Мојот на 10 месеци извади прво запче, секое дете различно. Сега вади горни кецови веќе три недели се мачиме... Инаку и јас не го бањам секој ден, преку ден два е сосема океј и од раѓање истото го практикувам.
Нели е многу облека тоа? И кај нас е околу 18-19, секогаш спие на боди по кратки и шпикозни или пижамки, покриен. Секогаш кога ќе го пипнам е топол. Еднаш го ставив во вреќа и му беше жешко, треба пак да пробаме. Ама не би ставала толку облека под вреќата.
Јас морав да почнам со блв пошо мојов почна да одбива каши и да го храниме. Искрено пренапорен процес е дур научи дека треба да ја земе храната и да ја јаде а не да си игра и да научи кај му е устата. Сега јаде сам, јаде и со лажица сам ама многу малку ми јаде и почнува да си игра со храната. Приморана сум да пуштам песнички цртани и да изигравам кловн за да му давам и јас и да касне малку повеќе...
Јас па мислам откако е роден не сум ставила боди под шпихозните. Навечер само шпихозна и вреќа, а и така се поти гледам, а дома ни е 21 константно.
Заборавив на бодито, да боди на прерамки, шпикозни и зимна вреќа, како јорганче. Пробав и со ќебенце ама исто се случува, не знам ќе појачам клима вајда за спиење тоа ми е останува, оти стварно ми е ладен цело време, а пробав и со боди на долги плус шпикозни и пак исто. Леле и моево така знае во сон да почне да испушта Дејзи трпение, и моето не знаеше кај му е устата првите недели ама брзо сфати, остај го да си игра и тоа е дел од процесот, јас по 2 пати во ден чистам столче скроз и под, некогаш кога ептен ми е мака да го чистам му давај јас, ама и вака е комбинирано, што е парчиња зема во рака и јаде, со пасирано си игра и зема таа лажица што е како рамна со дупки и ја пика во уста ама за да де најаде морам и јас да го хранам, значи комбинирано, уште не знае скроз сам да се нахрани ама ни не очекувам тоа уште сигурно два месеца да се случи. Знам дека е нервозно кога гледаш дека пола од храната оди на под ама тоа е процесот, нема друг начин да научи. Мислам евентуално ќе научи секако сам и поголем тоа не е спорно, него според начинов блв нема друг пристап. Мене ми е смешно да го гледам како се шлака, не ми е смешно да чистам ама ок @Bella_Stella пробав и со помалце облека и пак е ладен. Не знам стварно, ќе пробам со појако на климата непокриен и ќе видам, уште тоа не пробав.
Па во куќа сме и некако ладно е. Пробав јас и со помалку слоја ама ладна е целата. А да ја покривам место вреќичка не иде зошто само се открива и соблака чорапи и малтене гола спие и после кенка. Горе доле па и исто се облечени ко што викаш само место боди на кратки јас облакам боди на долги и наместо јорганче ја ставам во вреќичка со иста дебелина. За 17,18 степени мислам е таман. Еве ќе прикачам и една слика по која се водам ама не слепо зошто секое дете своја приказна. Да се дополнам, преку ден е околу 22/23 и и облакам боди на прерамки и тренерчиња. Исто како јас што сум облечена. Така и е скроз таман, бар тоа го гаѓаме
@Lavender13 @1209 @Thinkerbell. Да баш секое дете си е своја приказна. Моето е склетџија, стално се поти во главчето и не ни помислувам дома со два ракави да го облекувам. Плус ние во стан сме и има разлика со куќа дефинитивно. Климата работи 24/7 ама вратата од спална ја затвараме зошто не сакам да спиеме во загреана просторија.
И моето дома некогаш е со два ракава, во куќа сме на први спрат и стварно одоздола иде ладно, мм ставаше дупла изолација пред некој ден, има разлика ама пак е ладно. Иаме и шпорет на дрва, ќе го палам и него каде и да е, мада вака е топло, климата убаво загрева и ѕидовите се дебели. Ама сепак облечен надвор најубави спие дефинитивно.
Јас од стан со парно кога се преселив во куќа една цела зима не можев да се стоплам. Дефинитивно има разлика. Навечер гасиме клими, поубаво се спие така. Ама па бргу и се лади. Секад мислам ќе ми биде мисла облекувањево.
