Ние сме 7 и уште нема знаци на стабилно седење, би рекла дека и далеку сме од тоа. Во хранилка седи супер, горниот дел е исправен, добра контрола на главата, ама без потпора не може да седи сам ни 3 секунди, веднаш паѓа. И мене ова ме загрижува малце искрено.
Сега баш прочепкав малку повеќе да видам што вика науката. До 9 месеци се очекува да седнат самостојно, нормално некои седнуваат многу порано. Вика дека ако пред 9иот месец не седне, добро е да се консултираш со педијатар/ортопед за да се исклучи можноста за gross motor skill delay.
Мислам дека ти го имаш трип трап. Го седнуваш во бејби сетот или за новороденче? Ако е во бебе сетот од кога почна да го седнуваш? Далеку е моето од седење, ама ќе почнам за недела две со вкусови веќе. Уште на четири месеци ми рече педијатарот дека може да почне со вкусови, такава им била праксата овде. Ама секако не почнав. Без врска ми е, кога она и глодалките ги цицаше. И уште цица се. Сега гледам со устата веќе имитира додека јадеме ние. Седи на маса со нас веќе два три дена. Ама некако светлосни години ми е од седнување во бебешкиот сет. А пишува од 6 месеци. Е сега како јас да знам дека смеам да ја седнам? На ортопед бевме, ама исто ко и да не бевме. Две минути и да сме пошле за три месеци пак. А имав купишта прашања. Стрес ми направи само, ништо не прашав. Само се изнервирав. Бебе инаку за една недела 5 месеци, секако е околу 8 кг, според нив 500 единици вит д се доволно. Никакви други суплементи не треба. Само една доза пробиотик доволно била. Не знам кај живеам јас и кога читам тука, никакви допирни точки немаме. Следен ореглед на крај јануари. Последен и беше крај на октомври . Исто уште едно прашање ако може поискусните, од кога почнавте да го седнувате бебе во спортското седиште. Има седиште можност за рамно и надигање на разни степени. Мојата веќе кажи ја израсна корпата, а и реално досадно е само да лежи и да зјапа у небо. Важно за кенгур напред по малку добиваме дозвола ама да не ми запива на напред. Е сега она тек се опушти и го поднесува кенгурот и накај мене свртена, така да на напред не ја ни ставам.
Мојот ортопед вели да не се седнува додека сама не почне. Ја возам во спортско седиште од 4 месеци спуштена скроз или на 45 степени. Не ја сакаше многу корпата па ова заврши голема работа за да можеме да шетаме. Кенгур исто ми врши работа само да е во М позиција со нозете.
Па да..она пробува да се крене со горен дел од телото кога лежи во количаката. Едно да види нешто, друго си вежба. Мојата корпа има опција заден дел да се поткрене малку, како на антирефлукс перница да лежи, ама не и е згодно некако веќе. Кенгурот што го имам е соодветен. Ама за подолги прошетки не можам, тешка ми е, а имам болки во грб. Некна така ми заспа. Излезени бевме. Еден саат после ме искина грб. Сега татко и ја носи.
Го тргнав сетот за новороденче околу 5,5 месеци мислам. Сега седи на тој бебешкиот. Во поглед на тоа немам недоумици, кратко е тоа седење па мислам дека е ок. Има еден оброк и за останатите наши оброци седи со нас, му давам парче овошје да глода.
Недела дена пред да наполни пет месеци почнавме да го користиме спортското седиште. Поголем дел лежеше, а дур беше буден го стававме на 45 степени.
Почнав во тоа кога ми одобри педијатар да го ставам под 45, нешто пред 5м. Корпата ја исфрлив уште 3м, го шетав во транспортер и во кенгур, не сакаше да се шета во корпата, се одеруваше од плачење. Сега веќе и под 60 е количката, а он се фаќа за пречката и се дига и така шетаме седејќи, не сака да полегне, одвај кога заспива успеавм да го потпрам и така во полусон се буни, страшна работа колку е нервен. Ми заспа пред некој ден со челото потпрен на рачката, искривен, го фаќам да го легнам кога врекна да плаче, хаос. Моево за седење седи многу стабилно, убаво без никаква потпора, држи баланс кога сака да фати нешто или кога гледа нагоре, во хранилката се глупира, дига раце нагоре се врти лево десно, многу убави седи. Е не седнува од лежечка уште сам, се потпира со раката на страна и се напнува напнува и ќе седне, ама у глобала јас го ставам во седечка положба. Знам дека не треба, ама не биваше веќе со зор да го улегнувам, борби водевме. Лази војнички наназад, а во креветче го гледам деновиве се дига и на нозе стоеше некое време фатен за страницата, на почеток беше мрзлив не сакаше ни да се врти до скоро, ама експресно некако ги научи овие работи. Инаку денес уклучив на 24 клима, шпикозни и вреќа му облеков и спие мирно од прееска, бајче, не мрдна, не е испотен и не е ладен. Му најдов вајда идеална средина, ќе видиме ноќеска како ќе биде.
