Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Од ова мое дете уште на 8+ м ќе ми обеле косата,имам една кутија украсна како тие од чевли ама потврда играчките и ги чувам играше и падна на неа меѓу двете единици горе има размах,баш таму се удри крвотници и течеа,срцево впетици едвај и запре,мислев и отидоја забите.
    Сега заспа и си се изнаплакав,како можев да не ја видам.
    Многу е активна,не застанува ни секунда станува,оди како пингвин и паѓа,само некои глупости прави,не можам ни секунда од вид да ја испуштам.
    Во градинка денес има напредок,не плачела,само кога ја оставив.
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.001
    Допаѓања:
    45.797
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас не знам што да правам со јадењево кај моето, еве цела недела ми одбива ручек, уште што не пробав и не сака, мава, плаче, турка лажици, а доручек јаде, ако му понудам овошје во текот на денот ќе го изеде, ама зеленчук, месо, јајце ништо нејке, ни пасирано, ни бледано, ни парче. Убаво јадеше, не знам што му стана.
    Грчки јогурт ако дадам на ручек ќе касне малце, ама не можам да мешам се со грчки.
    Страв ми е веќе стварно, цица и доста убаво има напреднато ама јас треба веќе вечера да внесам он ни ручек не сака.
    Што е проблемот не знам, заби? Болен е? Грло? Или едноставно децата потешко се навикнуваат на зеленчук.
     
  3. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    Мамички моево скоро 8 месечно бебе има 2 дремки, од 11h до кај 13h/14h
    и околу 17h некогаш и само 15 мин.
    Сабајле станува најкасно до 8h, а заспива од 9h до кај 10h.
    Дали би требала да и ја скратам дремката околу 17h ?
    До пред месец дена спиеше 3 пати по 1 час.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.067
    Допаѓања:
    110.860
    Пол:
    Женски
    На 8м рано е за кратење дремка. Моето е 11ипол месеци и уште има 2 дремки, планирам од понеделник да кратам дремка за до после празниците да се научиме на редот од градинка.
    И моето протестираше на таа возраст. Ужас беше. Колку храна само фрлив... и не напредуваше многу, вака само во висина, на килажа јок. Почнав да давам витЦ и молерс и се разјаде.
     
    На 1209 и dushiche им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.717
    Допаѓања:
    21.403
    Пол:
    Женски
    Нејќе и моето зеленчук. Четврти ден денес како имаме ручек и успешно јаде зошто во секој ручек до сега има нешто со блага ‘жица’ како сладок компир, морков или тиква. Пробај додавај нешто од овие, би требало да јаде ако одбибањето е до бљуткавиот вкус.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    И моето бебе исто одбива ручек, вчера успешно јадеше ама рендана тиквичка печев со жолчка и малку палента, месо, чорба, супа , каша ништо не јаде едвај пробува неколку лажици.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    26.203
    Пол:
    Женски
    Не знам дали генерација по месеци имате веќе пишано, пошо глава не знам кај ми е и неам време за све да прелистам, во скок сме?

    и моево рони така, се врти на страна, па назад на меше, па на другата страна за да се доближи кај сака ама има ептен удрено со носот така :rofl: туку, она си беше/е болничка 2 дена со тт до 39, оналаксаност, кенкање до без свест, раце неам.. од вчер нема тт ама луѓе се буди на вечер со вриштење и мора да се ниша за да презаспие и едно еден саат да ми спие во раце, дали е до тоа што и е уште лошо можи, дали заби вади, дали скок или све собрно не знам. Јас не се имам исчешлано една недела мислам, предходно дада и маж болни, па бебе, па еве официјално и јас имам сега над 38.
    Значи 3 бебиња мазев, пазев, нормално ќе паднам и јас.
    Шо и да е нека поминува оти ако продолжи да станува за нишање, не знам:?:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е рано, мислам дека е подобро околу 13 да го разбудиш ако заспало во 11 (значи максимум 2 часа) па после околу 16 да дремне пола саат како мини дремка
     
    На Secret-Angel7 и dushiche им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.213
    Допаѓања:
    24.631
    Пол:
    Женски
    Мн е рано за 1 дремка, мало е, после годината ја скрати само моето, од 2 на 1…. А без дремка од 3 год е.
    Ако сакаш порано да заспива на вечер тогаш пробај да го научиш да станува порано 7ч за да се поместат сите дремки за 1 час па да ти заспива 8-9ч.
     
