1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    И после 10 месеци е истото. Лижат или лупаат по ламинат, ѕидови, врати, плакари, се бацуваат на огледалото во ходник или гризат даљинско, папуча, етикета од крема, односно се што не е играчка. Буквално само бараме кај сме скриле даљинска и телефони од нив. Може да поиграат 3 минути на некоја песничка и после тоа пак бегаат од дневна за да бришат ламинат низ ходник, спална...Интересно им е само ако нешто предизвикува звук, на пример не музичка играчка туку некоја пластика и да ја трескаат од ламинат. Или кога лазат, лазат со оние како крофни за редење една врз друга, е со такви во секое раче. Тие им служат за гласно лазење, а да ги редат една врз друга не знаат. Од милијарда играчки само со една можам да ги приберам на едно место, еден тапан сортер од енци менци, со форми и звуци, единствено тој им е интересен, ама 5 минути, не подолго, после ги земаат формите и ги гризат.
     
    На gothchick и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  2. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    12.102
    Пол:
    Женски
    Баш пак плишените кај мене најмалце го интересираат. Не му тропкаат, шушкаат.
    Сѐ што прави некаков звук, светка и слично тоа му задржува внимание. За мечето дека се бањало бааги далеку сме ние.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    12.102
    Пол:
    Женски
    Кога почнуваат да "покажуваат" предмети, со поглед бар? Триста илјади пати му кажувам каде е елката, ем целата светка, шарена е, ниеднаш не се обрна накај неа.
    Кога почнуваат со да пукне, браво, чао и тн?
    Каде е мама, тато? Дрн дрн такви муабети?
    8ипол е моево и абер нема. Рано е или?
     
  4. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Блокмакс 3мл.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.594
    Јас ги разгледав советите на темава за diy играчки и фрлив еден куп пари и интересот беше 0.
    Н У Л А.
    Се изнаигра со картоните барем.
     
    На strelec231992 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Мало е, кај 10м ќе почне отприлика.

    И ние малтене истите игри ги играме, џенгата на бато е омилена, крофните за редење, онаа коцка со ластици што се пикаат форми, гаража со дрвени колички што е како лизгалка цела, паѓаат количките, колички вози, игра ѕе, игра на песнички многу, се криеме и се бркаме низ дома успешно, свири ксилофон, тропа по прозори, се качува и симнува... Триста на саат е активно. Сега моментално игра со пишаните од Биби и Боби, ги тркала по дома, без некоја идеа.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.984
    Допаѓања:
    6.262
    Пол:
    Женски
    Педијатар ми рече до година има време на година треба да знае чао, браво...
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Неполни 11 месеци е, со прст или рака не покажува ама последниот месец се врти на кај е тато, кај е телевизорот пример, кај е Маша ( на тв тоа) итн. Некаде од кај 10 почна.
    Игра најмногу со коцки и таков тип играчки, што може да тропа, реди едно на друго, некоја количка, книги, списанија да врти, картони нормално. Сака балони од сапуница. Кукла има ретко кога се врти кон неа или ја гледа. Синтетичките не. Може само да ги видиме каде што се наредени.
    Браво и да пукне од кај 9+ колку што се сеќавам. Чао ретко прави.

    А јас демек се трудам да ја научам со прст да покажува 1, до роденденот тоа. Ама не ми личи да ќе успееме.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Мајки на женски бебенца, дајте ми предлог за играчка или било што потребно за дома за бебе од 6м, како новогодишен поклон. Блиски ми се, па цената не е важна ама веќе мозокот ми се запали од размислување.
     
