Ама по апликација дава дека 7ми јануари е 8ми скок. Само што излезе од 7ми. Можно е толку да е порано?
Бебе 8++ денеска имаше вакцина, вечерва пред легнување му мерив температура има 37.9 , цел ден е плачлив му боли ноџето кај што го боцнаа, му дадов парацетамол, загрижена сум за ноќва. Како да реагирам што да правам? Ако бебе спие, да го будам ли да мерам температура? Или па ако и понатаму има и плаче што да правам?
Навиј си аларм на секој саат. Проверувај го ако има над 38.5 дај сируп . Јас давам далерон и на 38 ако е омалаксано детето. Ставај му облоги со борова вода на ноџето.
Моето на првата вакцина на 2мес плачеше од ножињата, затоа на втората на 4мес уште одма ставив лепенки и исто како да не беше вакцинирано.
Хмм, па не би требало ама секако од пред првиот роденден, па на даље се многу напорни. Еве мојот е 14м, имавме мирен период до пред една недела и сега пак како тантруми да има.
Дој да се гушнеме! Лош е многу, нека е жив и здрав. Не гризе, брат му го тепа, рика, ако си дојдам од работа и не го земам или го земам и го спуштам, лелеее... 3м како сум тргната на работа него сега му стана јасно изгледа. И ние имаме 2 недели до роденден, како ќе биде не знам потоа, али засега е отров тежок. Само песнички го смируваат, Чудно маче ја слушне ли ќе отвори еден осмех и крај. Кафе не смее да се вари без него, мора да е во раце дур се вари кафе, осети ли дека се вари без него муња брзо долази и се крева. Исто се исто ко што си пишала.
Нека не ти личи зашто тие работи преку ноќ се дешаваат, и џабе им покажуваме и учиме ако не се развојно спремни за тоа. Едниот близнак буквално од нигде никаде почна да покажува со прсте, а другиов две недели вежбаше у сон пред да почне
Колку е старо? И моето ја клатеше како не да вика едно време, кога не сакаше да јаде веќе или кога лежеше. Јас мислам заби се или имитира нешто. Моето деновиве ништо не сака да јаде, само цица, ржи и “каса” се по ред, плаче на интервали во текот на денот и ноќта онака хистерично, ништо не му држи внимание освен тв по малце…се надевам заб ќе искара скоро, мислам од 3 дава знаци и уште ништо. За играње си игра со се што не е играчка, од играчки ништо не му задржува внимание. Деновиве хит му се чорапи завиткани во топка, многу им се радува и мојата четка за коса, абе омилено нешто. Многу ја сака сушарата оти е на тркалца и се фаќа за неа и ја бута, исто и столот на бирото на мм. Некни во вц го ставив во корпата со алишта, едно пола саат вадеше и ставаше во неа, ептен ќефен. Книги го интересираат, деновиве почна да ги загледува и ме слуша пред спиење кога читам. Многу сака на клавирот на свекрвата да свири и многу сака да ги истражува моите слики. Многу “збори” по цел ден брбла нешто. Баба, тата и папа за сега кажува, мама нема абер
Уживај додека нема мама... И јас пред некоја недела се нервирав, е сега по цел ден имаш мам, мам, мам.... Мама, мама... Па тегнење по мене. Само што ќе излезам од соба едно МАМА тажно. Убаво викам не знаеше за мама
8 месеци има , исто така ептен слабо јаде едвај со сила, цица повеќе, заби нема до сега ниеден, почна рачиња да пушта кога го викаш
Веројатно се забите и моето така прави, не ми ниту дозволува да му ги допрам жлебините. Ептен нервозно ме турка кога сакам да му ставам гел.
Корпата со алишта и нас ни беше откритие. Еднаш ја начекаа со тазе извадени алишта од сушара и се изнаиграа, вади, ставај, вози, качувај се по неа. Сега кога ќе ме видат дека одам кон сушара ко кутриња се влечат по мене и обавезно има претрес што е испрано и исушено. Едно време и ги оставав да си седат во неа, ама сега веќе се исправаат и не е безбедно. А шо фино си беа мирни во неа, траеше неколку дена. Денес богами едвај преживеавме. Добро како се снаоѓате со деца шо не спијат? Луѓе овие деца не спијат преку ден и не. Како може да издржат на 10+ без дневни дремки не ми е јасно, се успиваме по 40 мин в раце, легни ги во креветче, 15 мин и стануваат или скроз наспани или со вриштење ко да се сами на светов. А и ноќе не спијат многу и пак се цел ден 400 на саат, не се застанува, само ги вадам од некоја беља. Како менаџирате пресоблекување, готвење, хранење, чистење? Никако не стигам ништо, едвај за нив еден или два домашни оброци, па еден од тегла или кутија, друго се е хаос. Физички не можам да стигнам се да направам сама. Едната баба одамна се откажа, не може да помага од здравствени причини, другата дојде ама и таа колабира, не може да го издржи темпово. Барем и двете признаа дека имаме многу немирни деца, јас и татко им сме биле бубачиња. Јас не знам со кои сили издржувам, дури и кога ќе заспијат вака навечер, око не можам да склопам од умор и се што ме боли. Дали некогаш ќе почнат да спијат преку ден?
Во количка спијат? Кај мене за успешно да завршам нешто само количката ми помага. Го успивам со еден круг по улица и го оставам пред врата да спие, така знае и саат ипол да отпере и јас завршивам по дома, на прва дремка јадам, на втора дремка спремам за него ручек и потфаќам по нешто. Доручек само овесна каша преку ноќ спремна и сабајле само додавам овошје и на тоа живеам или уз прошетка ако купам пециво. Ако е ова изводливо верувај многу паметно решение, ем секогаш он се буди расположен кога спие надвор, дома спие строго на цицка и одвај 20 мин. А инаку не знам дали некогаш ќе почнат да спијат, јас сум била бебе што не спие и никогаш не сум почнала да спијам саглам, и до ден денес не спијам многу, а и многу лесен сон иам.
Количката ни беше корисна до 5-6 месеци, дотогаш ми траеше и амбицијата дека сама можам да ги чувам. Многу сум била шеговита, вака кога ќе се сетам. Ама колку и да плачеа, едно држев, друго со нога нишкав во количка, па ќе ги успиев некако. Ама кога почнаа да "вежбаат стомачни" за да седнуваат, почнаа и плачките во количка и оттогаш не ја сакаат ич. Ни во транспортерите, ни во седиштата не сакаат да седат. Лошковци. Неколку пати пробавме да одиме заедно во мол да им купам што треба, или враќав ствари пред да платам затоа што вриштеа, или плаќав со едното в раце, и на крај и од тоа се откажав, па сега се правам брзински онлајн. Толку поразено се чувствувам, како скроз неспособна да сум да ги изгледам како што треба.