Освен ранците за вас, може да си земеш и дополнителен ранец/торба за бебе и таму да си ја ставиш храната и вода за по пат ако ти треба. Во септември патував така, носевме два ранци за мене и маж ми, ранец за бебе и плус куфер и количка во два дела и немаше никаков проблем
Да, знам дека и за бебето ми следува. Плус и количка ќе зимаме. Али дека зима, зимските работи се подебели и глава лупам што попрво да ставам
Јас ја избегнав бидејќи е со млеко во неа, ако не ти смета дај. Инаку ги давам другите на хип што се без млеко
Колку време трае отприлика најекстремното во вадењето заби? Од вчера почна ептен нервозен да станува и да џвака што ќе стигне ама дури со ржење. Сабајлево еве качи температура. Прво 37.7-8, ама за брзо отиде над 38.5 и му ставив Ефералган чеп. Почна да се симнува, ама не знам што да очекувам. Дали може да качи пак или еднократно е тоа кога е од заби? Многу плачеше, па и јас со него. Не знам што ми е стварно, морам да се соземам. Он не е дете што плаче ама баш ич и кога ќе го слушнам вака ми се кине душата. Поврна и малку како лиги, плус почна да лигави. Најмногу ме загрижува што нејќе да цица. Последно во 4 јадеше, ете сега нејќе, се смири од парацетамолот и заспа. Од вакво вадење заби се плашев и не снајде.
Јас мака видов со тие заби, нон стоп беше под температура. Посебно кога ги вадеше двојките, нервозен, плаче у спиење, кенка, сака у раце нејќе у раце скоро секоја вечер пола доза парацетамол давав. И да горни двојки кога избиваа јадење јок..никакво и на 10месеци се одби од доење... (првиот заб го мачеше од 4 месец и излезе на 6) л у д и л о
Моево од 4 месеци го мачат, а 8 наполни вчера и уште нема заб. Многу е жално за гледање овие два дена. Јас изгледа помала доза му дадов од тоа што треба за неговата килажа. Чепот е 80мг од 4-6кг, а он има 7 ипол кг сигурно. Два саати поминаа откако му го ставив и уште не е скроз падната. Пред 15 мин измерив 37.2.
Мене ми рекоа дека темпер. е нормално телото се "мачи" ептен ако крене повеќе од 38 давам пуна доза. И ја мислам (случај кај нас) не симнуваше под 37 додека траеше тоа избивање .. А да биде таков ќе биде..некој не ги осеќа забите некој ептен ќе се измачи .. мене мислам дека 9ки ми никнаа покрај него. Мене гелови и креми не ми помогнаа, глодалките ги ладев у замрзнувач и го масирав. Сега ти треба само трпение.
Малата на 5 месеци ги извади долните два, без тт, ама со лигавење и нервоза до бесвест. Откога и излегоа се намали со лигавење, но буквално се става во уста и почна да се кубе повремено кај ушињата. Пред две недели два дена беше со тт, макс 38.8, омалаксана, слабо јадеше, млеко слабо пиеше и ден денес не ми јаде количински како порано. Бевме и на лекар мислев се разболела ама се си беше ок, само тт што имаше. Ама пред некој ден и отекоа горе кецовите и излезе дека тт била од забите. Уште не и се пробиени ама слабо јаде. Ова е моето искуство и искрено со забиве многу ми е мачно. Долг процес е и треба само да се издржи, јас друго чаре не гледам, бидејќи кај нас ни еден гел не помага
Некаде околу месец дена .. кога излегоа кецовите после некаде месец дена изби двојката горе. Пауза од нервози и плачки имавме само по 3-4дена и после од ноово наново
На таа килажа нас ни дадоа Ефералган од 150мг. Ама и од нив не се симнуваше скроз, само од Блок макс сируп. Ама ова за време на вирус, не од заби.
Земав Ефералган од 150мг и Блокмакс сируп. Ако качува пак ќе му давам наизменично. Моментално е ок, последно измерив 37.1, се надевам нема да качи веќе. Блокмакс колкава доза даваше?
Ако може мајки на бебиња возраст 8-9 месеци да споделите што прават на таа возраст, што ги интересира, со што играат, кажуваат слогови...
Со ништо не игра игра. Се става во уста, удира играчки од земја или две во секоја рака заедно. Ако јас и покажувам некоја музичка, има интерес 30 секунди и толку. Пробав да читаме книга, ја јаде или лиже. Лази, лиже ламинат, седи, се смее. Све и е мамамама, евентуално баба, папа и пискање.
Пробај со сируп парацетамол, се дава пола од килажата на бебето. Таа тт можи и да не е од заби, со помин.
Па помислив дека е од заби зошто нема никакви други симптоми за вирус или настинка. Се познава дека многу го чешаат/болат непцата. Среќа цицаше малку и јадеше каша сега, па се надевам ќе биде подобро. Моментално има 37.8, ако оди над 38 ќе му дадам Блокмакс сируп. За 7.5 кг колкава доза треба, 3.75 мг?
Со музички играчки, гумени коцки и слично. Многу сака топчиња, етикети тркала, папучи, влажни марамици, телефони, далинско итн. Исто книги нема шанси да разгледува/чита, сѐ оди правец во уста. Вчера стигнал до столот во трпезарија и ја гризеше ногарката. Од слогови најмногу кажува мамамама, понекогаш бабаба, а најслабо дадад и татата.
8ипол месеци е моето. Не кажува слогови, кажува некои букви само. Сака да вади ствари, пример од неговата торба да вади пелени, облека и слично. Порано повеќе сакаше да му пеат, му задржуваше внимание, сега не ме регистрира. Можам да набројам повеќе што нејќе... Дедо мраз го нејќе, нејќе да се облекува. Хорор е станато облекувањето. Активностите во текот на денот ни се сведат на молење за облекување, молење за седнување во количка. Ниедна играчка не му задржува внимание повеќе од некоја минута иако почнува ентузијастички. Играње "Ѕе" му е интересно, едни коцки дрвени ги тропка по ламинат ги игра подолго. Не знам овие активности за деца шо како се на Инстаграм, ако има некој искуство нека сподели.
И моето е толку, не знам што активности може да прават, педијатар ми кажа да земеме плишана играчка мече, маче сеедно и со тоа да бидат игрите пример спие мачето, се бања и слично ама нема толку концентрација... Затоа прашав Со балони сака да игра, балони од сапуница исто сака, се што не е за него го интересира да фаќа да се качува...
Таа сложена игра е, мече да спие, да се капи, таму после 2 год, сега дајте му тенџериња и лајца дрвена нека лупа сериозно ова, најсреќен беше мојот така, со тркала од коли си играше, залепена трака да ја одлепува, во шише ставете ливчиња од ленти во боја или др мали предмети, тоа од 6 месеци омилена играчка му беше, сензорни балони (во балони ствете брашно, кикиритки, водени перли), сензорна табла, ќе ставам слики мои што сум правела за првото. @Bella_Stella за блокмакс не беше пола, за него нз како се даваше, за парацетамол да пола од килажата на бебето.