Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Имам две прашања.
    1. Дали е нормално бебе да се задишува само затоа што е 300 на саат и не знае да запре? И спомнав на матичната, рече ќе ја следиме, ама некако не ми ја "следи". Или да си закажам преглед кај некој специјалист?
    2. Убаво јадеше, а сега наеднаш почна да одбива и буквално плаче од храна. Уште сме на пасирано со неа, се гади од се друго ако е парчиња, освен од смоки, деновиве на смоки живее, знам дека не смее, ама ништо друго не сака. Каши одбива, ако се парчиња повраќа, а сега почна и да плаче, во хранилка не сака ни да седне. Сака да држи лажичка, ама ни да брцне во храната. Дури и млеко веќе не сака да пие. Што ли може да ја мачи? За некој ден 10 месеци е, другово дете лесно си премина и на парчиња и сам да јаде, а со неа мака мачиме.
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Ехеее имало и дури порано од нас. Им се брза сончоглед да грицкаат.
    Јас баш за горните кецови мислев дека покасно излегуваат.
    @Bella_Stella :D зимај слободно. Како што тргнало на сликите за прв роденден со умници ќе сме.
     
    На Pipismel, Bella_Stella и Zumbulche им се допаѓа ова.
  3. MamaofbabyIsi

    MamaofbabyIsi Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво од кога почнавте да давате животинско царство?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.018
    Допаѓања:
    110.644
    Пол:
    Женски
    Бебо конечно почна да качува килажа, конечно, овој месец 700гр качил, конечно качи повеќе од 8 кила. Кога ќе ми текне дека од 6м се влече од 7 кила и до полни 10м немаше качено кило, ми се темни. Ама како форсираме, како пикаме јадење, цело време јаде нешто човекот.
     
    На strelec231992, 1209, gothchick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Маж ми купил еден картон, демек за албум. Културно ги сокрив, како што е бебка со свекор и свекрва периодов сигурно ќе е на мени.
    Инаку 10++ бебка е. Не планирам да давам чоколадо за брзо.
    Немам размислено кога би почнала ама засега немаме ужина воведено, а и нема потреба ужината да е животинско. Така да додека можам, ќе одложувам.
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Веќе некое време кога е возбуден или вознемирен почнува некако чудно да дише. Како забрзано и погласно и пушта некој звук интересен што не знам како да го опишам. Не бил болен до сега за да препишам на тоа. Нормално ли е вака?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Благо после година, не дека нема лизнато:x. Ама и тоа ќе е ограничено на почеток еднаш неделно и слично. Ама не е воодушевена ич, дај леб, јогурт или месо-се дави.
    За 10 дена правиме 10 месеци и е 11 кг. Ми рекоа да не ни пробува да оди зошто е ТЕШКА и може да направи проблем од притисокот.А она сама од лежење, седнува, се исправа, се движи (ако е на проодувалка, маса, стол и слично). Зарем да ја сопирам, а ќе биде само нервозна? Нејзе играта и е тоа-движење на сите начини.
    Инаку од скалите на интернет и сантим два е повисока од просекот. Така да не е дебело ниско, туку крупничко бебе а преподвижно 300 на саат.
    Има некоја искуство?
    Јас ќе одам по инстинкт, него онака да чујам и друго мислење
     
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Не знам кој ти рекол така. Тоа што бебе само си прави, да си го оставиш да си прави. Проблем може да се направи само ако го форсира некој. Ако бебето само се исправа, стои, оди, значи спремно си е.