Да, така пишува, моиве се предвремено родени, па можеби по корегирана возраст да ми рачунале. Иако на 9 месеци бевме на ортопед и Антоние ми рече седнување сами не е фаза во животот и да не се замарам. Викам ама на нет пишува до 8 треба да седнат, и он ми го рече истото, вика да, пишува ако не седнат да се консултираш со доктор, ти се консултираш со доктор и докторот ти вика да не се замараш На него му беше битно да не се скокне лазење на 4. И не го скокнаа ама ужасно касно почнаа Моиве беа назад со груба моторика а се беше во ред.
Се си зависи до детето. Јас познавам повеќе деца кои прво почнаа да одат па потоа лазеа. Се чудев ама ете. Моето лази како војник ама не многу. Не обожва да лежи на стомак многу време. Бара да го исправам и да седи со играчките пред него. Седи и рита со нозе. Доста стабилно седи за дете од скоро 6 и пол месеци. Ама сам не седнува сеуште. Можеби не е правилно да го седнувам јас ама дете се тегни за да го седнам. И се смирува кога седи и си игра.
Па да, многу убаво ти кажал. Ама нема мајка што барем во еден момент не се запрашала за вакви и слични работи. За лазењето пишуваше од 7 до 10 месеци, ама јас лично познавам дечиња што прооделе без да лазат. Девојчето на кумовите пак прво почна да оди, а после тоа почна да лази и кај што не се осеќаше сигурна одејќи се пушташе лазејки. Секое дете си е приказна за себе. Само да се здрави и живи, сѐ ќе си постигнат во свое време.
Кој се жалеше тука во групава на детето дека е нервозно? @Sun&Moon ли беше? Посети педијатар за ова? Јас не знам дали е таков карактер, или има некоја сензитивност, ама детево вришти ко диносаурус и на најмала нелагодност. Ме фаќа глава веќе, најсериозно. Лежиме на подлога и станам да мочам - вришти Менувам пелена - вришти Се разбуди на лева нога - вришти Сабајлето лежеше на подлога, отидов до вц, додека се вратив ( нецела минута ) веќе толку многу вриштеше и толку беше вознемирен шо ми требаа 15 мин за да го смирам. Премногу екстреми има во емоциите, љубов покажува на најслатки начини, ме пие со поглед буквално, ама од друга страна кога нешто не му е погодено нема бунење, веднаш преминува во вриштење. Според апликација не сме во скок, треба да сме во сонцето.
Па поубаво било сам да се научи да седни демек тогаш биле спремни. А ортопед ни дозволи вели нека седи колку сака. А и обожава да седи и го оставам.
Муабетот е да не го форсираш ако не покажува желба и знаци дека може да седи, да не го потпираш со перници итн. Иако и тука ставовите на стручната фела се поделени. Чим сака да седи нема зошто да го спречуваш, не е воопшто рано.
Лазењето е важно колку за физичкото, толку и за менталното здравје, тој допир на цела рака со подот, таа кординација рака нога и потреба од држење баланс е пребитна за бебето. Но не е крај на свет ако не оди. Исто и качување по нерамни површини, по скали, по кревети, потоа самостојно симнување, многу помага во развојот на мозочето на бебето. Но не е дека бебе што нема да лази нема и да оди, нема да се развива и слично. Јас мислев моето ќе прооди уште на 10м, лази од 6м, седна убаво брзо потоа, по мебел оди од кај 8м, се држи за мебел и оди та трча, ама страшно е претпазлив, да не падне, да не се удри па ако се пушти од сигурна зона полека полека чучнува и продолжува со лазење, не може да го стигнеш. Пушта чекори, од овде до онде, ама уште се плаши, не е баш стабилен. Не паднал некогаш да се исплашил, едноставно такво е, и на јадење се пази да не е топло, кога го летка татко му се држи со раце за неговите раце... Во врска со нервозата, моето излезе од 7ми скок, порасна и шестото запче, се помина, ама он е нервозен ко куче, вчера се караше со мене, јас го карам он се надвикува со мене, урла, никако да е твоето последно, мора он да е последен. Па и гризе, ама он гризе гризам и јас, се смее паѓа у несвест. Туку мајки на деца што многу какаат, под многу мислам 5-6 пати на ден. Не се трпи ова веќе, нон стоп само пелени купувам. Не давам веќе ни пробиотик ај да не е од тоа, не се смени ништо, давам банана, давам компир, не давам авокадо, слива, круша баш ради тоа, ништо не се мења, секој ручек му содржи морков или компир/ориз, и пак исто. Има некое чаре или?
Мојот е 10 и седи сигурно од 9 месеци, се влече по земја од 7 месеци. Сега вежбаме стоење сака многу да стои но со помош. Самостојно од лежечка во седечка почожба абер нема. Не се замарам воопшто бидејќи повеќето работи ги прави.