капки иде пред фрижидер и вика капе капе, песничките ги знае и ги бара маум маум и кап кап (чудно маче и кап кап му се омилени), мам го владее одамна, ама добро е почна и татееее да го вика, а бато остана бам, баба исто ја владее добро, ама изненадува со даде, види ли девојче вика даде, е најново му е ајде и дај, и сите ги испраќа со чао... Вака кога се читам сега, батково ни пола од ова на 11м не правеше, ова многу му се брза. И хрчењето не престана, хрчи дрва сече навечер, не се трпи. Утре сме на контрола па ќе прашам што да правиме.
Има некоја мајка искуство со бебе што кога спие навечер во кревет се буди по сто пати, а на спална спие без проблем И ако има некоја финта кажете Малата е 7+,но уште од 2 месец некако одбива да спие во кревет навечер. Дали дека премногу се врти спиејќи, стварно не знам ама многу сакам да ја научам да спие сама
Да кренам 2 прста, во креветче се буди, до мене трупец, нема да стане цела вечер. Така беше и големото и малото, мада овој го шие големото, тој пак спиеше повеќе.
Исто, исто Она до душа си се врти цело време додека спие ама не се буди. И ја тера без проблем цела вечер. Вчера пак пробав и живи ненаспани сите. Се буди, си седнува сама и си се смее. Плус и подоцна ми стана сабајлево и сега ќе и се поремети редот.
Како ги облекувате за надвор на ден како денешниот пример? Прогнозата вика 6 степени и сонце има, со заби ама го има.
Ми излезе слика од големото, боди, тренерки, тенок скафандер од оние ко мече и капче подебело памучно, не волнено, одозгора капчето од скафандерот, во количка, покриено со ќебенце поларно мало.