    Мојот е и висок и крупен, лази од 6 месеци, се исправа од 7 и пол месеци, по мебел оди од 10 месеци. Сега има годинка се пушта по неколку чекорчиња сам. Јас само гледам и уживам :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Ортопед:D
    Што ми вика и дека е Ок дубак, него сама што се пушта вака.
    Нема да го именувам, од приватна клиника е, не е лош само има различни гледишта за некои работи.
    Секако, уште одма се пушти во акција кога дојдовме дома, не ни размислуваме да ја спречиме.
    Само ќе го послушаме во делот да не ја држиме за рачиња за да оди, заради рачињатса, не друго. А кога нема каде да се држи ни бара раце, нормално:?:
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Зошто би давала чоколадо на бебе? Ништо корисно нема, само штета. Чоколадо после две години ке дадам и тогаш ако ептен се тегне по него инаку не.
    А животинско царство, а милка или било која друга чоколада исто ти е.
     
    На 1209, elenaklasik, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Што се случува на 9++?
    Меѓу скокови сме, детево само рже, ми иде да фатам усвет :drunk:
    ај дење што рже ко кутре некое, ама и ноќе не спие воопшто, ќе паднам веќе, ова некое време се случува...
    да се поклонам на мајките што и ноќе им се неспијачи 8-| , ама јас ноќе заспивам и стоејќи веќе, ноќеска млеко заминав да напраам до кујна, си дремнав на шанк некоја минута :(

    заби нема, во скок не сме, што е работава :drunk:
    се обидува да напраи некој работи, и ноќе, си пузи ко војник и плаче, сам седна од лежечка вчера, а ако е седнат на кревет за врти на страната да се крева а нозене ко гумени му се, до ова ли е, до што ли е
     
    Последна измена: 29 ноември 2023
  12. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Мајки да ве прашам како воведовте месо?
    Вчера му дадов прв пат пилешко од кашичките на Холе, помешано со компир и спанаќ ама не ми беше нешто многу ентузијаст. Дали денес да дадам пак пилешко или кога следно? Имам сега домашно пилешко па дали го варам денес или кога?
    И по колку месо давате и колку пати неделно? Прашувам зошто педијатаркава многу не ми е од помош да ме воведе со дохранава што и како…
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Едно по друго, по два дена воведов и телешко и мисиркино од причина што се неколку лажички, не е цел оброк. Јас знам дека се дава три пати неделно ручек со месо и зеленчук, два пати само зеленчук и два пати неделно јајце ако имаш воведено. Ако грешам нека ме поправи некоја поупатена мама. Месо количински по 40-50 гр треба да има во кашата.
     
    На 1209 и Homme им се допаѓа ова.
  14. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Ако имаш воведено тиква земи ја на холе кашичката тиква и пилешко. Моиве само така го јадат, а и не им го давам често, многу ретко. Таа од чисто пилешко пробав да ја искомбинирам и јас, тоа беше прв оброк што ми го одбија, многу интензивен мирис има, мене ми се гадеше. Домашното можеш да го свариш и дадеш, ама дека воведуваш, јас не би ставила повеќе од 30 грама. Измешај го со нешто што ти јаде.
    За колку пати неделно, препораката ни беше 5 дена месо, еден жолчка, еден чист зеленчук. Ама на почеток јас давав месо двапати неделно, па после тоа преку еден ден и сега кога како, 4-5 пати неделно, ама ретко кога го јадат цел оброк со месо. Не форсирам затоа што и не овожаваат, повеќе сакаат чист зеленчук, само гледам да имаат разновидно и избалансирано мени. Ако им дадам телешко на парченца ситни ќе каснат, во каши не баш.
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  15. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Девојки да се пожалам веќе 4 дена ништо не ми јаде,само на доење сме веќе нерви искинав да касне нешто,уста како клешта затвара,а таман и 3 оброк воведов,ниту еден не јаде 2-3 лажици и толку.За еден месец на работа треба да тргнам како ќе биде со ова дете незнам,до врата се доближувам плаче вришти по мене,ау страшно.
     
