А дали се ок овие две комбинации на пример: 1. Боди на кратки, тренерки, монтка, памучно капче о покриен со меко ќебенце и капакот од количката 2. Боди на кратки, тренерки, дебел скафандер, памучно капче, непокриен
Мене мало бебе не ми е практично со јакна, имам, ама не знам искрено како ќе ја користам. Баш ме потсети сега да ја извадам. Скафандер, дури и не дебел, туку таков како ќебе бушав, меченце јас ги викам. Утре сме на преглед, искрено не знам како ќе го облечам. Имам сега едно дебело ко џемпер со елек пришиен на него, се мислам у тоа. Ќе морам денес да смислам пошто ќе ме соберат на работа, да не ме изненадат у некои стари тренерки исфлекани ко минатиот пат.
Мојот во транспортното креветче несака да спие во дрвеното си спие нормално, освен кога ќе се изврти и ќе се удри од даските тогаш се буди.
@Bella_Stella @AngelOfArh и јас сакав да прашам денес шетавме мали го облеков во тренерчиња со боди на бретели доле и го ставив во скафандерот. Се изнашетавме кога се вратив го соблеков телцето му беше топло, но скафандерот е без ногарки и доле имаше чорапчиња и кондурчиња. Нозете му беа грч ладни и помодрени жал ми падна. Што да ставам на нозете? Зошто не ми иде врз скафандерот ќебе?
Во првата комбинација јас би ставила само боди или маица на долги. За втората денес ја пробав се покажа ок за телото но не и за стапалата
Јас само што го шетав. Беше облечен во тренерки и боди одолу. Дебели чорапчиња. Јакна, зошто во скафандерот не ми даде за ништо живо да го облечам, беше вриштење. И го покрив со дебело кебе и капа и шалче му ставив. И му беше супер топличко
Јас имам футмаф на количката и ја облекувам во боди на долги, тренерки, чорапи и јакна, и покриена со футмафот до под мишки зошто рацете мора да и се надвор. Памучно капче и капата од јакната и ја ставам. Некад и боди на прерамки или кратки облакам ако и се подебели тренерките
Мојава за жива глава не дава скафандер да ставиме, така да вчера кратко бевме надвор. Носеше, боди на кратки, дебели хулахопки, дебели тренерки, монтка, плетена капа и чизми со крзно. Не изгледаше како да и е ладно ама сепак некои 10тина минути бевме надвор и таа во раце.
Излеговме во првата комбинација и кога се вративме си беше супер топличок. Моето е малце склет дете, не ми изгледа дека ќе е зимурливо. Маж ми е таков топол секогаш, кога и да го чепнеш он врие. Плус и со потењето се исти, и бебето се поти на главче исто како татко му. Среќа на грбот не се поти, па главчето е полесно да се исуши. @Pipismel нашиот скафандер е со мобилни ногарки, се вадат и ставаат. Уште не сме го пробале, ама ќе биде наскоро. Кога шетаме во палтенце како денес на ноџињата носи или патичиња или само чорапчиња со такви плетени одозгора и не сме имале проблем со ладни ноџиња. Ама како што кажав детето си е топло.
И јас вака, плус ракавички ако не во количка. ММ преферира да го шета во раце оти ептен близу сме до паркот.
Исто и моето вака денес, ама имам едни како чизми со болна внатре, утре планирам така да го шетаме, па ќе видам дали има разлика.
Мислам дека бара сигурност, бара мама/тато. Мојава стануваше да ме види и ќе продолжеше, ако не сум до неа легната (не ми се спие секогаш во 8 хаха) ќе плаче, ке дојдам и одма се смирува и продолжува. Сега по ново малце и е да ме види, од спиење ќе стане, ќе ме види и се пика во мене или глава до глава или цело тело ќе го припие до мене, па уште и ме бутка да си се намести. @Mumoftwo30 се ни е пробано за забите имам пишувано и претходно, џабе е. За градинка здравје, уште сме настинати не сакам да ја пуштам таква не заради неа туку зради другите деца. Инаку за игралниве се мислев и јас, ама како што е црвец, како што не си игра ич и како што е лепенка за мене мислам дека за џабе ќе се парите. Сакам да пробам ама немам во близина некој да позајми. А во склоп на муабетот што сте пишувале, денес бевме цел ден по доктори и шетање, беше облечена по боди по кратки, блуза ама како мече таква дебелка, пантолончиња, чорапи, топлинки и јакна. Многу склетџика дете имам, не трпи јакна, дуксер, капа, чорапи ништо. Ја облеков во скафандер кога почна да рика, ова вечерта кога заврна снег во Ск. И дома ни е на 24 климата пуштена ама температурата е 22, кај што спие 20-21. Она во пижамчиња по долги (чорапи кои ги соблака во спиење) се поти, а не па повеќе да е. Кога е облечена колку што треба енервозна плачлива, соблечи ја макар се тресела она се смее. Ама и маж ми е таков, јас сум зимурлива ептен.
Да ви даде совет една мома од северните краишта за облекувањето на ладно. Слоеви, слоеви, слоеви. Избегавајте дебелки, bulky парчиња. Првиот слој идеално волна. Не абсорбира влажност. Втор слој што било, во идеален случај пак волна. Трет слој, скафандерче отпорно на ветер. Викам скафандерче пошо не треба да е дебело. Отпорните на ветер се воглавном многу тенки. Дебели скафандери се само за на снег. Не за ладно и суво време. Кој може да инвестира во футмаф за количката, обавезно.Со него и два слоја облека се скроз доволно. Ама и ќебе е ок. Со тоа што пак, волнен микс е најдобро. Капче волнено, ако дува ветер + отпорно на ветер. Има во Хм едни како чизмички, не се чизми, како штитници се за нозете. Ова обавезно. Ракавици за рацете ако не може да се пикнат под футмафот, или доколу го немате. Happy strolling.
Lindex имаат преубави мерино бодиња. Имам едно на поклон и скроз би земала уште неколку во прва прилика. Тенко, ќе речеш парталче а толку убав материјал е. Инаку да имав мирно бебе што нејќе да избега од количка јакна не би и облакала ич. Ама не седи мирна во футмафот па морам уште еден горен слој да и облечам. А ракавици ставате? И шал?
Даа на Линдекс се преубави мерино бодињата. Мислам дека најблиска продавница е во Тирана. Убави се ама се прилично скапи, околу 30 еур. Јас повеќето му ги земав на старо. И му ги облакам само за надвор, не за дома, пошо ако многу често се пери мериното се уништува. Ракавици ставам, шал не, наместо шал имам вакво.