    На dushiche и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  10. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Оох мајка не се обвинувај. Тек кога ќе почнат да одат и да трчаат уште толку ќе има џумки. Пред два месеци ќерка ми како што беше исправена во креветче се држеше за оградата и одеднаш се затетерави и удри со носот директно на ивицата од оградата, цела недела беше со рана на носето. Јас се осеќав како лоша мајка секогаш кога ќе ја погледнев и ми беше криво што се удри, ама не можеш да допазиш. Не е возможно. Јас мислев на безбедно е во креветче, ама ете се случува. Па и уште дека на видливо место па сите ја жалат те прашуваат што и е, па ајде да се објаснувам цело време.
    Како мајки сме премногу строги кон себе
     
    На LizzyGrant, 1209, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто син ми панично се плаши од мачки? 8ипол месеци има, не е имал некоја несакана ситуација со ниедни животинче. Баш напротив, имаме комшии со повеќе мачки и секогаш сум му ги покажувала со цел да го навикнам. Сабајле кога виде едно, дури и помаленко беше, ептен панично изреагира, видно се преплаши, згрчи и списка со сменет глас. Се турна во мене и фацичката му се смени скроз. Вака нешто слично реагираше, ама не до толку, кога го "запознав" со дедо мраз за под елка. Ама ова со мачето беше неспоредливо.
    Зошто вака страв, врз основа на што, нормално ли е? Чудно ми е како изреагира и мене ме притресе искрено.
    Сте имале искуство?
     
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    6.835
    Пол:
    Женски
    После годинката почна убаво преку ден да спие мојот, ама па затоа ми наплаќа со ноќното спиење. Вчера од 8ипол како заспа до 2 на 10 мин стануваше :(
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е и скроз те разбирам. Единствено асално спиење им е после полноќ до кај 3, дотогаш женсково 2530 пати станува и си седнува, се качува по кревет, а машкото плаче и во сон вика, мава, додека најде соодветна позиција. Кај 3, 4 обавезно ќе се умоча цел, па се преслекуваме и спиеме до 6 и толку.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Од грижи нема мир. Дали некоја воопшто има дете што јаде убаво и се од храна и напредува повеќе од потребно, па доктор вика да му се намали по малку на храна иако не е буцко? Во деветти и десетти месец има качено преку 800 грама за месец и пол и 2цм во должина. Она вика дека е многу, дека треба да му намалам. И јас знам по статистики дека е многу, ама детево и вака си е константно гладничко и нема теоретски шанси да намалам храна. А нема ни меше, ни мишелинки, не знам што да правам, дада му изгледа побуцка иако дупло помалку јаде од него.
     
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Не сме во скок, ама исто ко да сме :rofl:Исти сме навечер со спиење, жива ненаспана.
    Поминавме и ние вирус, не сврте сите еден по еден, мене два пати.
    Кај нас нема заби сеуште па не знам на што да го препишам станувањето навечер.
    Тоа е, веќе се помирив дека се работи за карактер :D
    Да се живи и здрави само :inlove:
     
    На lackygirl и Bubish26 им се допаѓа ова.
  16. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Немам искуство, но чисто онака
    ШТО ИМ Е НА ПЕДИЈАТРИТЕ СО ДИЕТИТЕ НА БЕБИЊА?!
     
    На Leanne, gothchick, Sun&Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    26.203
    Пол:
    Женски
    Хахах добро кај тебе од старт не спие, а моево наеднаш почна ама изгледа до настинката ќе да е.. првото на 9+ извади заб ама без отечени непца и врискање, шо ти знам
    Страшно ми се спие
     
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Текстурата на храната да не не му се допаѓа, да пробаш потопол/поладен оброк да нудиш?
    Пробај,нешто ќе упали.

    Моево па зеленчук повеќе ми јаде, леќа, телешко со грашок или боранија обожава :D
    Јаде машала, од пред една недела и вечера давам, маф прави.
     
    На Bella_Stella, lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.293
    Допаѓања:
    28.058
    Пробај стави малку кромид или лук во кашичката. Обично така повеќе ги јадат зеленчуковите, поубав вкус им дава.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.001
    Допаѓања:
    45.797
    Пол:
    Женски
    Ставам цело време и зачински билки, ама не прави разлика.
    Ете сабајле изеде цела тегла мерено банана, овес и авокадо со лажица грчки. На пладне се спремам јајце да дадам во комбинација со нешто, ќе видиме.
    Вчера динстано телешко со пире од благ компир, една лажица не касна, се фрлив.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.