  16. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Да си се пожалам и јас.
    Како почна да лази и да се исправа од 7 месец негде живи ненаспани сме.
    Се буди мислам на пола саат, го трти г'зот и цица во таква положба, се фрла на спална на сите страни под стрес сум дека ќе тресне доле. Се фрла врз мене, ќенка, 300 на саат е. Ќе се разбуди и по два часа не може да презаспие, се мачи.
    Вади ќецови горе, поминавме и 6 ти скок но ова трае подолго. Капак на се веќе месец дена му пропуштаат пелените, купив 4 различни. Па се пресоблакаме сред ноќ. Вечер му ставив прима, после полноќ беше утоп го сменив пак во прима сабајле пак беше утоп.
    Избегав во спална да испијам едно кафе затоа што од сабајле како станавме плаче ме тегне за панталони, ме кубе како партал сум. Не сакаше ни да појадува мислам пак сакаше да цица, само на цице го асоцирам. Мм го гледа сега слушам со него си пее а по тоа што слушам и појадокот си го изеде.:^) Имам денес термин за третман на лице, со грижа на совест ќе одев сега едвај чекам да одам малку да пуштам мозок на пасење.
    И така постот каша попара но имав потреба да се испукам негде :whew::drunk:
    А сега гледам во која тема сум пишала, нека де премести постот очигледно не е за тука.
     
    На strelec231992, Zumbulche, Ano и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Истиот е и мојот, само преку ден уште не лази, ноќе праи будалаштини, загради си спална оти мојов падна ... за сета среќа цело време мислев ќе падне и доле имавме душече и понатака подлога поставени :x
    Неколку пати го враќав од нозе горе, исто и кај сестра му се пика во кревет дека споени ни се, па ја кубе у сред ноќ :whew:
    во креветче никако не спие во последно, ќе заспие таму не е проблем ама ноќе накaj 2-3 никако да го преуспиеме во креветчето и тогаш почнуваат будалаштиниве...

    да ми простите пред некоја вечер заспав и во вц :drunk:
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Заградена е со перници од една страна, креветчето од друга страна кое што не е фиксирсно и ако го бутне може да падне. А сака да се исправа на него цело време. На перниците се качува за секунда.Затоа морам да дежурам цела ноќ да го пазам. Во креветче нејќе да спие а и не спие што да го ставам. За денски дремќи го ставам од пред една недела и автоматски ги скрати од 1.5 час на 45 минути. Но викам поарно помалку да спие одколку да падне, висока ми е спалната бајаги. Стварно завидивам на мајки кога ќе кажат дека децата им спијат цела ноќ. Ќе бидам задоволна и 3 пати да се буди, цица и презаспива. Мирно да спие. Ама искуството со првото ми кажува дека вака ќе тераме барем до 3 години.
     
    На Ano, 1209 и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Мојов беше супер до пред една недела, спиеше цела ноќ од негови 2 месеци... сеа што се случи не знам...
    а големата беше таква, до 2ипол години нема преспано цела ноќ...
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    IMG_1248.jpeg IMG_1244.jpeg IMG_1247.jpeg
    Леле Нала јас де надевав моето како ќе расне така ќе спие помирно ама изгледа ништо од тоа. Цела ноќ е вртење, кинкање во сон, тропање со нозе, значи ужасно спиење, многу е немирен, јас повеќе од 2 саата сон немам сврзано со недели веќе, ако не и месеци, не се ни сеќавам. Плус сега пак преку ден не сака да цица ич, ама затоа ноќе само со града во уста е, по цела ноќ, не знам како да го одвикнам од ова, цела сум укочена од што сум гола бубрези ме искинаа…
    И јас да се пожалам вака.
    Спиење општо ми е хорор со ова дете, стварно непредвидлив е скорз, или јас нешто многу грешам во распоред на спиење, не знам.

    @Bella_Stella моето се задишува така повремено, особено наутро кога ќе стане и многу ќе се возбуди наеднаш, не знам на штос е должи, не мислам дека е болен, а знае и во сон понекогаш да диши забрзано.

    Него овие брунчиња од што може да му се, на нозете и на двете има, с сега и на вратот приметив. Тврди се на допир и не се вака воспалени, ова се зацрвени оти го фаќав.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.