  10. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    Од што може да е ова??
    20231212_185354.jpg
    Инаку и моето игра најчесто со тропалки,топче,гумени играчки ги глода,лази,станува се исправа,прави чекори кога гледа дека има некаде да се фати,и нормално далинско,влажи,кремчето што ја мачкам,кутија од пелени,до сега имаме скршено неколку тропалки бидејки ги удира од земја,и ставам игралчи на крвет и таа ги фрла на земја додека не се сите на земја не се трга и многу сака играчки што цивкаат.
    Сега почна да се кара со нас,гау гау,мама вика кога сака да цица или се спие.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш играчка, можеби џампер или нешто такво, можеш персонализиран албум, персонализирана книга со ликот нејзин од Кидлинг, а со оглед на тоа што е веќе на возраст за јадење може сет од Твистеншејк за јадење. Што се однесува до мене нема подобар подарок од пелени и влажни за бебе за под елка, ако знаеш што користат, или пак козметика. Бебе е, не и е потребно нешто посебно.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    @Skyler , може интерактивна маса, баш во темата како дрво една ја споменувавме.
    Искрено на 6+ мислам ништо не ја интересираше баш мојава, тек на 8+ со играчки сама си игра. Инаку имаме интерактивен телефон, таблет со звуци од Локо Кроко. Може некоја книга со звуци и животни.

    @medena147 ми личи на потпарено. Јас ставам Судокрем.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  13. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    @medena147 ми личи на потпарено. Јас ставам Судокрем.[/QUOTE]

    И ставив сега судо ќе видам дали ќе се повлече.
     
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Малава извади 7 и на пат е 8 запче. Три двојки ги извади одеднаш и луѓе не беа толку страшни како последново двојче што го чекаме. Многу е нервозна, лута, ако ја закачнеме одма ржи и не гриза ама не за да и олесни на непцето туку се гледа од лутина и е. Ништо не и е по кејф. Ај тоа па и спиењето и се изремети од две дремки сака една да направи а 10 месеци е, рано ми е за една дремка. Заспива накај 19-20часот, станува во 7. Со две будења за млеко. Тоа е топ. Него денските и се изреметени, едвај издржува до 10 и спие 30-40 минути. И во 12 пак и се спие! Ја држам некако едвај до 13 и тогаш спие 2ч. А кога спиеше сабајлето од 10 до 11ипол си спиеше па во 14 до 17 и беше идеалноо се радував конечно ред фативме.
    Уште се заспиваме со шуштење, бел звук или како и да се вика. Сега и песнички пееме ама без звук никако, ќе заспие ама се буди на најмал звук. Има некоја штета тоа што толку долго така спие? 8 месеци сигурно.
    И секоја вечер се терам да ја оставам сама да заспие, никако да почнам зошто мака ми е да ја слушам, кај цел ден па и навечер да вришти.
    И многу се има разлошено и размазено. Само она што сака, само во раце, во се да биде вклучена, она како сака да оди, да е облечена(почна да го трга алиштата ако и смета), абе ептен е разлошена.
    Напредок имаме, оди со држење на едно раче само. Сама не се пушта уште и е страв, ќе погледне ке тргне со горниот дел и ќе се предомисли ќе седне. А со држење рачиња или ние или на маса, стол ехе шиба. Мислев дека веќе ќе оди зошто ептен даваше надеж од почеток брзо седна брзо лазеше и сл. Ама ако, кога сака тогаш.
    За игри како @Tess36 што напиша, буквално за истите работи има интерес само.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.984
    Допаѓања:
    6.262
    Пол:
    Женски
    Сензорна табла
     
  16. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Имам видено само во стори бокс ама мислам мала е за тоа. Имаш некоја идеја каква конкретно?
     
  17. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.984
    Допаѓања:
    6.262
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20231212-205954.png
    Разгледај тука, ова барем ќе го користи долго време
     
    На DaisyD, medena147 и Skyler им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Баш е интересно ова, може за моето да нарачам :D
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми од силиконски лигавчиња знаеше да и се направи вака ама одма поминуваше. Мислам не беше раничка, туку некоја локална иритација.
     
  20. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Мајки, некоја со искуство после 7ми скок? Што му е на бебево мое??!?!?!?! Неподнослив е! За некоја недела му е прв роденден, излезен е од 7ми скок ама сега нон стоп кенка, плаче, ако не е по негово се нервира, вришти и ако не го кренам во раце заоѓа од плачење и липта, како да сум го оставила 3часа да плаче. Буквално не можам да мрднам од него, ниедна работа не можам да завршам низ куќа! Што може да е? 8 заби има извадено, не всди заби. Не е скок, не е болен! Ау, помагајте!