Овес и палента од ДМ био, инстант ориз на Холе и просо од Био Космос. Тие житарки ги користам сега за сега.
А каков да биде овесот ако не интегрален. Брашното може да е бело и рафинирано, ама житарката не може да е рафинирана. Бар така јас мислам.
Назад пишува напред само оргаски и био ништо друго. И кога прочитав интегрален, ти лета памет дека има и поинаков овес затоа прашав дали смеам овој
Јас како мала имам бисер во нос напикано. Вчера кога и кажував на мајка ми, вика абе ајде ќе го покака не дај Боже бисер да напика во нос како тебе и да го вадиш сама со пинцета и да чекаш да аспирира во секој момент. Стресови колку сакаш. Моево кака преку еден ден најчесто, вчера какаше немаше ништо што е и логично не беше стигнато за да се покака. Сега ќе чекам денес или утре.
Денес конечно јадеше појадок после 5 дена ништо да не стави во уста,ама направив рестриквии со цицање,почнав да ја заспивам без цицка само со гушкање и на изненадување фати цуцла,не ми е по кејф ама морав да ја заспијам некако не сакаше ништо во уста да стави втор пат успејав без цице да заспие сега правам ручек ќе не фати малку покасно ама шетавме,нема да и дадам вечера од утре ќе и давам и вечера.Инаку ми се јавија од градинка дека е примена и договор да потпишам и тоа не од јануари туку од декември,и ќе ја пуштам по некој сат секако користам годишен одмор цел декември по што нема кој да ми ја чува.
Неможам да спијам јас ако е потпрен на мене. Не ме фаќа сон. Ептен сум терсене за спиење. Он радо би спиел на рамо кај мене, само се качува по цела ноќ јас го тргам. Или е качен на перница, па го влечам надоле. Сака на високо да спие изгледа а нели несмее. Некој да не снима навечер што правиме . Спиеше ноќеска малку па пододморив. Едвај чекам викенди за мм да го почува. Апликација вика уште 4 дена идкача од скок, забот кај и да е ќе искочи и може ќе се смири ова лудило. А може и не
Кога почнавте 210мл АД и 2 шишиња во 24ч? Мојава како ној спие, со газето нагоре, прашавме нема гајле. Сака на високо исто некогаш и успева кога сум заспана, некогаш ја подсимнувам. Мноооогу почна немирно да спие, ама претерано многу. Од кога се роди немам цврст сон, сега па ич. Дали е скокот, дали си бара позиции не знам
Ние сме уште на 3 по 180мл. Ретко се случува да прескокне некое. Пие рано наутро, меѓу ручек и вечера и пред спиење последно. Следен чекор би ми бил тоа меѓу ручек и вечера со ужина да го смениме ама не знам ни кога, ни имам идеја што би јадела тогаш.
Уште не се врти на секое викање. Некогаш ќе се сврти ама повеќе мислам дека е случајно. Скоро 8 месеци има, до 9 некој мислам пиша тука дека обично сите почнуваат да се вртат.
Многу рано, уште на 6м, ама он и доста напреден е, па не е репер. Пример од 10м ги знае сите кој е кој, мама, тато, баба, тете, дада, бато, знае да се обрати на нас конкретно кого бара, ако сака нешто знае да каже што сака, пример маче маче на тв да му пуштам песничка или кап кап кога давам капки или ајде ајде за надвор... брат му се ова ни на 18м не го правеше. Дали има врска тоа што јас уста не затварам и цело време му зборам или едноставно такво си е детето, не знам.
Мислам има врска зборување, јас од кога е родена само и пеам, само и зборам, многу имам страв од доцно прозборување.
Давид се врти на име веќе пола месец а може и повеќе да има. 6 месеци имаме иначе. Секое дете си е различно. Инаку најкасно мислам до 9 месеци треба да почне да се врти на име. Ако не сум грешка
Дали се јавуваат тантруми на 10++ месеци или да се спремам психички дека детето ми е такво. Последните неколку на пример скока во креветче, дрвено, и нормално може да се повреди, доколку ја извадам имаме плачки. Ако на пример, става книги во уста, кини парчиња од истите, ги тргнам јас, пак плачки. Или ако погласно подвикнеме НЕ.