Не е баш.. Јас сум цело време доле со него кога си игра со дрвцето, го чепка и лесно го навалува накај себе. Како ќе биде кога ќе почне да се исправува не сум сигурна, ќе видиме.
Генерално ваквиот тип не се стабилни или баш јас не сум нашла. Имаме проодувалка што се прави маса после. Ни како проодувалка е стабилна, ни како маса. И тоа има дел за полнење со вода. Демек така ќе е стабилна. За моево бебе, ни тоа не помогна.
Пластика е сепак, нема како да е стабилно реално. Да е дрвено ајде. Ќе се занимаваме со него под надзор. Ептен му се радува, денес почна да игра на музиката, пресмешен е.
Здраво, сакам да прашам вие што користете вреќа за спиење дали сте задоволни? Моето премногу се открива во спиењето и ми текна тоа како решение, сепак не знам ќе се прилагоди ли на вреќата, бидејќи тој буквално на сите страни спие...
Мајки прашање, од кога воведовте втор оброк? И како во се ораганизирани (во смисла во колку часот)? На кој начин воведовте јајце и кога?
Штом вие мајки давате добра оцена ќе ја нарачам. Не знам со шо да го занимавам, тропкалки, мечиња, сликовници, имаме ама вака конкретно играче не
Се кубе, се мава, се треска... Најново се мава со глава од мебел, забите што растеа пораснаа, што е сега не знам. Ако напраи некоја глупост му викам Сеа ќе те исплескам, он се мава, ко божем сме го тепале па да знае како, ни па видел некој како се тепа. Така ваљда изразува емоции.
Добро луѓе зш морат секој скок да ни се удира од глава,особено во делот спиење. Се ни се спои 5ти скок,црвени две недели и уште 6ти да се спои и готово нема да има надеж за мене хаха. Пак и плачки на секој чекор мислиш ја колат, облекување мисловна замисла ми е, менување на пелени најнапорното нешто ми е, а пак бришење на лиги оооо мислиш дека се појави втора светска војна. Јадење? Знам дека бубиш се жалеше за јадењето ама ова бебе луѓе уста не отвара како зашиена и е,а мајкава амбициозна по блв ќе ја хранела Оли пред некое време имаше супер објаснето како се движи моторичкиот развој на бебето, вежбаме стомачни ама не седиме стабилно, ја ставам во столче и оп навалена на едната страна хаха ама пак цело време е на под и свртена со меше истражува се движи дава обиди за војничко лазење. Оли дообјасни после како оди фазата после стомачните
Мајки со женски бебиња, како се снаоѓате кога не сакаат ништо на глава да им ставиш? Шишките и се преку очи, не дозволува ни шнолка лабава, ни ластиче, ни стегаче, ленти, турбани, се сум пробала, автоматски вади и фрла и е лута. Капа ни под разно, не можеме да мрднеме надвор затоа што госпоѓицава капа не поднесува, ни најтенка памучна. А ме нервира со шишките в очи, не знам какво решение да најдам, дајте идеја, начин.
Како стрина на девојче да пишам Внука ми вака исто ништо не сакаше на глава, а косичка подолга и идеше во очи. Еднаш ме гледаше мене се чешлав и врзував репче, ама ептен се загледа, фасцинирана да не речам од активноста. И ја прашав дали сака и нејзи да и направам иста фризура и за чудо некое се согласи и ми дозволи и нејзе да и ставам стегаче. Па се гледавме на огледало после, леле леле колку сме убави со фризурите И од тогаш дозволува косата да и ја "средуваат". За капа решение немам најдено. Мојов и лани и сега шанси нема капа да стави. Лани плачеше колку што го држи глас додека не му ја извадам, сега сам си ја вади. Без капа го шетам