Женскии, ќерка ми како да направи две три чекорчиња, дури и не знам дали да си верувам на очиве . Како се рачунаат први чекорчиња?
Да не те разочарувам ама како тргнало така ќе тера. Јас се надевам кога ќе го одвикнувам дека ќе почне да спие ноќе ама и тоа не мора да значи. Сакам да цица до 2 години, многу бев упорна за да цица и уживаме искрено и двајцата но кога ќе тргнам на работа со вакво спиење не знам дали ќе издржам. Од друга страна ќерка ми беше на АД па до 4 години се будеше, она па и полошо пиштеше плачеше не знаевме што да и правиме. Ти викаш врзуваш два часа, јас бре оваа недела ни толку. Го мачи нешто очигледно, заби сигурно веќе се познава цртка кај ќецот горе. Да избие па може ќе почне да врзува по два чадаса дс дремнам малку Ова може да е алергија ако си вовела нешто ново. Додека не се повлече не воведувај ново, не давај јајце, млечно ден два и види како ќе биде. Мада најдобро лекар да го види може ќе ви даде нешто против алергија. А и ќе ви каже за што точно станува збор. Со помина мајка @Leanne мислам тоа се бројат како први чекорчиња. Лесни чекорчиња на бебе, спремајте постапалки
Ох, епа ништо тогаш да чекам. Не можеше на татко му да се метне со спиењето, мм да го оставиш 24 саата тој 27 ќе спие оти малку ќе му се. Ова на мене ќе е, син на мајка Него што знам не воведов ништо ново деновиве, јајце и млечно е давано веќе многу пати без реакција, не верувам да е тоа. Може нешто надворешна иритација…ај ќе го пратам ден два и ќе видам, а и мм имаше некоја рекација на кожата деновиве, баш велеше дека многу го чешаат, може нешто му пренел
Мојата голтна, а и се давеше (буквално поплаве дури) од излупен лак за мебел (тврдо скоро како пластично му доаѓа) парче. Дел поврати, дел од што ја враќав извади со шлајм. Следниот ден имаше и во каките
Молев цела бременост да е на татко му во спиење, физички е цел на него ама спиењето очигледно не. Тој и стоејќи може да си дремне Иначе јас сепак би направила една консултација со педијатар чисто да знам дали смеам нешто да давам ако еве го чешаат како што викаш дека го чешале мт. Во спротивно ќе биде многу нервозен
Др вика штом заминало во желудник нема опсност. Леле се надевам дека така ќе е. И мојава се задави прво ја тупнав по грб надолу свртена изглеа го врати во уста и го голтна. Ауу нема мир. Се во уста да се ставало.
Со лесно да си чекори низ животот бебка секој ден ќе се пушта повеќе па после ќе вежба станување од под кога ќе е спремна
Мојот редовно си мљацка глупости од земја, редовно. Вчера му извадив од уста парче од дрво, од дрвата што ги гориме, она ко мов што е. Најде ли на земја ѓубренце тоа иде сместа во уста. Некни правев путер од кикирики и ми паднаа кикирики, коа се затрча, дали да собирам кикирики или него да го бранам, хорор.
Денес му вадев мало парченце од книга.. исто сѐ во уста иде, оди кај хранилката и ако ја немам исчистено си наоѓа некое парче што му останало па се радува..
Леле хорор исто...само хартија јаде по цел ден од кај ке најде...и на теписон што ке си најде го става во уста.
Има голтнато и покакано нешто? Јас се плашам пошто е цело парче да не заглави негде. Инаку си јаде и оваа земја од саксија еднаш ја начекав, трошки, се што ќе најде. Ова кај се најде денес не знам до сега не се случило.
Не се плаши ќе го искака, од тие меките книги кога голтна, не знам што материјал е тоа па искака не направи никаков проблем
За хартија веќе не се ни потресувам. Повеќе од месец што ќе дофати си јаде, за хартија мислам. Дали некоја книга, дали етикети или лепенка од играчка. Што се нашло. Мислев јас после првиот заб прекинуваат со тоа, ама ништо од мојата теорија. @AngelOfArh , и мојава вчера по чинијата со кикиритки на маса се исправила. Имавме гости и ги оставив демек да се дојадат ама очигледно веќе ќе треба од видик се да фаќам.
Знам дека не е најсоодветна тема, ама не знам каде да пишам. Ако знае некој дадилка со искуство, ве молам да ми дадете бројче. За мојот бебо ни треба, 9 месеци ќе има, за во Скопје.
Мљацка жено, јаде, ужива. Ко специјалитет некој да е. Брисачот му е омилен, мислиш васина торта јаде. А па мислиш јас барам низ каките, како па да не. Да е нешто големо, остро, тврдо, да мислам, ама вака не го мислам. Јас како мала имам изедено паричка, сестра ми копче, и двете сме ги искакале, мајка ми вика глас да не ве чујам за децава. Овој мојов има многу брз метаболизам, кака по 4 пати на ден, ако земам да посматрам каки кај ми е крајот.
Ако треба да се префрли со мене на кревет правам со раката потковица и го опфаќам од главата надолу се бутка кај мене под мишка и топ спие и нема каде да бега. А може и се комира од миризбата он наспан јас укочена ама врши работа.
И мојот става се во уста ама не голта, јас имам проблем со лижење. Кога ќе го извади јазикот по паркет како џогер е, исто и на стаклото се лепи да лиже.