@strelec231992 @AngelOfArh @1209 Комбиниран начин би ми одговарал дефинитивно повеќе. Ваше мислење, ако имате правено research на темата, доцна е да се почне на 8м со блв? Ја имам симнато солид старт апликацијата и баш тогаш пренесов јаболка како што одговара за возраста. Денес имам авокадо, ќе го исечкам и пренесам како шо треба ама страв ми е да не откине поголемо парче, има четири заба и може ќе има друг пристап наместо смукање. Филм ли си правам не знам, ама ако би го ставил во уста парчето како да "превенирам" да не откине? Збунка сум, а ем поголемо е детето, не е 6м и пак ми е шубе.
Па тука некаде и јас почнав, 7м на крај, скоро 8 мислам беше. Инаку моето гризе големи парчиња, си ги џвака и си ги голта, ако почна да гага што викам јас, да го активира рефлексот, само чекам, ако приметам дека во следните секунди не го враќа парчето да го кренам и да го превртам да го плукне, што не се десило досега успешно го враќа парчето. Моето не шмукаше никогаш, гризе и џвака.
Не е доцна, а и не мора скроз да се водиш по блв, прави како ти одговара и јас некогаш пасирам, некогаш парчиња, некогаш и каша, успешно се справува со сите три. Моето откинува, нема заби ама шмука. Давав до сега омлет, банана, краставица и месо вака, има добар гаг рефлек и плука, чекам декогаш трпеливо да плукне. Ќе го пратиш, не се сеќирај ако откине ќе го плукне најверојатно, ако не прави гаг и е тивок тогаш ќе реагираш.
Не е касно, ние почнавме на 10 месеци. Децата се мн попретпазливи отколку што мислиме, конкретно мојов ниеднаш нема набутано храна многу, а ако одгризе поголемо парче сам си го плука. Најбитно е храната што се дава да биде мека и да откине поголемо парче да може да го соџвака.
И јас планирам да почнам тој период. Сега има скоро 8 месеци, му давам и парченца ама поретко. Пример тиква, банана, мандарина. Главно се храни со каши кои сега се најчесто целосно изблендани, некогаш пасирани. Планирам постепено да преминеме на парчиња кога ќе ги имам воведено повеќето работи. Целта ми е до годинката да јаде сам. Не се форсирам, ќе го следам него и тоа е тоа.
Да, точно е. Мојов е склетџија на татко му, двајцата емитираат топлина. @DaisyDoo ние сме на комбинирано, давам пасирано ( сам да се храни со лажица со дупка ) и истовремено истото овошје/зеленчук го давам како парче. Ќе кине и големи парчиња, ама ќе се научи. Ќе гагне, само пробај да останеш смирена. Мене најтешко од се ми е чистењето после. Значи буквално цел можам да го џитнам во када, се сѐ лепи. Една цела дремка негова ја поминувам во чистење на столот и околу столот.
@1209 моево е скоро 4месеци, за спиење на тт 18ст носи боди со кратки ракави, шпикозни, вреќа со ракави како танко јорганче и плус ќебенце. Таман му е, не се разбудува. Капење цело тело 2 пати неделно, газе, секој ден. Никаков проблем досега со кожата немал, ни акни, ни егземи, ни сува да му е, а воопшто со крем не е мачкан, само веледа за капење.
Пред месец-два на темава некој имаше постирано идеи за diy играчки, не можам да го најдам постот, доколку некоја го има зачувано би била благодарна доколку го испрати.
@Anturium и @gothchick пишаа. Ги запамтив за да ги најдам ко ќе ми затребаат Не знам која од вас постираше корпа за алишта ама хит ни е
Хај девојки Ме интересира дали вашите бебиња пискаат? Цел ден кога нешто се нервира или не и е погодено или и е досадно писка и вика, ушите ни ги дупна Значи веќе ретко плаче, ова и е знак дека нешто не и е погодено. Скоро 7 месеци сме, па ме интересира како е кај вас? И дали оние бебиња кои сме тука негде генерациски пролазеа или уште не? Ние имаме некои обиди повеќе за колут напред отколку за лазење. Со главата рине на подлога и ги исправува нозете.
Писка ама не многу. На другарка девојчето бодеше уши колку пискаше. До големка така, повеќе од годинка имаше памтам веќе одеше и си пискаше кај ќе стигне. Инаку уште не лази моето, се влече како црвче. Стига сегде кај што замислил лазејќи војнички, не на сите четири. Мене малку ме ‘загрижува’ што уште не седи самостојно, а има скоро 8 месеци. Многу подвижно бебе е ама никако да седне стабилно. Знам дека не треба да се споредува, ама мислев до 8 месеци седнуваат сите или грешам?